Џејмс ја помина границата од 41.000 поени во НБА

Кошаркарот на Лос Анџелес лејкерс, Леброн Џејмс постигна трипл-дабл ноќеска на гостувањето кај Атланта и ја надмина границата од 41 илјада поени во кариерата.

Лејкерс изгубија по продолжение со 134:132, а Џејмс кој овој месец ќе наполни 40 години постигна трипл-дабл 39 поени, 10 скока и 11 асистенции. Вкупно сега има 41.003 поени. Тој е рекордер во историјата на НБА.

Леброн беше избран како прв пик од Кливленд на драфтот во 2003 година. За Кавалирс играше до 2010 година, потоа се пресели во Мајами четири години, по што се врати во Кливленд.

Во Лејкерс е од 2018 година. /МИА

Нејмар го напушта Ал-Хилал, се враќа во родниот Сантош

 Бразилската ѕвезда Нејмар ја заврши својата авантура во Саудиска Арабија. Од него се очекуваше многу, но никогаш не успеа да го покаже потенцијалот во Ал-Хилал, а паралелно со тоа проблеми му правеа и многу повреди.

Нејмар ја напушта арапската земја за да се врати во Бразил. Според последните информации, постигнат е договор и Нејмар ќе се врати во Сантос на позајмица во следните 6 месеци. Разбирањето е веќе факт и ќе биде официјализирано во следните неколку дена.

Во неделата, претседателот на Сантос, Марсело Тешеира и директорот Педро Мартинс се сретнаа со претставниците на Нејмар и преговараа за платата на играчот.

Пожар во објект за стари лица во село Чемерско

Опожарен е објект за стари лица во село Чемерско на 30 километри од Кавадарци. 

Упатени 12 пожарникари од Кавадарци и се чека на првите информации за евентуални повредени

Дербито на Лос Анџелес им припадна на Клиперс: Џејмс Харден испиша нови страници од историјата

Првата битка во годината во градот Лос Анџелес им припадна на кошаркарите на Клиперс, кои на домашен терен ги совладаа Лејкерси со резултат 116:102.

Како и повеќето натпревари во ЛА, така и овој не разочара. Двата тима беа со сите свои ѕвезди, некои испишаа историја, а некои забележаа негативни достигнувања. На крајот триумфот им припадна на Клиперси кои цело време ја имаа предноста. Тимот го предводеше Норман Пауел со 22 поени, додека Џејмс Харден имаше еден помалку, што беше доволно за да го надмине Оскар Робертсон за 14. место на листата со најмногу освоени поени во историјата на НБА.

Од друга страна, Лејкерси водеа само по првиот кош на натпреварот. Остатокот од натпреварот помина во знакот на тимот на Тајрон Лу, кој ја постигна третата последователна победа. За Лејкерси ова е 18-ти пораз сезонава, а моментално се наоѓаат на шестото место во западната конференција, додека Клиперс се едно место погоре.

Најефикасен кај „виолетово-златните“ беше Леброн Џејмс, кој натпреварот го заврши со 25 поени и 11 асистенции. Тој беше најдобар стрелец на натпреварот, погодувајќи девет удари од 20 обиди и пет од шест слободни фрлања.

Каваи Ленард полека се враќа во форма, а на овој меч забележа најголема минутажа сезонава. Во триумфот над Лејкерси запиша 19 поени и четири асистенции, додека кај поразените Ентони Дејвис постигна 16 и погоди три блокади.

притисни ентер