Џејсон Момоа едвај дише среде толпа на концерт на хеви метал група (ВИДЕО) - Канал 5

Џејсон Момоа едвај дише среде толпа на концерт на хеви метал група (ВИДЕО)

Актерот Џејсон Момоа се покажа како вистински хеви метал фан.

Џејсон Момоа едвај дише среде толпа на концерт на хеви метал група (ВИДЕО)

Пејачот беше на концертот на Black Sabbath во саботата, 5 јули, и не само што го водеше шоуто, туку беше и во толпата што го исполни Вила Парк во Бирмингем.

Како што е добро познато, Џејсон Момоа не е само позната јавна личност, туку е и вистински метал-хед.

45-годишниот актер претходно сакаше да присуствува на прошталниот концерт на Sabbath како гостин, но сопругата на Ози Озборн, Шерон, го замоли да го води шоуто, објавува Voi. Тој се појави пред 40.000 гледачи. Го водеше шоуто попладне, кога гостинските ѕвезди се појавија пред Sabbath.

Сепак, тоа не беше доволно за атрактивниот актер во кого се „заљубени“ жените. Среде настапот на Pantera, тој одлучи да се придружи на публиката пред сцената.

Во вирално видео што кружи на социјалните мрежи, Момоа може да се види како шета низ толпата и води танц. Десетици, па дури и стотици луѓе, исто така, направија mosspit трчајќи во голем круг пред сцената.

Судејќи според видеото, Момоа одлично се забавуваше со другите фанови, но тоа беше застрашувачка сцена за оние кои имаат фобија од големи толпи и настапи, бидејќи во овој случај многумина можат да бидат совладани од вознемиреност и паника.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Превентивни активности на РЦ за ГР Запад и СВР Тетово за безбедност при патување на подолги релации и заштита од пожари на отворено

На возачите им беа поделени летоци со едукативна содржина.

Превентивни активности на РЦ за ГР Запад и СВР Тетово за безбедност при патување на подолги релации и заштита од пожари на отворено

Полициски службеници од Полициската станица за гранични проверки Ќафасан“ и полициски службеници од превенција при Регионалниот центар за гранични работи Запад, денеска (09.08.2026) на Граничен премин Ќафасан“ спроведоа превентивни активности насочени кон заштита и безбедност на граѓаните и патниците кои ја преминуваат државната граница. Во рамки на активностите, полициските службеници упатуваа совети и препораки за безбедно патување и однесување во услови на високи температури, особено за време на подолги патувања и чекање на граничните премини. Посебен акцент беше ставен на превенцијата од топлотен удар и последиците од изложеност на високи температури, при што на патниците им беа поделени шишиња со вода. Исто така, на патниците им беа поделени летоци со едукативн содржина, преку кои беа информирани и за начините на заштита од топлотен удар, внимателното и безбедно управување со возилата. како и за потребата од зголемена внимателност при патување во услови на високи температури.

Денеска (09.08.2025), Отсекот за превенција при СВР Тетово во соработка со полициски службеници од Полициското одделение Галате и ЈП „Национални шуми“ на неколку локации во селата Врапчиште, Градец, Неготино, Добридол, Сенокос, Топлица, Зубовце и Галате спроведе превентивно - едукативна кампања под мотото „Лето без пожари - пламените јазици се незапирливи“. За време на активностите беше посочено на зачестено палење на шумите, стрништа, фрлање на отпушоци и воопшто ризиците од предизвикување пожари од невнимание. Притоа, на возачите им беа поделени летоци со едукативна содржина и препораки со цел подигнување на свеста и информирање за законската регулатива, како и за санкциите.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Претрес во Неготино, пронајдена дрога, лишено од слобода едно лице

На 08.08.2026 во 00:15 часот во Неготино, полициски службеници од ОВР Неготино го лишија од слобода Т.Т.(22) од Неготино затоа што при преглед кај него била пронајдена и одземена марихуана.

Претрес во Неготино, пронајдена дрога, лишено од слобода едно лице

Подоцна, со наредба од Основен суд Кавадарци, бил извршен претрес во домот и помошни простории на Т.Т., каде биле пронајдени и одземени марихуана, цвет, семки и стебло од канабис.

Тој бил задржан во полициска станица, известен бил јавен обвинител и по документирање на настаните против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче прати осудени насилници и дилери на дрога да предизвикаат инциденти во Ново Село

Филипче прати осудени насилници и дилери на дрога да предизвикаат инциденти во Ново Село, нервозен е затоа што е разобличен.

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче прати осудени насилници и дилери на дрога да предизвикаат инциденти во Ново Село

Кога станува збор за СДС и актуелното раководство нема ништо ново освен лаги и манипулации во јавноста. А кога ќе бидат фатени е тогаш стануваат нервозни, зборуваат нелогични работи.

Венко Филипче во Ново Село кога ВМРО-ДПМНЕ имаше настан одлучи да прати насилници, трговци на дрога да прават инцидент. Дополнително едниот од нив излезе и самиот ја потврди тезата, односно нашите кажувања.

Е сега Филипче е нервозен. Нормално ќе е нервозен кога ова е една од ситуациите во која талогот исплива на површина.

Лицата пратени во Ново Село од Филипче не можат да бидат иднина на Македонија. Тие се олицетворение на лицата Зоран Заев, Венко Филипче и слично. За Заев на цела јавност и е јасно дека е аболициран криминалец. За Филипче од каде да се почне му изгореа живи 14 лица во модуларната болница во Тетово, загинаа 16 лица во несреќата кај Ласкарци поради неорганизираниот здравствен систем, за време на корона починаа околу 10 илјади граѓани. Освен овие деца во Ново Село, кои така ги нарекува Филипче, талог во општеството се и лицата кои ја водеа седум години државата.

Одговорност нема поради фактот што Заев заедно со другарот Филипче имаат се уште влијание во правосудниот систем.

И наместо да се засрамат и да прекинат со срамните и опасни дејствија во општеството, тие продолжуваат по лошиот пат не само што продолжуваат, туку тонат одејќи по истиот пат.

ВМРО-ДПМНЕ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер