Џеј-Зи и Ники Минаж најдобри рапер и раперка - Канал 5

Џеј-Зи и Ники Минаж најдобри рапер и раперка

Во чеcт на 50-годишнината на хип-хопот, објавена е „Билборд“ листа со 50 најдобри машки и женски рапери на сите времиња. 

Џеј-Зи и Ники Минаж најдобри рапер и раперка

Така, Ники Минаж се најде на 10-то место, со што како единствената жена во топ 10, официјално стана и најдобрата жена раперка на сите времиња.

YouTube video

„Таа несомнено го отвори патот за следната генерација раперки, а во истовреме изгради и своја оставина чие влијание не е ограничено само на светот на хип хоп“, се вели во објаснувањето.

Кога станува збор за раперот број еден - Џеј Зи е на самиот врв на листата. „Билборд“ додава дека тој се етаблирал и како бизнисмен.

YouTube video

„Можеби има и други рапери кои би можеле да тврдат дека ќе му конкурираат на Џеј Зи за престолот, но едноставно не постои никој што може да му се спротивстави на целата негова кариера - долговечноста и широчината на неговите достигнувања“, се наведува.

Мислењата на твитерџиите љубители на рап и хип-хоп, се поделени.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Утре референдумски ден „Д“ за Исланд – ќе тргне ли островската држава повторно кон ЕУ?

Исланд утре пред одлука – за или против обновување на преговорите за членство во ЕУ. 

Утре референдумски ден „Д“ за Исланд – ќе тргне ли островската држава повторно кон ЕУ?

По повеќе од деценија откако ги напушти амбициите, граѓаните на референдум ќе се изјаснат дали земјата да го продолжи европскиот пат. Ова според проценките е првиот чекор на тамошната Влада која сака да го приближи Исланд кон Брисел. Но пред клучниот ден нацијата е поделена. Според последната анкета резултатот засега е неизвесен. 46 отсто од граѓаните се за продолжување на преговорите, исто толку се против, а околу осум отсто сè уште немаат одлучено.

За Исланд едно од најчусвствителните политички прашања е контролата врз сопствените води и рибните ресурси, а граѓаните се поделени и околу воведувањето на еврото како валута наместо исландската круна, како и за трансферот на моќта за донесување одлуки на Брисел.

-Според мене мислам дека најважно е дали имаме нешто да кажеме за нашите ресурси и колкава моќ и даваме на ЕУ. Мислам дека е важно да сме свесни што губиме, а што добиваме.

- Мислам дека е многу важно што размислуваме, јас барем размислувам, за иднината, за моите деца и внуци. Сакам да имаат можности, помали такси, полесна валута како што е еврото наместо круна. Мислам дека е постабилно за нас. Ние сме мала нација и повеќето од поголемите компании користат евра. Па, зошто да не и јавноста?

-Мислам светската клима се менува. Мислам дека вреди барем да се погледне што друго се нуди таму, бидејќи ние сме мала нација, дали може да стоиме сами во менувањето на климата на светот, се дел од ставовите на Исланѓани.

Најтешкото прашање во јавноста, сепак, останува рибарството. Рибарската индустрија, столб на економијата на Исланд и симбол на националниот идентитет, се плаши дека Заедничката политика за рибарство на ЕУ ќе ги отвори исландските води за странски флоти.

-Имаме 100 посто од профитот во Исланд и сакаме така и да остане. Тоа се нашите загрижености, ако се придружиме во заедничката рибарска политика со ЕУ овој синџир на вредности, кој го генерира целиот овој профит за исландската популација, дека тоа ќе биде растргнато, велат дел од експертите.- Хеидрун Мартејнсдотер – експерт за рибарски сектор

Исланд е специфичен кандидат бидејќи веќе е силно интегриран со Унијата. Земјата е дел од Европската економска област, учествува на единствениот европски пазар и е членка на Шенген. Исланд ги напушти преговорите со ЕУ во 2013-та година откако тогашните власти по финансискиот колапс пет години претходно оценија дека економијата закрепнала и островската држава може да се потпре на сопствените сили.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Седум активни пожари во Македонија

До 13 часот регистрирани се седум активни пожари, информираат од ЦУК. 

Седум активни пожари во Македонија

Гори во општина Сарај кај село Копаница, кај гостиварско Трново, како и во општина Македонски Брод кон селата Битово, Заград и Страјане. Активни пожари има и над село Нежилово во Чашка, во општина Јегуновце кај село Копанце, над касарната во Прилеп и кај старите гробишта каде горат дива депонија и ниска вегетација. Пожар има и во околината на охридските села Велмеј и Брежани..

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Православните верници денеска го празнуваат Успението на Пресвета Богородица

Во време на болести од неа се барало здравје, во војни се барал мир, а во очај се барала надеж,  скопјани со векови најмногу клекнувале пред својата заштитничка Богородица – шепотејќи и ги своите молитви. 

Православните верници денеска го празнуваат Успението на Пресвета Богородица

Празникот Голема Богородица не е само црковна прослава, туку празник на духовноста, традицијата и едно од најстарите наследства на Скопје – а за тоа сведочат и бројните храмови кои со векови се издигале во нејзино име во градот кој ја смета за своја покровителка.

Онаа на која денеска дојдовме молитвено да и се поклониме е избраната девојка од Назарет, скромната и понизна Марија која светот не ја знаел, но небото ја знаело, која немала круна, над неа се поклонувале ангелите – порача во своето обраќање Австралиско – новозеландскиот митрополит Никола кој ја водеше литуригијата.

-Денеска земјата го испраќа своето најчисто чедо кон небото, а небото ја прима мајката на животот, денес не плачеме зошто Богородица заминува од нас и се радуваме затоа што гледаме каде води патот на оној кој што целосно му се предал на Бога. Прими ги денес нашите молитви, ти која го носеше Христа во своите раце, научи не како да го примиме во нашите срца. - Никола – Митрополит Австралиско – новозеландски

Илјадници верници денеска се упатија во храмовите низ Скопје, а добар дел од нив традиционално го посетија еден од најзначајните споменици во околината на градот – средновековниот манастир кој го носи името на денешниот празник – Успение на пресвета Богородица, издигнат во кањонот Матка пред повеќе од седум векови.

-Секојдневните грижи и брзање, по минувањето на оваа капија остануваат надвор – верниците ги препуштаат мислите на Бога и молитвите во целосен духовен мир

Здравје, спасение и простување на гревовите беа најчестите молитви меѓу верниците, кои запалија свеќи и се поклонија пред мајка Богородица. Дел од нив денеска го завршија и 14-дневниот пост и се причестија.

-Секоја година доаѓам овде, на тие што не биле им препорачувам да дојдат во овој прекрасен манастир и ова прекрасно место. Духовен и телесен е постот, се чистиш од тие телесни грешки, гревови ги правиме. Секогаш доаѓаме во овој манастир и секогаш сме тука, помагаме, се трудиме да биде се во ред и така. Целта на постот е за духовно да се изградиме себеси, ако можеме да речеме „НЕ“ на некои основни работи, понатаму во животот ќе можеме и за други. Да запалиме свеќа, да се посветиме на бога. Сите да се добронамерни, добри, со добри мисли.

Празникот не е само ден на молитва и духовност, во чест на Голема Богородица со децении трае хуманата, крводарителска традицијата. Димче Филипов, кој во својот живот 83 пати донирал од својата крв, веќе 5та година по ред тоа го прави и во Манастирот на Матка.

-Сум имал можност да видам работи кои не треба да се видат, да кажеме сообраќајки и слично, на некој некаде можеби му треба, спасување живот едноставно. - Димче Филипов – Крводарител

Додека се кажуваат молитвите, не можат а да не се забележат и фреските во овој историски манастир, кои биле нацртани од охридската сликарска школа уште во 1497 година, а денеска живописот стои на забот на времето. Во Јуни министерството за култура испрати ургенција за итно постапување до конзерваторски, но два месеци подоцна, сликата останува иста.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер