Џенифер Анистон без шминка и фрузура, на фановите им се допаѓа разбушавената коса (ФОТО)

Актерката Џенифер Анистон објави фотографии на Инстаграм на кои позира без шминка и фризура.

Џенифер моментално е на Хаваи, каде со Адам Сендлер снима продолжение на филмот Murder Mystery и покажала како и изгледа косата додека времето е влажно.

„Во ред, влажност... Одиме“, напишала актерката со фотографии од кадрава, бујна коса, а се гледа дека на нејзиното лице нема ни трошка шминка. На фотографиите таа е завиткана во крпа.

На следбениците им се допаднал нејзиниот природен изглед.

„Да, природни локни“, „Секси коса во кревет“, „Искрено, многу ми се допаѓа“, „Фантастична“, „Убава си“, „Сакам кадрици“, „Косата ми изгледа идентично кога е влажно времето“, напишале нејзините придружници. Многумина се потсетиле на сцените од серијата „Пријатели“ кога тимот бил на Барбадос, а косата на Моника изгледаше бујно и кадрава поради влагата.

Инаку, филмот Murder Mystery беше голем хит по неговото прикажување во 2019 година и еден од најуспешните филмови на Нетфликс. Претходно беше најавено дека снимањето на второто продолжение ќе започне во јануари 2022 година на Хаваи. Во главните улоги повторно се појавуваат Џенифер Анистон и Адам Сендлер.

Мицкоски до Ковачевски: Водењето држава не се става во ексел табела

Кога сме кај табелите повторно сме меѓу најкорумпираните држави во Европа, вели лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.

Да можеше водење на држава да се стави во ексел табела, ќе беше лесно за секој да води држава. Човекот треба да знае дека водењето на државата не е исто со неговата наследена ексел табела добиена за партијата. Државните интереси не може да се стават во ексел табела, ниту пак животот на граѓаните.

А кога сме кај ексел табелите, поважно е што таму бројките кажуваат повторно дека сме меѓу најкорумпираните во Европа на делба од 87 до 95 место, буџетски дефицит од околу 7.255.000.000 денари или нов долг за секое семејство за само 24 дена од 2022 година од околу 14.500 денари!

Овој пат да пробаме без ексел табели, туку со работа за она што е важно за народот, заштита на интересите, повеќе пари и иднина за сите.

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

За брзо возење 101 казна на територијата на цела држава

Санкционирани се 101 возач во текот на вчерашниот ден во рамки на спроведената зајакната акциска контрола на територијата на Република Македонија за санкционирање возила кои се движат со брзина поголема од дозволената.

Од нив, соопштија денеска од МВР, четири возилa се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а две возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволеното.

Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови.

Милановиќ: Хрватска нема намера да војува за „корумпираната Украина“

Претседателот на Хрватска Зоран Милановиќ, изјави дека не знае ништо за можниот судир во Украина.

Тој потенцираше дека неговата земја нема да на ниту еден начин да се инволвира во било каква воена акција.

притисни ентер