Џејмс подготвен да потпише нов договор со Лејкерси

Четирикратниот шампион во НБА, Леброн Џејмс има намера да остане врзан со Лос Анџелес Лејкерс со нов договор, според информациите кои доаѓаат од САД.

Додека вниманието беше фокусирано на тоа дали Џејмс ќе стане слободен агент по четврти пат во неговата богата кариера, неговата иднина со Лејкерси е тешко под сомневање со оглед на тоа што тимот го избра неговиот син Брони во втората рунда на НБА драфтот во четвртокот.

„Атлетик“, „ЕСПН“ и „СиБиЕс Спортс“ велат дека Џејмс нема да ја искористи својата опција од 51,4 милиони долари за следната сезона, што ќе го направи слободен агент и ќе има опција да потпише максимален тригодишен договор со Лејкерси вреден околу 160 милиони долари.

Таквиот договор би вклучувал и клаузула за забрана за трансфер, што значи дека 39-годишниот Џејмс најверојатно ќе ја заврши кариерата во Лос Анџелес Лејкерс или ќе ја контролира својата следна дестинација.

За шест сезони со Лејкерси, Леброн Џејмс, кој е водечки стрелец во историјата на НБА, имаше просек од 27 поени, 7,9 скока и 8 асистенции по натпревар./МИА

Приведен битолчанец за издржување затворска казна од седум години и единаесет месеци

МВР денеска соопшти дека Н.Н. бил  спроведен во Казнено - поправната установа „Затвор Прилеп“ за издржување на казната.

Полициски службеници од ОВР Кичево вчера во 14.30 часот на булеварот „Ослободување“ во Кичево го привеле Н.Н.(37) од Битола, за кого била распишана потерница од Казнено - поправната установа „Затвор Прилеп“, со која се барал за издржување затворска казна од седум години и единаесет месеци, за сторени повеќе кривични дела „тешки кражби“.

МВР денеска соопшти дека Н.Н. бил спроведен во Казнено - поправната установа „Затвор Прилеп“ за издржување на казната.

Лажна закана за бомба на аеродромот во Приштина, сите летови се реализираат по распоред

Летовите од аеродромот „Адем Јашари“ во Приштина се одвиваат по планираниот редослед откако надлежните служби утврдиле дека заканата за бомба била лажна, соопштено е денеска.

„Ја информираме јавноста дека по заканата за бомба, преземени се сите оперативни и истражни дејствија од страна на надлежните органи кои утврдија дека дојавата за поставената бомба е лажна“, се вели во соопштението на приштинскиот аеродром.

Косовската полиција претходно соопшти дека проверува дојава дека на аеродромот е поставена експлозивна направа.

Гувернерката Ангеловска-Бежоска на Годишното генерално собрание на БИС

На средбата, информираат од Народната банка (НБ), беше истакнато дека и натаму е потребна внимателност иако минатата година инфлацијата бележеше надолен тренд, а финансиската стабилност беше задржана. 

Гувернерката Анита Ангеловска-Бежоска, во рамките на Годишното собрание на Банката за меѓународни порамнувања (БИС), присуствуваше на средбата на жените гувернери и заменици на гувернери на која се сретна со гувернерката на централната банка на Норвешка и заменик-гувернерките на Канада, Финска и Турција.

На средбата, информираат од Народната банка (НБ), беше истакнато дека и натаму е потребна внимателност иако минатата година инфлацијата бележеше надолен тренд, а финансиската стабилност беше задржана.

Ангеловска-Бежоска заедно со вицегувернерката Ана Митреска, разговараше и со гувернерот на централната банка на Италија, во врска со напредокот во пристапувањето кон СЕПА, но и за можноста за приклучување кон платежниот систем ТИПС на Европската централна банка, што може да обезбеди бројни придобивки во платежната сфера за нашите граѓани и компаниите.

На Собранието на БИС беа разгледани и усвоени најновиот Годишен извештај за работата на БИС и Годишниот економски извештај.

-Во Извештајот се нагласува дека политиките на централните банки ги ублажија последиците од кризите и овозможија задржување на стабилноста во економиите. Како приоритет на краток рок се нагласува потребата од задржување на ценовната стабилност, како и внимателноста при олабавувањето на монетарната политика. На долг рок, потребни се политики коишто ќе обезбедат финансиска и макроекономска стабилност, како и јакнење на фискалните позиции. Во рамките на структурните реформи за јакнење на економскиот потенцијал, се истакнува важноста од иновациите во дигиталната сфера во финансискиот систем, посочуваат од НБ.

Во рамките на Годишното собрание, како што велат, имаше и панел-дискусии каде што беа обработувани актуелните теми и предизвици со кои се соочува централнобанкарската заедница.

-Така, на Конференцијата се зборуваше за геополитичките движења и нивниот одраз врз макроекономијата, како и за нивното влијание врз инфлациските притисоци и монетарната политика. Исто така, беа разгледани и можностите и ризиците коишто ги носи дигиталната трансформација и употребата на вештачката интелигенција во работењето на централните банки, како и важноста од инвестициите во зелени финансии, прецизираат од НБ.

Средбите во рамките на Годишното собрание на БИС, посочуваат, се од исклучително значење за справувањето со тековните предизвици, но и за подготовка за идните трендови во монетарната сфера, имајќи ја предвид улогата на БИС како банка на централните банки, како и улогата на меѓународната соработка за поддршка на монетарната и финансиската стабилност. Во тој контекст, гувернерката Ангеловска-Бежоска и вицегувернерката Митреска остварија и бројни билатерални средби со повеќе свои колеги од централните банки членки на БИС.

Народната банка е полноправна членка на БИС со уште шеесет и две централни банки и монетарни власти од светот, коишто учествуваат и имаат право на глас на Генералното собрание.

притисни ентер