Џенифер Лопез го избра Хери Стајлс: Да не е многу млад за мене? - Канал 5

Џенифер Лопез го избра Хери Стајлс: Да не е многу млад за мене?

Хери Стајлс од „One Direction“ - тој е двојно помлад од Џеј Ло, но и изгледа многу симпатичен!

Џенифер Лопез го избра Хери Стајлс: Да не е многу млад за мене?
Многу смеење во шоуто на Елен Деџенерис, каде гостуваше Џенифер Лопез.

Елен пред се и соопшти на публиката дека „Џенифер во моментов е слободна“ а потоа ја постави пред предизвик - кого од колегите и познатите во холивудксиот свет, би одбрала за свој партнер.

Изборот прво беше меѓу 23 годишниот Хери Стајлс и Зак Ефрон.



Who wouldn't? Her first decision was between Harry Styles and Zac Efron - who was shirtless in the displayed picture, she chose Harry

- Пред неколку години би го избрала Зак но сега го избирам Хери - рече Џенифер, и остана при својот избор.

Имено, таа не се откажа од младиот пејач дури ни кога и неа „понудени“ принцот Хари, Бред Пит и Крис Мартин!

Хери Стајлс падна во втор план дури кога Џенифер можеше да го избере Лени Кравиц. Потоа победи Леонардо Ди Каприо, а од Леонардо кој се задржа извесно време на врвот, на Џенифер и се виде посимпатичен Бруно Марс!


Going his way: She finally chose Lenny Kravitz over Harry, then rapidly replaced him with Leonardo DiCaprio


Но потоа во изборот меѓу Бредли Купер и Хери Стајлс, Џенифер пак го избра Хери и низ смеење рече - тој е малку млад за мене!

Ова Деџенерис го искористи да ја праша поп ѕвездата дали сака помлади мажи, на што Џенифер одговори.

- Не излегувам со помлади мажи (!?). Всушност, не дека мора да бидат млади. Јас излегувам, се запознавам, ако ми се допаѓаат ми се допаѓаат, ако не - не. Се работи за личноста. Тоа нема врска со возраста!

Последната врска на Џенифер беше со Дрејк, но траеше кусо бидејќи тие едноставно немаа време еден за друг!


Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Огромна мечка среде Врање- трча пред автомобил со голема брзина (ВИДЕО)

Во Врање беа снимени вознемирувачки сцени во кои возач на автомобил брка мечка на патот среде населба.

Огромна мечка среде Врање- трча пред автомобил со голема брзина (ВИДЕО)

На видеото се гледа како животното бегачки трча во темница, сè додека конечно не успева да сврти лево во тревата, објави Телеграф.

Постапките на возачот предизвикаа остри реакции на социјалните мрежи.

- Не го вознемирувајте и не го плашете животното... дали сте нормални, а тоа ве брка вас?;

- Бркајте мечка кон населба за да една од мечките биде убиена по патот - беа само дел од коментарите.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Италијанска астронаутка ги откри тајните на нејзиниот престој во вселената (ВИДЕО)

Саманта Кристофорети, Италијанка и астронаутка за Европската вселенска агенција, помина вкупно 370 дена, 5 часа и 45 минути во вселената. 

Италијанска астронаутка ги откри тајните на нејзиниот престој во вселената (ВИДЕО)

Сега, иако на Земјата, таа ги открива тајните на престојот во орбитата со своите следбеници на нејзината Фејсбук страница AstroSamantha.

- Пиењето убаво кафе во вселената изгледа малку поинаку... Погледнете - напиша таа во видео што штотуку го објави.

Во видеото, таа прво демонстрира како изгледа кога кафето се префрла од садот за складирање во еден вид чаша.

„Може ли да користам чаша?“ се вели во видеото, исто така објавено на TikTok. „Ајде да пробаме.“

Откако ќе проба, се вели: „Мммм... Не можам да го извадам кафето.“

Но, потоа таа го покажува решението.

„Ајде да ја пробаме вселенската чаша“, се вели и продолжува:

„Има посебен облик. Овој агол му овозможува на кафето да тече кон работ поради капиларниот ефект.“

А потоа таа демонстрира како изгледа.

Патем, посебна вселенска чаша е дизајнирана од друг астронаут - Дон Петит. Оваа чаша со нулта гравитација е првиот патент дизајниран во вселената.

Саманта претходно во интервјуа изјави дека ја следи серијата „Ѕвездени патеки“ уште од детството и дека токму поради неа се заинтересирала за истражување на вселената. „Сигурна сум дека немаше да бидам на ова патување ако не беа „Ѕвездени патеки“, рече таа во тоа време.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Неверојатни сцени од Либија: Силните дождови го поплавија Триполи, има загинати (ВИДЕО)

Најмалку едно лице загина откако обилните дождови ги поплавија улиците и предградијата на либискиот главен град Триполи, уништувајќи десетици возила.

Неверојатни сцени од Либија: Силните дождови го поплавија Триполи, има загинати (ВИДЕО)

Владата им нареди на јавните служби итно да интервенираат, а Дирекцијата за безбедност на Триполи прогласи затворање на обиколница, објави France24, наведувајќи поплавени електрични раскрсници, зголемувајќи го ризикот од електричен удар.

Видеата што кружат на социјалните мрежи и во медиумите, исто така, покажуваат возачи кои успеваат да излезат од своите автомобили заробени во водата во последен момент.

Зградите во центарот на градот беа поплавени, вклучувајќи ја и Централната болница, каде што водата влезе во ходниците.

Националниот метеоролошки центар на Либија прогнозира обилни дождови низ северниот дел од земјата во понеделник вечерта, предупредувајќи ги луѓето што живеат во близина на суви речни корита и во долини.

France24 објави дека секоја година во текот на летото, локалните власти во Триполи се обидуваат да ги подготват градските улици пред дождовите, чистејќи ги дренажните мрежи и шахтите кои често се затнати со песок што го носи пустинскиот ветер, но и покрај ова, за време на дождовната сезона улиците редовно се поплавуваат.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер