Андоновски: Европската комисија го потврди одличниот напредок во дигиталната трансформација на државата
1Андоновски: Европската комисија го потврди одличниот напредок во дигиталната трансформација на државата
Паричка, стара над 150 години е продадена за 4,7 милиони долари- со децении била скриена од јавноста (ВИДЕО)
2Паричка, стара над 150 години е продадена за 4,7 милиони долари- со децении била скриена од јавноста (ВИДЕО)
Шоу бизЏенифер Анистон е во врска со Педро Паскал? (ВИДЕО)Актерката Џенифер Анистон (56) во саботата вечерта е видена во друштво на актерот Педро Паскал (49) откако поминале три часа на вечера во хотелот Сансет Тауер.Анистон за оваа пригода носела црни фармерки, бела маичка, црн елек и чизми со потпетици, додека Паскал бил облечен во црна јакна и фармерки. Беа фотографирани по вечерата. Иако пристигнаа на вечера одделно, нешто по 20 часот, а исто така одделно го напуштија ресторанот околу половина час пред полноќ, тие беа фотографирани како разговараат надвор од сервисниот простор, непосредно пред да се разделат, а фотографиите ги објави Дејли Мејл. Нивната средба доаѓа по гласините дека Педро Паскал би можел да добие улога во серијата на Анистон The Morning Show. На црвениот тепих на наградите за избор на критичарите, Анистон и нејзината колешка Рис Витерспун јавно го поканија Паскал да се придружи на актерската екипа во четвртата сезона на популарната серија. „Дали сакате да бидете дел од серијата? праша Анистон, додека Витерспун додаде: „Чекај, ние всушност имаме навистина добра улога за него“. Паскал одговори дека сака да знае повеќе детали и праша дали неговата потенцијална улога ќе вклучува „нешто романтично со некого“, на што Анистон се насмеа и рече: „Со сите нас“. Актерот се пошегувал, а потоа рекол дека се согласува. „Спијам со сите во шоуто. Во ред е. Океј, треба да проверам кај моите агенти“, додаде тој. @pascalscinema please i can’t with him😭🩷. #pedropascal #pedropascaltiktok #pedropascalsimp #viral #pedropascaledit #criticschoiceawards #jenniferaniston #reesewitherspoon #foryou #fyp ♬ original sound - carolina 🎀 Анистон веројатно е сингл. Инаку, Анистон во последно време ретко е романтично поврзана со некого. За потсетување, таа беше во брак со Бред Пит од 2000 до 2005 година, а потоа и со актерот Џастин Теру, со кого се омажи во 2015 година, а се разведоа во 2017 година. Неодамна медиумите објавија дека нејзиниот поранешен сопруг Теру повторно се оженил, со 23 години помладата актерка Никол Брајдон Блум. Парот наводно имал интимна венчавка во Тулум, Мексико, каде што размениле завети на плажа. Теру и Блум се запознале на забава во куќата на заеднички пријател, а првпат биле видени заедно во јавноста во февруари 2023 година.Тагови: Анистон Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаАндоновски: Европската комисија го потврди одличниот напредок во дигиталната трансформација на државатаМакедонија бележи „добар напредок“ во Поглавјето 10 – Дигитална трансформација и медиуми, а нивото на подготвеност е подигнато на „меѓу умерено и добро ниво на подготвеност“. Ова го истакна министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, на денешната прес-конференција, на која ги претстави клучните наоди од Извештајот на Европската комисија за 2026 година и резултатите во пет области од дигиталната трансформација. Министерот посочи дека по оценката „ограничен напредок“ во периодот од 2021 до 2024 година и „одреден напредок“ во 2025 година, годинашната оценка претставува потврда за спроведените реформи. „Зад ова поместување стојат донесени закони, воспоставени системи и услуги што граѓаните сè повеќе ги користат. Стојат и луѓе што секојдневно работат овие промени да станат функционални“, истакна Андоновски. Електронски услуги – повеќе обврски да се завршуваат целосно електронски Во делот на електронските услуги за граѓаните и компаниите, Андоновски посочи дека, според Извештајот, до крајот на август на Националниот портал биле достапни 338 услуги. Следниот приоритет е постапките да можат да се завршуваат целосно електронски, без дополнително одење во институциите. „Знаеме што значи одењето по документи. Излегување од работа, патување до друга општина, чекање и дополнителни трошоци. Понекогаш цел ден потрошен за една административна постапка. Секоја услуга што успешно ја префрламе во електронска форма треба да реши дел од тој проблем“, нагласи министерот. Тој додаде дека критериумот за следниот период е јасен: „Повеќе услуги што можат да се завршат целосно електронски, од поднесувањето на барањето до добивањето на документот“. Интероперабилност – институциите да разменуваат податоци, наместо граѓаните да носат документи Како втора клучна област, министерот ја издвои размената на податоци меѓу институциите. Тој посочи дека месечните трансакции на платформата за интероперабилност се зголемиле од 700 илјади во 2024 година, на 1,4 милиони во 2025 година и 5,2 милиони во 2026 година. „Институциите мора да разменуваат податоци, не граѓаните документи. Од граѓанинот не треба да бараме да биде посредник меѓу две државни институции“, порача Андоновски. Министерот нагласи дека поврзувањето на регистрите мора да биде проследено со квалитетни податоци, јасни правила и приспособување на административните постапки. „Нашата обврска е да го поставиме системот. Од секоја институција очекуваме активно да учествува и да ги приспособува своите постапки. Само така поврзувањето ќе значи побрза услуга за граѓанинот“, истакна тој. Електронско управување со документи – нови 20 институции ќе се приклучат на еДМС Европската комисија нотира дека до крајот на јуни 2026 година, централниот систем за електронско управување со документи и електронска архива – еДМС го користеле 44 институции. Неговото воведување е препознаено и во делот за реформата на јавната администрација. „Барањето може да пристигне електронски, но ако потоа се печати, се носи од канцеларија до канцеларија и се чека физички потпис, постапката останува бавна. Со еДМС работиме на целиот тек на предметот: приемот, распределувањето, постапувањето, потпишувањето и архивирањето“, објасни Андоновски. Тој нагласи дека системот треба да обезбеди јасен увид во движењето на предметите, поорганизирана работа и поголема одговорност на администрацијата, најавувајќи негово дополнително проширување. „Нашата цел е електронското работење да стане секојдневна практика во администрацијата. Затоа проширувањето на еДМС останува меѓу нашите приоритети. Оттука, можам да најавам нови 20 институции на платформата во наредните месеци“, изјави министерот. Сајбер-безбедност – воспоставен владин тим (MKD-GOV-CSIRT) и вложувања во одговор на инциденти Во областа на сајбер-безбедноста, Комисијата го нотира воспоставувањето на владиниот тим за одговор на компјутерски инциденти, како и вложувањата во платформа за одговор и во стручни капацитети. Андоновски посочи дека усвоената законска и стратешка рамка поставува основа за поорганизирано постапување и зајакнување на подготвеноста на институциите. „Секоја нова електронска услуга носи и одговорност за нејзината сигурност. Граѓаните со право очекуваат нивните податоци да бидат заштитени, а системите да бидат достапни кога им се потребни“, истакна тој. Министерот најави продолжување на вложувањата во кадри и капацитети за навремено препознавање на заканите и координирана реакција. „Во оваа област резултатот бара континуитет. Затоа ќе продолжиме да вложуваме во тимовите и во способноста на институциите да ги заштитат своите системи“, порача Андоновски. Вештачка интелигенција – над 90 милиони денари за „Везилка“ и нови можности за истражувачите и компаниите Како петта област, министерот ги издвои вештачката интелигенција и проектот „Везилка“, координиран од ФИНКИ. Извештајот ја препознава националната антена за вештачка интелигенција, а во Поглавјето 25 ја издвојува „Везилка“ како проект што ја поврзува Македонија со европскиот екосистем преку партнерството со „Фарос“. Андоновски посочи дека Владата и Министерството вложуваат повеќе од 90 милиони денари во проектот, како и капацитети и поврзувања што треба да овозможат практична примена на вештачката интелигенција. „Сакаме македонските истражувачи, студентите и компаниите да добијат повеќе можности да развиваат и да применуваат решенија со вештачка интелигенција. Сакаме и малите компании да можат да ја користат технологијата за подобри производи, поголема продуктивност и пристап до нови пазари“, истакна министерот. „Талент имаме. Нашата задача е да создадеме услови тој талент да работи, да истражува и да создава тука, во Македонија“, додаде Андоновски. Министерот се осврна и на апликацијата „м.Услуги“, промовирана по периодот опфатен со Извештајот, нагласувајќи дека продолжуваат подобрувањата врз основа на забелешките на корисниците и развојот на дигиталниот паричник. Преостанатите препораки на Европската комисија, како што посочи, се прифаќаат како работни обврски, со фокус на поедноставување на постапките, проширување на заедничките системи и подобрување на пристапноста на услугите. „Европската оценка е важна потврда. Секојдневното искуство на граѓаните е нашата трајна мисија по која сакаме да нè оценуваат. Помалку одење по шалтери. Побрзи постапки. Побезбедни услуги. Повеќе можности за нашите компании и млади луѓе“, порача Андоновски, се наведува во соопштението. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ФудбалУнгарски навивачи славеа фашизам среде Милано: Да ја спасиме Европа (ВИДЕО)Навивачите на унгарскиот клуб Ференцварош го прославија фашистичкиот лидер од Втората светска војна, Бенито Мусолини, на главниот плоштад во Милано. Со транспарент на кој пишуваше „Мора да ја спасиме Европа“, навивачите на унгарскиот клуб поздравија со својата десница. Тие се нарекуваат Зелени Чудовишта, а имаа и маички со ликот на Бенито Мусолини на нив. Тие истакнаа и транспарент против правата на ЛГБТ лицата. 🚨 Polémicas imágenes de ultras del Ferencváros en pleno centro de Milán ⚽️ ➡️ Decenas de aficionados radicales del conjunto húngaro se concentraron en la plaza del Duomo exhibiendo camisetas con la imagen de Benito Mussolini, pancartas de extrema derecha y realizando saludos fascistas https://t.co/4F9sz6yrGO — BeSoccer (@besoccer_ES) November 5, 2026 Патем, Унгарците се многу добри во Лигата на Европа Ференцварош е едно од најголемите изненадувања на Лигата на Европа оваа сезона. Унгарскиот клуб го победи Милан со 2:0 на Сан Сиро во четврток и по четири кола има максимални 12 бода. Тимот од Будимпешта победи во сите четири натпревари, постигнувајќи 11 гола и прими само три, а заедно со Бенфика и Борнмут е единствениот со 100% учинок. Ференцварош со тоа продолжува одлична европска сезона во која сè уште не загубил натпревар. Неговите резултати се резултат на промените што ги воведе тренерот Балаш Борбели во текот на летото, а унгарските медиуми во своите тактички анализи истакнуваат неколку причини за неговиот успех. Тој го наследи Роби Кин, поранешен репрезентативец на Ирска и напаѓач на Тотенхем. Ференцварош е еден од најтрофејните унгарски клубови и редовен учесник во европските натпреварувања, но резултатите од оваа сезона покажуваат дека може да се натпреварува со противници од многу посилни лиги.Тагови: Милано навивачи Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветЗатворени се гласачките места на Нов Зеланд- мртва трка меѓу лабуристите и националната партија Избирачките места се затворени на парламентарните избори во Нов Зеланд, а прелиминарните резултати покажуваат тесна трка меѓу двете најголеми политички партии, Лабуристичката партија и Националната партија.Избирачките места се затворени на парламентарните избори во Нов Зеланд, а прелиминарните резултати покажуваат тесна трка меѓу двете најголеми политички партии, Лабуристичката партија и Националната партија, кои имаат речиси еднакви шанси да ја формираат следната влада, а конечниот исход во голема мера зависи од помалите партии и коалициските разговори. Избирачките места се затворија во 19 часот по локално време, а со преброени 35 проценти од гласовите, Лабуристичката партија освои 29,87 проценти, а Националната партија 29,36 проценти, според Изборната комисија. Зелената партија освои 14,06 проценти, АКТ 10,54 проценти, а Нов Зеланд Прв 9,35 проценти. Партијата на можности освои 5,42 проценти од гласовите, надминувајќи го прагот од пет проценти потребен за влез во парламентот, додека Те Пати Маори имаше 0,60 проценти. Според проекциите, Националната партија би можела да освои 42 места, а Лабуристите 36, додека се очекува Зелените да освојат 17 места, партијата ACT 13, а партијата Нов Зеланд Прв 11 места. Партијата Opportunity би можела да освои седум места, а Te Pāti Māori пет. Според изборните аналитичари, токму помалите политички субјекти би можеле да бидат клучни во формирањето на следната влада, бидејќи двете најголеми партии изгубија дел од својата поддршка од помалите партии за време на кампањата. Од 1996 година, Нов Зеланд спроведува мешан пропорционален изборен систем, според кој гласачите гласаат за политичка партија и кандидат во нивната изборна единица. Парламентот има 71 место, кои се пополнуваат со избор на кандидати во изборните единици, додека најмалку 49 места се распределуваат врз основа на гласовите на партиите.Тагови: Нов Зеланд Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter