Не основното, туку Вишото јавно обвинителство во Битола го променило ставот за враќање на пасошот на Марковски
2Не основното, туку Вишото јавно обвинителство во Битола го променило ставот за враќање на пасошот на Марковски
Шоу бизЏејсон Момоа: Срцето ми е скршено поради моето семејство и пријателите на Мауи Џејсон Момоа испрати поддршка до луѓето на хавајскиот остров Мауи кои се борат со огромните шумски пожари.„Срцето ми се кине за моите пријатели и семејството во Мауи кои беа погодени од неодамнешните шумски пожари“, напиша на Инстаграм ѕвездата на Аквамен, кој е родум од Хаваи. View this post on Instagram A post shared by Jason Momoa (@prideofgypsies) Актерот, исто така, сподели фотографии и видеа од организацијата „Аина Момона“, кои го прикажуваат пустошот, вклучувајќи ги и населбите во историскиот град Лахаина кои целосно изгореа во пепел. Центарот на тој град е создаден на почетокот на 18 век, а сега целосно исчезнал. Да потсетиме дека бројот на загинати во шумскиот пожар што го претвори одморалиштето Лахаину на хавајскиот остров Мауи во урнатини се искачи на 55, објави округот Мауи. Бројот на лица кои се сметаат за исчезнати се проценува на околу 1.000.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаГостиварци се уште без вода за пиење, анализите продолжуваатНема датум или од кој ден, гостиварци ќе можат да пијат и да готват со безбедна вода од градскиот водовод, изјави министерот за здравство Сашо Клековски. Тој потенцираше дека се додека нема три последователни негативни тестови, водата нема да биде за употреба. Премиерот Мицкоски вчера изјави дека една од причините за водата да остане само за техничка употреба е потврдата на резиуделна бактерија во инсталаците. Во здравствените установи во Гостивар вчера биле прегледани 73 пациенти. Во општата болница во болница биле 45 нови прегледи од кои 26 на инфективното одделение, каде двајца биле хоспитализирани, а 18 биле деца. Во здравствениот дом Гостивар регистрирани се 28 нови пациенти во дежурната служба. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаНе основното, туку Вишото јавно обвинителство во Битола го променило ставот за враќање на пасошот на МарковскиНе Основното, туку Вишото јавно обвинителство во Битола го променило ставот за враќање на пасошот на бизнисменот и почесен конзул на Белорусија во Македонија, Борче Марковски по приложената гаранција од околу 5 милиони евра. Откако одбраната повторно побарала укинување на мерката за одземање на патната исправа, предметот бил рефериран до Вишото обвинителство, кое наложило јавниот обвинител во Струга да даде позитивно мислење за барањето. Првично, на 15 јуни, Основното јавно обвинителство Струга било против враќањето на пасошот. Но, по разгледување на предметот, Вишиот јавен обвинител оценил дека со веќе определената гаранција е отстранета опасноста од бегство на обвинетиот. Основниот суд во Струга му го вратил пасошот на Марковски каде претседател на Кривичниот совет бил судијата и претседател на судот Вулнет Винца кој од денеска заминува во пензија откако Судскиот совет го отфрли неговото барање за продолжување на вршењето на судиската функција бидејќи ненанвремено доставил изјава. -Воедно се прифаќаат аргументите на одбраната дека обвинетиот поседува фирма во Република Србија чие работење е сериозно доведено во прашање и постои можност да биде нанесена ненадоместлива штета доколку тој во најкраток можен рок не отпатува таму за да потпише документација во врска со работењето на фирмата. ...Велат од битолското обвинителство од каде додаваат дека сите аспекти на ваквата одлука и соодветната аргументација ќе бидат испитани, а во моментов не можело да се смета дека обвинетиот е во бегство и тој има обврска да се јавува пред судот. Според информациите Марковски вчера бил задржан на граничниот премин Табановце но по извршените проверки му било дозволено да ја премине државната граница и да влезе во Србија. На него и на осум други лица им се суди за дислокација на погонските станици од рудникот „Осломеј“ во рудниците на РЕК „Битола“, тендер тежок над 1,7 милиони евра. Освен на Марковски им се суди и на петмина вработени од РЕК „Битола“ и двајца вработени во неговата фирма. Еден од обвинетите е и поранешниот директор на РЕК „Битола“, Пеце Матевски, на кого веќе му се суди и во битолскиот суд за случајот со тендерот за ископ на јаловина со фирмата „Рудкоп“ Битола. Судскиот процес за Марковски почна во Основниот суд Битола за потоа да биде целосно префрлен во судот во Струга а рочиште е закажано за 2 септември.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСедница за пратенички прашања во Собранието15:00Град Скопје: Дезинсекција против комарци, фаза 1011:57На ГП „Богородица“за излез од државата се чека околу 20 минути08:50Нови три случаи на вирусот „западен нил“ кој го шират комарците во Скопје15:00Епидемијата во Гостивар се смирува - водата ќе може да се пие до крајот на неделава 15:00
МакедонијаГаши: Нема политичка порака во моето отсуство од Мечкин Камен, ги почитувам сите државни празнициНема политичка порака во моето отсуство од Мечкин Камен – уверува собранискиот спикер Африм Гаши, по реакциите во јавноста дека втора година по ред нема да присуствува на централната прослава за Илинден во Крушево. На брифинг со новинарите тој потсети дека мината година бил спречен поради здравствени проблеми..,а годинава вели иако нема физички да присуствува, како претседател на Собранието директно учествувал во организацијата на илинденските чествувања.. на свеченоста ќе се обрати потпретседателот на Собранието Антонијо Милошоски, потврди гаши....Отсуството годинава го објаснува со учеството на меѓународна конференција во Египет, каде како што вели, ќе се дискутира за важни теми како соживотот, толеранцијата, и борбата против говорот на омраза. Порача дека максимално ги почитува државните празници и повика неговото отсуство да не се толкува како политичка порака или тенденција. -Сакам во јавноста и на сите граѓани да им испратам една порака дека Африм Гаши претседателот на Собранието ги почитува сите државни празници и тоа сум го покажал секогаш. Од првиот ден во политиката, особено сега во својство на претседател на Собрание, мислам дека никаков простор за двоумење дали го почитуваме или не, не треба воопшто да има таков простор. Како државен врв одлучивме дека треба да се искористат двете шанси,- Африм Гаши – претседател на Собрание. Повикувајќи се на членот 170 од Деловникот и потсетувајќи дека истата можност била искористена 161 пат во претходниот собраниски состав, Гаши посочи дека самиот ќе одлучи кога Законот за правична застапеност ќе биде ставен на гласање. Повтори дека законот ќе се гласа со мал Бадинтер, откако таквата постапка била утврдена од Комитетот за односи меѓу заедниците. - Јас ќе го искористам тоа право да проценам и одлучам кога е најдобро тој закон да се стави на гласање и нормално сакам да знаат сите и граѓаните и опозицијата дека не планираме скришум да го донесеме. Седницата ќе биде свикана, пратениците ќе бидат повикани и ќе одлучи пленумот. Моја обврска е да одлучам кога е најдобриот и најпригодниот момент за одлучување, а потоа како ќе одлучи пленумот сите тоа ќе го испочитуваме,- Африм Гаши – претседател на Собрание. Собранискиот спикер се осврна и на Предлог-законот поврзан со скопје европска престолнина на културата 2028-ма.. кој вчера беше повлечен од дневниот ред. Гаши вели дека одлуката била донесена за да не се блокира работата на Собранието и да не се доведе во прашање кандидатурата на Скопје, поради како што кажа дилемите околу јавните набавки..поважно е вели градот да не ја загуби оваа титула, отколку таа да остане во сенка на политичките несогласувања .. порача доколку има оправдани забелешки, тие во наредниот период треба да се коригираат, за законот да добие поширока поддршка. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook