Џејмс Бонд има 160 милиони долари, но нема да им остави ништо на децата - Канал 5

Џејмс Бонд има 160 милиони долари, но нема да им остави ништо на децата

Даниел Крејг во интервју за списанието „Кандис“ изјавил дека не планира да им остави големи суми пари на своите деца кога ќе умре.

Џејмс Бонд има 160 милиони долари, но нема да им остави ништо на децата

"Мојата филозофија е дека треба да се ослободам од се` пред да умрам. Не сакам да им оставам аманет со големи суми пари на идните генерации", рекол Крег.

Според CelebrityNetWorth, моменталното богатство на актерот се проценува на 160 милиони долари. Тој додаде дека мисли дека наследувањето пари е невкусно.

Инаку, Крег ја има 29-годишната ќерка Ела од првиот брак со актерката Фиона Лудон, а во септември 2018 година доби ќерка од вториот брак со актерката Рејчел Вајс, со која се оженил во 2011 година. Името на ќерката никогаш не е објавено.

Британскиот актер ќе го гледаме по петти пат од крајот на септември во улогата на Џејмс Бонд во филмот No Time to Die.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Италијански војници од елитните единици се на улиците на Милано

Петстотините војници кои ќе бидат распоредени во Милано од следните неколку дена до крајот на годината се членови на падобранската бригада Фолгоре од Сиена.

Италијански војници од елитните единици се на улиците на Милано

Нивното распоредување ќе се одвива во законските рамки на проектот „Страде Сикуре“ („Безбедни улици“).

Нивното распоредување ќе го одлучи префектот на Милано, по консултација со началникот на полицијата, кој ќе побара начинот на нивното распоредување да се одреди според потребите, од патролирање до стационарен надзор.

Затоа, нема да има посебен пропорционален однос помеѓу распоредувањето на падобранци, кои ќе можат да извршуваат исклучиво задачи од јавната безбедност, и распоредувањето на полициските сили, кои исто така имаат овластувања на судска полиција.

Според достапните информации, може да се предвиди и распоредување на војници специјализирани за управување со беспилотни летала.

Одлуката за распоредување на 500 падобранци од елитната бригада Фолгоре во Милано е донесена како одговор на насилството, грабежите и вандализмот за време на протестите на 17 и 18 октомври, но и поради стравувањата дека немирите би можеле да се повторат во текот на наредните викенди. Италијанската влада сака да го зголеми присуството на безбедносните сили во градот до крајот на годината.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Во Париз се воведени строги мерки за да се спречат грабежите и вандализмот за време на протестите

Париската полиција воведе полициски час во некои делови од француската престолнина, кој ќе биде на сила секоја вечер до понеделник наутро.

Во Париз се воведени строги мерки за да се спречат грабежите и вандализмот за време на протестите

Париската полиција воведе полициски час во некои делови од француската престолнина, кој ќе биде на сила секоја вечер до понеделник наутро, како дел од зголемените безбедносни мерки поради најавените протести и стравот од нови инциденти, објавува LeFigaro.fr.

Според одлуката на полициските власти, на сите лица, без разлика дали се возрасни или малолетни лица, им е забрането да бидат на јавни места во областа на Плоштадот на Републиката и квартот Ле Хол во текот на ноќта, од 23 часот до 6 часот наутро следниот ден. Оваа мерка е на сила од 22 до 25 октомври.

Одлуката е донесена во време на зголемени тензии во Париз, по насилните судири, грабежите и судирите меѓу демонстрантите и полицијата во последните денови. Француските власти се обидуваат да спречат повторување на немирите и да ги заштитат граѓаните, бизнисите и јавниот имот, додека низ целата земја се очекуваат нови собири.

Сè уште не е објавено дали полицискиот час ќе биде продолжен и по понеделник наутро. Надлежните органи продолжуваат да ја следат безбедносната состојба, а можни се дополнителни мерки во зависност од развојот на настаните.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Николоски: Вредните работници од МЖ Транспорт успешно сервисираа патнички вагон

"Денот го завршуваме со една убава вест" - напиша заменик претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски на својот фејсбук профил и објави видео од сервисирањето на патнички вагон во работилниците на МЖ Транспорт. 

Николоски: Вредните работници од МЖ Транспорт успешно сервисираа патнички вагон

" Вредните работници од Македонски Железници Транспорт успешно сервисираа патнички вагон од серијата Bm и овој вагон наскоро ќе биде во сообраќај.

Вагонот има 11 купеа и вкупен капацитет од 66 седишта, а максималната брзина на овој вагон е 160 километри на час.

Продолжуваме домаќински да работиме во интерес на граѓаните и подобрување на капацитетите на македонските железници,"- објави Николоски.

Министерство за транспорт

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер