Џенифер Анистон призна дека поради филм сакала да престане со актерството (ВИДЕО)

Џенифер Анистон призна дека некое време размислувала да го напушти актерството, сето тоа поради интензивниот проект на кој работела и од кој не била задоволна.

Анистон зборуваше за тоа на подкастот SmartLess , чиј домаќини се Џејсон Бејтмен, Вил Арнет и Шон Хејс. Бејтман ја праша дали некогаш сакала да ја напушти филмската индустрија, а таа одговори: "Да ја напуштам? Индустријата? Јас би рекла дека тоа ми се врти низ глава последните две години, што никогаш порано не ми се случило".

Водителот потоа ја праша дали се случило тоа затоа што е задоволна од кариерата што ја постигнала, а таа веднаш рече дека тоа не е причината.

"Тоа се случи пред Утринската емисија. По еден проект што го завршив, и сепак бев во стил," Уф, ова беше ... Го исцеди животот од мене. И не знам дали тоа е нешто што ме интересира. '", призна таа, но не го откри името на проектот.

Водителите сепак побараа повеќе детали, а актерката откри дека проектот не бил доволно подготвен. "Сите сме работеле на вакви проекти. Секогаш велите после тоа - никогаш повеќе", објасни таа. Потоа откри дека и пречел недостатокот на организација и додаде дека ниту сценариото не е готово.

Иако таа не откри за кој филм станува збор, американските медиуми започнаа да шпекулираат дека тоа може да биде филмот Дамплин од 2018 година.

Имено, во последните две години, пред Утринското шоу, Анистон работела на само два проекти - Дамплин од 2018 година и Мистерија за убиства од 2019 година. Но, со другиот одговор во истото интервју, таа навести дека и е пријатно да го снима Тајната на убиството, каде соработувала со Адам Сендлер.

"Отсекогаш сакав да снимам со Сендлер. Се познаваме уште од мојата 19 година", рече таа, и даде комплимент за снимањето на Murder Mystery и филмот " Just Go With It ", каде што соработувала и со Сендлер.

Ова е причината зошто многумина заклучија дека Дамплин е филмот што ја исцрпил Анистон, освен, се разбира, ако станува збор за подолг период од две години или проект кој дури не стигнал до јавноста.

Згодната Никол покажа со што го завела Бред Пит

Освен убавото лице, полните усни, заради што неверојатно потсетува на Ирина Шајн, таа има и совршена фигура.

Откако во јавноста како бомба одекна веста за нејзината врска со Бред Пит, атрактивната Германка со полски корени Никол Потуралски стана вистинска сензација. Нема веќе кој не знае за нејзиното име, а згодната бринета тоа знае да го искористи.

Се до неодамна таа беше обичен модел со адреса на живеење во Берлин, а денес името Никол Потуралски и тоа како е познато. Заради врската со холивудскиот шармер, и се отворија многу врати во модната индустрија.

Но, не е само новата љубов заслужна за тоа. Потуралски дефинитивно има предиспозиции да стане нов супермодел.

Освен убавото лице, полните усни, заради што неверојатно потсетува на Ирина Шајн, таа има и совршена фигура.

Тоа сега и го покажа на јавноста преку својот јавен Инстаграм профил на кој ја следат неверојатни 230 илјади луѓе.

Додека во тоалетот од хотелската соба позираше пред последното снимање, многумина останаа без здив гледајќи го нејзиното совршено обликувано тело. Совршените пропорции дојдоа до израз,а на многумина им стана јасно со што таа успеала да го заведе хиливускиот актер.

Никол се фотоградираше во бикини со леопард принт и напиша дека не може да оди на плажа, но затоа себе ќе си дозволи ден во спа центар.

Видео: Студенти во Англија преку прозор бегаат од обезбедување

Студенти во Англија се снимени како скокаат низ прозорци за да побегнат од обезбедувањекое им ја попречило забавата во време на корона.

Снимките споделени на социјалните мрежи покажуваат како студентите се спуштаат од голема височина додека пријателите се обидуваат да ги фатат.

Гласноговорникот на Универзитетот во Салдорд рекол дека се свесни за проблемот и дека преземаат мерки.

-Студентите ги потсетувавме и продолжуваме да ги потсетуваме на правилата и однесувањето кое од нив се очекува, рекол тој.

Гебрејесус: Наредните месеци ќе бидат посебно тешки

Наредните месеци ќе бидат посебно тешки кога станува збор за пандемијата со корнавирусот, изјави генералниот директор на СЗО Тедрос Гебрејесус.

Гебрејесус на состанокот во Женева рекол дека ова е критичен момент кога станува збор за пандемијата, особено на северната хемисфера. Тој истакнал дека неколкуте наредни месеци ќе бидат многу тешки и дека некој земји се на опасен пат, пренесе „ТАС“.

Голем број земји бележат раст на бројот на заразени, што доведува до преоптоварување на здравствениот систем, истакна генералниот директор на СЗО.

Тој ги повика лидерите на државите да преземат итни чекори со цел спречување на понатамошно влошување, како и сеопфатна анализа на епидемиолошката ситуација и итно прилагодување на мерките во оние места кои бележат голем раст на бројот на новозаразени.

Освен тоа, властите мораат јасно да ја информираат јавноста за реалната епидемиолошка ситуација и да им помогнат на граѓаните и економијата, додава Гебрејесус.

Тој забележал дека има недостаток на кислород во многу болници низ светот.

Некои од најсиромашните држави на светот имаат само 5 до 20 отсто од потребниот кислород за лекување на пациенти, истакна генералниот директор на СЗО.

притисни ентер