Шоу бизЏејда Пинкет Смит со години страдаше од опаѓање на косата, сега покажа нова фризураЏејда Пинкет Смит, сопруга на холивудската ѕвезда Вил Смит, со години ја бричеше главата поради алопеција, состојба поради која и опаѓа косата. Сега на Инстаграм покажа дека и пораснала косата."Оваа коса овде делува како да се обидува да се врати. Сè уште имам неколку проблематични области, но - ќе видиме", напиша таа на социјалната мрежа. Џејда првпат проговори за нејзиното опаѓање на косата пред пет години во една епизода од нејзиното ток шоу „Red Table Talk.“ „Многу луѓе прашуваа зошто носам турбани. Па, не сум зборувала за тоа. Не е лесно да се зборува. Еден ден бев под туш и имав грст коса во рацете и само помислив , 'О Боже мој, дали наскоро ќе бидам ќелава?' Буквално се тресев од страв“, изјави тогаш Џејда. Имено, алопеција се развива кога имунолошкиот систем ги напаѓа фоликулите на косата, што резултира со губење на косата. Може да дојде до ненадејно губење на косата на скалпот, а во некои случаи и на веѓите, трепките и лицето, како и на други делови од телото. Исто така, може да се развива бавно и да се повтори по неколку години. Извор: Индекс.хрКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
БалканНа Косово почна ископување во потрага по масовна гробница, се огласи Курти Форензичарите денеска започнаа со ископ на локација на северот од Косово, барајќи масовна гробница во која би можеле да бидат пронајдени останките на околу дваесет жртви кои се водат како исчезнати од војната во 1990-тите, објави косовскиот премиер.Околу 13.000 луѓе, вклучувајќи 11.000 косовски Албанци, претежно цивили, беа убиени за време на косовската војна 1998-1999 година, во конфликтот меѓу српските сили и косовските Албанци. Речиси 1.600 луѓе сè уште се сметаат за исчезнати, објави Индекс. Ископувањето на масовната гробница започна во селото Калудри во општина Зубин Поток на северот од Косово, изјави премиерот Курти. Властите се надеваат дека таму ќе ги пронајдат „останките на група од 23 интелектуалци од Митровица, лекари, професори и активисти за човекови права, кои беа киднапирани и се водат како исчезнати од 19 април 1999 година“, објави Курти на платформата X. Authorities of the Republic of Kosova have begun excavating a mass grave in the village of Kalludër, in the municipality of Zubin Potok. The grave is suspected to contain the long-concealed remains of a group of 23 intellectuals from Mitrovica, doctors, professors and human… — Albin Kurti (@albinkurti) July 30, 2026 Пребарувањата на локацијата започнаа три дена по апсењето на двајца Срби од Зубина Поток, според обвинителството. Властите, исто така, претходно оваа недела посочија дека на местото на настанот се пронајдени човечки остатоци, без да откријат детали. Обвинителот Блерим Исуфај денес за медиумите за време на посетата на местото изјави дека во оваа фаза од ископувањето е сè уште „прерано“ да се зборува за резултатите. „Идентификацијата бара време и почитување на строги процедури за пронаоѓање, а потоа и идентификација на секое тело преку ДНК анализа“, рече Исуфај. Речиси три децении по војната, затегнатите односи меѓу Косово и Србија, која никогаш не ја призна независноста што нејзината поранешна покраина ја прогласи во 2008 година, исто така влијаат на процесот на барање исчезнати лица. Сепак, заедничка комисија од косовски и српски специјалисти се состана за прв пат во Брисел во јануари, повеќе од две години откако беше објавено нејзиното формирање. Се очекува комисијата да иницира соработка меѓу Белград и Приштина за лоцирање на местата на масовни гробници. Меѓу исчезнатите, 1.100 жртви се косовски Албанци, додека околу 500 се Срби, Роми или припадници на други малцинства.Тагови: Косово Курти Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЕвропаЕрупција на вулканот Етна на Сицилија (ВИДЕО)Ерупцијата на вулканот Етна се случи денес по повеќе од три недели мир.Голем облак од пепел се издигна од кратерот на врвот на Ворагина, предизвикувајќи паѓање на пепел во градот Бронте на италијанскиот остров Сицилија. Вулканската пепел предизвика привремени ограничувања на воздушниот простор над вулканот, додека операциите на меѓународниот аеродром во Катанија продолжија без прекин, според локалните власти. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиГостиварци се уште без вода за пиење, анализите продолжуваат15:21Седница за пратенички прашања во Собранието15:00Град Скопје: Дезинсекција против комарци, фаза 1011:57На ГП „Богородица“за излез од државата се чека околу 20 минути08:50Нови три случаи на вирусот „западен нил“ кој го шират комарците во Скопје15:00
МакедонијаМуцунски во Вести Плус: Се разговара, на маса се и уставни измени со одложено дејствоМакедонија има само план А за ЕУ, вели министерот Тимчо Муцунски..Во Вести Плус на Канал 5 Муцунски изјави дека се разгледуваат повеќе механизми за откочување на процесот,а повторно на маса се и уставни со одложено дејство. За назначувањето на поранешниот вицепремиер за добро владеење Арбен Фетаи за специјален претставник во Брисел , решение кое предизвика бројни политички реакции, Муцунски вели дека за Владата тој бил најкометенетнен за оваа позиција. Се школувал во Белгија, имал двојно државјанство но и контакти. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter