Митко Јанчев: Новиот спортски објект во „Јасмин“ и картинг центар се инвестиција во иднината на младите
1Митко Јанчев: Новиот спортски објект во „Јасмин“ и картинг центар се инвестиција во иднината на младите
3Муцунски во Доха: Потврдена заедничката определба за продлабочување на политичката и економската соработка меѓу Македонија и Катар
Најбизарни скандал на Светското првенство: Фудбалер кај медиумите го „цинкарел“ селекторот за влијание во почетниот состав
1Најбизарни скандал на Светското првенство: Фудбалер кај медиумите го „цинкарел“ селекторот за влијание во почетниот состав
КултураЏек Димиќ со монодрамата „Ој, животе“ на 5 мај гостува во Драмски театарАмериканскиот актер Џек Димиќ со монодрамата „Ој, животе“ ќе настапи на 5 мај, во 20 часот, во Драмски театар - Скопје.Гостувањето е овозможено со лична заложба на Драган Јаќимовиќ, амбасадор на Босна и Херцеговина во нашата земја. Како што информира Драмски театар - Скопје, претставата е работена по текст на Јосип Пејаковиќ. Станува збор за силна трагикомична драмска приказна која изобилува со црн хумор. Актерот Џек Димиќ ја адаптирал, режирал и го толкува ликот, кој на босански јазик на емотивен и духовит начин ни ја раскажува неговата вистина. Монодрамата „Ој, животе“ е приказна за човек кој доброволно оди на издржување на затворската казна наместо неговиот помлад брат, кој е сторител на убиство со умисла. Протагонистот на оваа монодрама на извонреден комедиографски начин ја раскажува својата мака и многу емотивно одново ги преживува сите случки низ кои поминал за време на издржувањето на казната. Џек Димиќ е еден од најпознатите актери од регионот покрај Раде Шербеџија и Горан Вишњиќ, кој постојано има ангажмани во холивудските серии и филмови. Димиќ остварил над 85 филмски, телевизиски и театарски улоги. Освен на англиски јазик, тој игра улоги на српски, руски, чешки и италијански јазик. Џек Димиќ во Холивуд играл во популарните ТВ серии „Ред и закон“, „Место на злосторот“, „Црна листа“, „Замок“, „Сина крв“, како и во сериите што во последните години се снимаат во регионот „Државен службеник“, „Ургентен центар“, „Воена академија“, „Клан“, „Династија“, „Вера“ и многу други. Џек Димиќ го играл научникот Никола Тесла во филмот „Народот на Тесла“, кандидат за Оскар за долгометражен играно-документарен филм во 2020 година. - И покрај тоа што веќе две децении гради успешна кариера во Холивуд, Димиќ не ги заборавил своите балкански корени. Во пресрет на неговиот настап во Скопје, се заблагодарува на поддршката на Амбасадата на Босна и Херцеговина и се надева на одличен прием кај македонската публика, што подразбира многу смеа и силни емоции на сцената на Драмски театар, се наведува во соопштението. /МИАКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаМитко Јанчев: Новиот спортски објект во „Јасмин“ и картинг центар се инвестиција во иднината на младитеВо Кавадарци со поставување на камен-темелник, официјално започна реализацијата на два капитални спортски проекти во вредност од повеќе од 153 милиони денари, кои ќе донесат современи услови за развој на спортот и младите таленти.На настанот присуствуваше градоначалникот Митко Јанчев, кој заедно со претседателот на владата, Христијан Мицкоски, и министерот за спорт, Борко Ристовски, го означи почетокот на изградбата на нов современ спортски објект во рамки на Спортскиот центар „Јасмин“, како и на нов картинг центар. Градоначалникот Јанчев истакна дека вложувањето во спортот е вложување во иднината на младите и дека општина Кавадарци останува посветена на реализација на проекти кои создаваат подобри услови за спортските клубови, рекреативците и идните генерации шампиони. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски: Опозицијата бега од реформи во Изборните законик поради страв од пораз15:00Мицкоски од Кавадарци: Владата продолжува со поддршка на проектите во општините кои ќе го подобрат квалитетот на живот 13:20Сончево и ветровите со температура до 33 степени09:01Дијаспората да гласа по пошта на следните избори, предлог на ВМРО-ДПМНЕ 18:00Партиите во обид да се договорат околу гласањето на дијаспорта15:18
Мицкоски од Кавадарци: Владата продолжува со поддршка на проектите во општините кои ќе го подобрат квалитетот на живот 13:20
ЗдравјеТоплотниот бран ги преполни кардиологиите: Секој ден има по еден инфарктТоплото време и варијациите на температурите ги полнат болниците за кардиологија заради срцеви удари. Нема поминат ден без инфаркт во болничките одделнија. Зголемен е бројот на мозочни удари и на колапси, објаснува кардиклогот Антонио Антовски од болницата „8 Септември“. Најчесто прболем имаат граѓани кои веќе се со кардиоваскуларни заболувања, а дел не знаат дека имаат проблеми со крвните садови. Една од грешките што ја прават е нагла промена на температурата од екстремно топло на многу пониски температури, пиење на газирани пијалоци кои дехидрираат, алкохол и кофеински производи. Случаевите со инфаркт кај пациенти од 20 годишна и 30 годишна возраст, причина е што веќе на оваа возраст имаат серизони заболувања, заради годините се игнорираат и се препишуваат на одредени други состојби. Кардиолозите објаснуваат дека долгото лето со екстремно високи температури треба да го сменат однесувањето и навиките на граѓаните. Редовно конзумирање на вода, овојше и зеленчук и редовно да се мери на крвниот притисок. Тагови: кардиолози Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Економија Нов удар од берзите: Од утре се очекуваат поскапи горива, дизелот скока за 2,5 денариЗа 2,5 денари по литар поскап дизел и околу 1 денар за литар поскапи бензини очекува Владата со утрешната одлука на Регулаторната комисија за енергетика.Ваквите владини калкулации се резултат на зголемените цени на дериватите на светските берзи минатата недела, и тоа за околу 6% кај нафтата и околу 3 % кај бензините. Премиерот Христијан Мицкоски вели крајната одлука сепак ќе ја донесе регулаторна, но дури и да има ново зголемување на цените на дериватите со утрешната одлука земјава останува со најниски цени во регионот и пошироко. „Врз основа на нашите калкулации имаме зголемување во текот на минатата седмица на нафтата на светските берзи за отприлика 5, 6% и благо зголемување на бенизните за 2, 3% очекувам да имаме зголемување од околу 2,2,5 денари по литар за дизел горивото и околу денар за бенизните но сепак да почекаме утре регулаторна да ги каже последните бројки. По што повторно остануваме и покрај тоа што станува збор за берзански производ убедливо држава со најниски цени на горивата и бенизните.“- - Христијан Мицкоски – претседател на Влада. Дополнително од владата очекуваат следната недела параметрите за инфлацијата, кои треба да ги обајви државниот завод за статистика да бидат пониски од оние во април и мај. Поради војната на Блискиот исток и растот на цените на нафтените деривати, инфлацијата во земјава во април порасна на 5,7 % додека во мај, по стабилизацијата на ситуацијата, инфлацијата падна на 4,8%. Во меѓувреме пазарните инспектори очекуваат до крајот на идната недела да ги заввршат надзорите кај дистрибутерите, производителите и трговците за оние 700 прехнабени и непреханбени производи, брифираат од инспекторатот за Канал 5. Директорот Стојкоски вели со анализата се прави споредба на цените на истите тие 700 производи годинава со иститот период лани, проверката на сите фактури од увоз до рафт, ќе треба да покаже каде и дали имало неоправдано зголемување на цените. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter