Џејкоб Вајли е веќе во Гевгелија подготвен да го облече „црвено-жолтиот“ дрес - Канал 5

Џејкоб Вајли е веќе во Гевгелија подготвен да го облече „црвено-жолтиот“ дрес

Американецот со македонски пасош Џејкоб Вајли е во Гевгелија, и им се приклучи на своите репрезентативни соиграчи

Џејкоб Вајли е веќе во Гевгелија подготвен да го облече „црвено-жолтиот“ дрес

Џејкоб Вајли е повторно дел од сениорската репрезентација на Македонија.

Американецот со македонски пасош, без размислување го прифати повикот на селекторот Марјан Илиевски, за повторно да заигра за Македонија.

И тоа во вистинско време, кога и тоа како ни е потребен играч од таков калибар, да го затвори рекетот, и со својата физичка доминација да ја засили онаа внатрешна линија во селекцијата која ова лето ќе игра претквалификациски мечеви за пласман на Светскиот Куп 2027 година.

„Искрено сум пресреќен што дојдов овде по неколку години пауза. Мотивацијата е на највисоко ниво, штом стапив во контакт со луѓето од федерацијата без многу размислување прифатив. Среќен сум што со мене дојде и моето семејство, кое ‘во живо’ ќе ги следи моите настапи за македонската репрезентација. Едвај чекам повторно да го облечам дресот на Македонија“ - изјави Вајли по пристигнувањето во хотелот „Аполонија“ во Гевгелија.

Силното крило ќе биде и највозрасен кошаркар во нашата селекција, од кого дефинитивно ќе се очекува заедно со Магдевски и Мекиќ како најискусни да ја предводат Македонија во новиот предизвик – претквалификациите за Мундобаскетот во 2027 година.

„Знам дека репрезентацијата е подмладена и сметам дека тоа е природна работа. Да, добро е што младите кошаркари ќе добијат можност да блеснат на сениорско ниво. Допрва ќе тренираме и ќе се воигруваме, свесен сум дека во овој процес на подмладување мојата улога како лидер ќе биде уште позначајна, но подготвен сум за тоа. Ќе дадам се за да помогнам, да внесам позитивна енергија на тренинзите и на натпреварите, да помогнам со своето искуство и да дадам придонес да стигнеме до што подобри резултати“ - истакна „повратникот“ во нашата најдобра селекција.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ВМРО-ДПМНЕ: Ислам Абази го затвори предметот за модуларните болници и го спаси Венко Филипче

Ислам Абази го затвори предметот за модуларните болници и го спаси Венко Филипче, откако обинителките од поранешно СЈО со години го чуваа во фиока.

ВМРО-ДПМНЕ: Ислам Абази го затвори предметот за модуларните болници и го спаси Венко Филипче

Пет години по оформувањето на предметот, ОЈО ГОКК предводено од Ислам Абази, аргат на Зоран Заев, Венко Филипче и Али Ахмети, донесе одлука да го затвори предметот за 19-те модуларни болници, велејќи дека не постои основано сомнение за злоупотреба на службената положба и овластувања.

Потсетуваме дека предметот беше оформен на 10 септември 2021 година, непосредно по трагичниот пожар во модуларната болница во Тетово, во кој животот го загубија 14 наши сограѓани.

Филипче и Заев, наместо да ги подобрат стандардите на болниците, тогашното Министерството за транспорт и врски, по предлог на владата, го менува Законот за градење по итна постапка, со цел овој тип на објекти да ги преместат во урбана опрема, за чие поставување и одобрение ќе издава Министерството за здравство или, Венко Филипче како тогашен министер.

Ова значи дека Венко Филипче носи директна одговорност за поставувањето на модуларните болници, и секако и за трагедијата што се случи во Тетово.

Дополнително, Филипче не потпишал минимум технички спецификации, ниту пак направил елаборат за електрична енергија, со што е директен виновник за пожарот на 8 септември, а исто така, не смееме да заборавиме дека објектот во Тетово бил поставен директно над резервоар на бензиска станица.

Особено загрижува фактот што предметот со години фаќал прашина, прво во фиоката на Вилма Рускоска, потоа во таа на Елизабета Јосифовска, двете обвинителки од поранешното криминално СЈО, за на крај, токму ОЈО ГОКК предводено од слугата на СДС и ДУИ, Абази да донесе одлука дека нема основ за кривично гонење.

И тоа, на само месец дена од заминување од челната позиција во обвинителство, Абази си ги одработува последните нарачки за заштита на своите шефови и спас на Венко Филипче од кривичен прогон.

Но, затворањето на предметот не значи дека вистината е засекогаш затворена, може да се случи да се појават нови докази и постапката може повторно да биде отворена.

ВМРО-ДПМНЕ ќе продолжи да инсистира на целосно расчистување на трагедијата во Тетово и на одговорност за сите кои направиле пропусти или злоупотреби, затоа што правдата за 14-те загинати не смее да остане во фиока.

Со почит,

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

СДСМ: Избори ќе закаже кога ќе снема пари - Ние нема да му бидеме алиби, но граѓаните ќе му бидат сведоци

Христијан Мицкоски повторно ги стави изборите во оптек.

СДСМ: Избори ќе закаже кога ќе снема пари - Ние нема да му бидеме алиби, но граѓаните ќе му бидат сведоци

Прво рече дека граѓаните не сакаат предвремени избори. Потоа рече дека ако опозицијата побара, нема да седи како кукавица, ќе прифати и ќе победи.

Тоа не е став. Тоа е монтажа. Самиот си ја пишува понудата. Самиот си ја чека нарачката.

Вучиќ најави избори. Веднаш и Мицкоски.

Тоа не е случајност. Веќе работи по налог. Затоа веќе знае кога се изборите. Само уште нас не нѐ известил.

Влече тешка медиумска артилерија од Србија за да ги зајакне орбановите 40 проценти.

Целта е целосен медиумски мрак. Граѓаните да не знаат кога водата е отруена. Да не знаат дека нема пари. Пет недели да не знаат резултати од анализи. Да знаат само што ќе им кажат Латас и увезените емисии. А опозицијата да ја викаат - "убијци".

Има апсолутна власт. Има двотретинско мнозинство. Има претседателка, влада, Собрание и мнозинство во најголем број општини. Избори закажува тој, кога сака. Не му треба ни наша согласност, ни туѓа храброст. Му треба алиби.

Да не каже дека касата се празни. Да не каже дека за коруптивни тендери веќе нема простор за ново задолжување. Да каже: нѐ предизвикаа. Ние само одговоривме.

СДСМ нема да му го даде тоа алиби. Не бараме ние негови избори за да му го покриеме банкротот. Избори ќе закаже кога ќе снема пари. Тоа е неговиот календар, не нашиот.

Веќе се јавија и тие што секогаш се јавуваат кога треба да се одигра претставата.

Истиот ден по неговата реченица, дојде повик да се распушти Собранието и да се утврди датум. Практично. Брзо. Како по нарачка.

Граѓаните знаат кој во оваа драма секогаш ја зема споредната улога за главната да остане чиста. Тоа не е опозициски притисок. Тоа е услуга.

Мицкоски нека не се крие зад кукавици, зад туѓи соопштенија и зад братот од Белград.

Ако сака избори, нека ги закаже. Самиот. Со свој потпис. И нека излезе пред граѓаните со празниот буџет, со водата во Гостивар, со починатите во Скопје, со 5.000 отруени, со пиперката од 40 денари и со фрижидерот и паричникот што се празни.

Па нека објасни како сме трета економија во Европа, како платите се поголеми за 70 проценти, пензиите повисоки за 325 проценти, што ќе биде со вториот пензиски столб, со цената на нафтата, со ѓубривото, со првото место по туризам, со лидерството во авио-сообраќајот.

Единствено што мора да пронајде е нова мета за националистичка кампања.

Предавници и патриоти, само сега во нов облик. Бидејќи резултат нема, ќе измисли проблем. На пример - меѓуетнички.

Тоа му треба на Мицкоски. Тоа му треба и на Вучиќ.

Ние нема да му бидеме алиби. Граѓаните ќе бидат сведоци.

Сведоци на водата што се крие, на мракот што се увезува, на кампањата што го нарекува убиец оној кој бара одговор, и на избори што се кројат кога ќе снема пари за криминални тендери. Не кога ќе има резултат.

Ние сме спремни со народ, со тим и со план, кога и да бидат. Не сме спремни да му бидеме изговор.

Власта ја доби за четири години. Нека каже самиот, а не да прави претстава.

Нека престане да ги рециклира изборите секогаш кога нема што да покаже.

Народот го гледа!

СДСМ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Американскиот носач на авиони „УСС Абрахам Линколн“го напушти Блискиот Исток

И, носачот на авиони „Абрахам Линколн“ замина од Блискиот Исток. 

Американскиот носач на авиони „УСС Абрахам Линколн“го напушти Блискиот Исток

Американскиот носач на авиони „УСС Абрахам Линколн“ се упати кон Соединетите Американски Држави од Блискиот Исток, по девет месеци поминати на море од страна на екипажот и маринците, соопшти денеска еден американски претставник.

Официјално лице изјави за „Си-Би-Ес Њуз“ (CBS News) дека американскиот носач на авиони „УСС Џорџ Вашингтон“ пристигнал на Блискиот Исток за да го замени „УСС Абрахам Линколн“, кој испловил од Сан Дијего на 21 ноември со околу 5.000 членови на екипажот.

Американската војна со Иран, која започна кон крајот на февруари, ја продолжи мисијата и го зголеми обемот на нивните обврски, при што „УСС Абрахам Линколн“ служеше како појдовна точка за илјадници летови на авиони за време на нападот врз Иран.

Членовите на семејствата на американските морнари јавно изразија загриженост поради влошеното ментално здравје на екипажот на бродот, како и поради санитарните услови и недостигот на храна, по што бродот „УСС Абрахам Линколн“ беше посетен од командантот на Централната команда на САД (CENTCOM), адмирал Бред Купер.

На носачот на авиони ќе му бидат потребни околу три недели за да се врати во Сан Диего.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер