Џенифер Лопез ќе донира милион долари за Порторико - Канал 5

Џенифер Лопез ќе донира милион долари за Порторико

Светската музичка ѕвезда Џенифер Лопез, чии родители се Порториканци, вети дека ќе донира еден милион долари за Порторико кој беше погоден од ураганот „Марија“.

Џенифер Лопез ќе донира милион долари за Порторико
Популарната Џеј Ло на прес конференција изјави дека ќе ги уплати средствата на хуманитарните организации за да го помогне Порторико , чии граѓани претрпеа огромни штети од налетите на ураганот „Марија“.

Музичката ѕвезда воедно истакна дека во помошна за Порторико таа ги ангажирала и своето момче екс бејзбол играчот Алекс Родригез и поранешниот сопруг , пејачот и продуцент марк Ентони.

Инаку ураганот „Марија“ кој беше најсилниот што го погодил Порторико во последните 80 години , предизвика огромни штети, однесе повеќе од десет животи, уништи стотици домови, предизвика големи поплави , островот беше без електрична енергија


Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

По верижниот судар на автопатот Тракија ќе се проверува асфалтот

По тешките верижни судири на автопатот „Тракија„ во Бугарија, во кои загинаа 11 лица а над 50 беа повредени  - се проверува состојбата на асфалтот.

По верижниот судар на автопатот Тракија ќе се проверува асфалтот

Освен примероци од прилепливоста на асфалтот, Обвинителството побарало документи од агенцијата за патна инфраструктура, за пуштањето во употреба и поправките на делницата каде што се случија несреќите, по што ќе биде изготвено и техничко-градежно вештачење.

Врз основа и на сеопфатното вештачење кое ќе ја опфати и судско-медицинската анализа, Обвинителството ќе одлучи дали постојат основи за покренување обвиненија против одредени поединци.

Во меѓувреме обвинителството нема да поднесе обвиненија против романскиот возач кој беше задржан по карамболот, а кој учествувал во почетокот на првиот верижен судар.

Лекарите од болниците во Сливен, Јамбол и Бургас продолжуваат да се борат за животите на четворица најтешко повредени во несреќата на автопатот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Виткоф и Кушнер на средба со Путин во Москва

Претставниците на американската делегација која посредува во преговорите меѓу Русија и Украина – Стив Виткоф и Џеред Кушнер, утрово пристигнаа во Москва на средба со претседателот Владимир Путин.

Виткоф и Кушнер на средба со Путин во Москва

Врз основа на тоа што Путин ќе слушне од нив, ќе се определи идниот план на дејствија на Москва, изјави шефот на руската дипломатија – Сергеј Лавров.

Како што вчера изјави Кушнер, кој е зет на американскиот претседател Доналд Трамп, тие доаѓаат и по „благослов„ од Путин, во преговорите да се вклучат и европски претставници.

Кушнер ги искритикува Европејците дека тие сакаат да бидат присутни на преговарачката маса, а не можат да се договорат кој ќе зборува во име на Европа. Од украинската страна пак изразија надеж дека може да биде постигнат договор до нова година, доколку Европејците се вклучат во преговорите. Деталите од вчерашните преговори не се откриваат освен дека е договорена размена од големи размери на заробени војници од двете страни. Сепак, познато е дека територијалните барања и безбедносните гаранции остануваат главни спорни прашања меѓу Москва и Киев.

По посетата на Москва, Виткоф и Кушнер треба да отпатуваат во Даблин, каде веќе пристигна украинскиот претседател Володимир Зеленски за понатамошен дијалог околу можностите за завршување на војната.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Искра Хаџи Василева ќе даде свечена изјава за стапување на функцијата Основен јавен обвинител

Денеска пред  Советот на јавните обвинители на Македонија, Искра Хаџи Василева ќе даде свечена изјава за стапување на функцијата Основен јавен обвинител на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција -Скопје.

Искра Хаџи Василева ќе даде свечена изјава за стапување на функцијата Основен јавен обвинител

Хаџи Василева беше избрана на непосредните избори со тајно гласање на јавните обвинители од целата држава, кои беа одржани во октомври годинава, и победи со најмногу гласови во конкуренција на петмина кандидати.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер