Џенифер Анистон ги воодушеви фановите, позираше за спортска кампања - Канал 5

Џенифер Анистон ги воодушеви фановите, позираше за спортска кампања

Џенифер Анистон позираше во новата кампања за „Pvolve“, брендот кој стои зад клинички докажаните функционални вежби што користат опрема за отпор за обликување и зајакнување на телото. 

Џенифер Анистон ги воодушеви фановите, позираше за спортска кампања

55-годишната актерка ја покажа својата затегната фигура и затегнатите мускули за да ги воодушеви обожавателите, кои често коментираат дека изгледа исто толку добро како кога за прв пат се појави на „Пријатели“ пред речиси 30 години.

Џенифер е навистина доследна на тренинзите. Во времето што го поминувам со неа, таа сака тежок и предизвикувачки тренинг“, открива тренерката на популарната актерка за „Page Six“.

„Ние правиме вежби за сила, обликување и горење и прогресивни тренинзи со тегови. Исто така, креваме малку за да помогнеме во изградбата на мускулната маса и густината на коските додека го задржуваме фокусот на долговечноста на нејзиното тело“, додаде таа.

Џенифер оваа година за „Woman's Health“ откри како ја одржува витката линија. Таа рече дека денот го започнува со лажица јаболков оцет во вода, а потоа и кафе.

„Обично ручам околу еден или два попладне, а тоа е обично некаква форма на зеленчук и протеини“, рече таа, додавајќи: „Попладне само ќе имам нешто како јаболко и путер од бадем или пуканки“. Хидратацијата и е многу важна и откри дека „пие толку многу вода во еден ден што е комично“.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Русија се врати во олимпиското семејство

Меѓународниот олимписки комитет ја укина суспензијата на Русија. Русија се врати во олимпиското семејство .

Русија се врати во олимпиското семејство

Меѓународниот олимписки комитет денеска објави дека привремено ја укинал суспензијата на Рускиот олимписки комитет, како и дека препораките до меѓународните спортски федерации во врска со учеството на руските спортисти повеќе не се во сила.

„Извршниот одбор на Меѓународниот олимписки комитет привремено ја укина суспензијата на Рускиот олимписки комитет, која беше на сила од 12 октомври 2023 година. Одлуката е донесена по детална анализа на Комисијата за правни прашања, со оглед на тоа што Рускиот олимписки комитет повеќе нема регионални спортски организации меѓу своите членки од териториите што се под јурисдикција на Олимпискиот комитет на Украина. Покрај тоа, Рускиот олимписки комитет потврди дека не спроведува и нема да спроведува никакви активности на тие територии“, соопштија од Комитетот.

Се додава дека Извршниот одбор ќе продолжи да ја следи ситуацијата во врска со можните активности на Олимпискиот комитет на Русија на спорните територии и го задржува правото да преземе дополнителни мерки доколку оцени дека тоа е неопходно.

Меѓународниот олимписки комитет истакна дека не го променил својот став и продолжува да ја осудува руската инвазија врз Украина.

„Овој став останува непроменет. Во поширока смисла, комитетот ги осудува војните, вооружените конфликти и насилството што предизвикуваат човечко страдање, каде и да се случуваат. Во време на растечка нестабилност и поделби низ светот, организацијата останува посветена на промовирање на мирот преку спортот меѓу луѓето и нациите“, изјавија од Лозана.

Во соопштението се нагласува дека Меѓународниот олимписки комитет останува солидарен со олимписката заедница на Украина, која олимпиското движење ја поддржува уште од почетокот на војната и ќе продолжи да го прави тоа.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

МВР: Расчистен случајот со насилството врз малолетничка во Аеродром

Расчистен случајот со насилството врз малолетничка во Аеродром, поднесена кривична пријава против четири деца и пет родители.

МВР: Расчистен случајот со насилството врз малолетничка во Аеродром

СВР Скопје целосно го расчисти случајот од 30.06.2026 во 21:40 часот во парк во општина Аеродром, кога 12-годишно девојче, беше физички нападнато од малолетнички, а други присутни малолетници снимале со мобилни телефони.

Од страна на ОКР Аеродром и Драчево во содејство со ОКР Кисела Вода до ОЈО Скопје е поднесена кривична пријава против две малолетнички за сторено кривично дело „насилство“, предвидено и казниво по чл. 386 од Кривичниот законик, против еден малолетник за сторени кривични дела „поттикнување“ предвидено и казниво по член 23 од Кривичниот законик во врска со член 386 став 1 од Кривичниот законик и „неовластено снимање“ предвидено и казниво по член 152 во врска со член 386 став 1 од Кривичниот законик, против еден малолетник за сторено кривично дело „неовластено снимање“ предвидено и казниво по член 152 во врска со член 386 став 1 од Кривичниот законик, како и против родителите И.В., М.В., М.П., И.А. и И.А. за сторено кривично дело „запуштање и малтретирање на дете“ предвидено и казниво по член 201 од Кривичниот законик.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

СДСМ: Владата ги излажа пациентите – лекот „Фостер“ поскапе, бесплатениот го нема во аптеки

Владата на Мицкоски ги изигра и ги излажа пациентите кои боледуваат од астма и хронична опструктивна белодробна болест.

СДСМ: Владата ги излажа пациентите – лекот „Фостер“ поскапе,  бесплатениот го нема во аптеки

Прво, Фондот за здравствено осигурување ја зголеми цената на лекот „Фостер“ од околу 300 на 1.080 денари.

Во оваа сиромаштија во која ВМРО ги доведе граѓаните, многу пациенти едноставно немаат можност да издвојат уште 780 денари плус за терапија без која не можат нормално да живеат.

Фондот им вети на пациентите бесплатен генерички лек како замена за лекот „Фостер“. А, сега ниту тој генерички лек кој на рецепт е бесплатен, според информациите кои стигнаа до нас, се уште го нема во аптеките.

Ова е бесрамно поигрување со здравјето на хронично болни пацинети чие здравје зависи од овој лек.

Тотален хаос, негрижа и неодговорност!

Ова не е лек што може да почека. За пациентите со астма и хронична опструктивна белодробна болест (ХОББ), тоа е секојдневна терапија без која болеста може сериозно да се влоши.

Овие пацинети зависат од редовната терапија, и секое нередовно земање на лекот може сериозно да го влоши нивното здравје.

Кој ќе понесе одговорност тогаш?

За жал, ова не е првпат граѓаните да останат без неопходна терапија.

Минатата година онколошките пациенти беа оставени без биолошка терапија.

И најиронично е што човекот кој направи хаос во Фондот за здравство- Мицкоски го награди со министерска за функција и тоа повторно во ресорот здравство.

После две години од ВМРО на власт, се случува распад на здравствениот систем кој не може да го заштити она што е највредно - здравјето на граѓаните.

Наместо функционален здравствен систем, имаме систем во кој пациентите секојдневно стравуваат дали ќе ја добијат терапијата што им го спасува здравјето.

СДСМ бара одговорност и преземање итно мерки за обезбедување непречена достапност на терапијата за сите пациенти.

Здравјето не смее да биде жртва на оваа расипничка Влада, која толку го испразни буџетот за својот луксуз и тендери, што сега цената ја плаќаат граѓаните.

Престанете да си поигрувате со здравјето на луѓето.

Граѓаните заслужуваат здравствен систем што ќе се грижи за нив, а не власт која од ден на ден им го отежнува лекувањето и им го загрозува животот.

YouTube video

Лагите за „трета економија“ ги разби и ММФ, дури и Косово е пред нас

Лагите за „третата“ економија во Европа на Мицкоски ги разби и ММФ.

Македонија во следните пет години нема биде меѓу петте најбрзорастечки економии во Европа.

Меѓународниот монетарен фонд во последниот извештај прогнозира дека македонската економија до 2031 година ќе има просечен раст од 3%.

Пред нас се Албанија со раст од 3,19%, Молдавија, Србија со 3,5% Украина, Косово со 3,95% раст, а прва е Малта со економски раст од 3,96%.

Ова е вистината. Не му проаѓаат на Мицкоски лагите дека Македонија е економски лидер во Европа.

Вистината е дека македонската економија е во катастрофална состојба.

Со Мицкоски економијата ќе продолжи да тоне, доаѓа уште потежок и поскап живот за граѓаните.

Зголемувањето на дефицитот од 3% на 4,1% е само отворена врата за нови скапи задолжувања врз грбот на народот.

Инфлацијата ја изеде куповната моќ на граѓаните – доведени до просјачки стап.

А власта со коригираната инфлација од 4,5%, признава дека ги чека уште поскап и потежок живот.

Домашното задолжување расте на 39 милијарди денари, а странското 101 милијарда денари. Ова значи дека го крајот на годината јавниот долг ќе надмине 61,5% од БДП.

За две години оваа Влада создаде нов долг од 2,5 милијарди евра, со што го искачи нивото на јавниот долг на скоро 11 милијарди евра.

И ова не се пари за мерки за граѓаните, за 600 евра минимална плата, за капитални проекти – ова се пари за криминалните тендери на Мицкоски и неговата криминална организација ВМРО.

Министерката за финансии предупредуваше дека многу „европски земји ќе банкротирале“. Со вакво темпо на задолжување, за жал Македонија се движи кон банкрот.

Со оваа власт Македонија ризикува да остане на дното, не затоа што нема потенцијал, туку затоа што оваа Влада нема развојна стратегија.

Кратат од секаде, само не од нивниот луксуз. Наместо инвестиции, реформи и раст, приоритет се криминални тендери, партиски вработувања и расипничко трошење на народните пари.

Цената на овие надреални приказни на Мицкоски ја плаќаат граѓаните, со празни џебови и сè потежок живот од ден во ден.

СДСМ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер