„Вашингтон пост“: Трамп сака да го забрза развојот на вештачката интелигенција,неговото семејство сè повеќе заработува од тоа.
2„Вашингтон пост“: Трамп сака да го забрза развојот на вештачката интелигенција,неговото семејство сè повеќе заработува од тоа.
3Почина синот на Синди Крафорд: Трагедија во семејството на познатата манекенка, Пресли имаше само 27 години
Шоу бизЏеј Ло има нови правила-Доста ѝ е од неуспешни врски и браковиСветската музичка ѕвезда Џенифер Лопез со нови идеа и планови кога е во прашање емотивниот живот има намера да влезе во новата 2026 година.Се чини дека мегапопуларната Џеј Ло смислила нови правила за идниот партнер кој би сакал да биде во врска со неа. Нејзиниот иден партнер ќе мора да се придржува до нив ако сака да биде во врска со Лопез. Таа зборуваше повеќе за тоа за време на нејзиниот настап во Лас Вегас минатиот викенд. Не е тајна дека поп-дивата Џенифер Лопез беше скршена од разводот од Бен Афлек, но во исто време и „отрезнета“. За време на концертот во Лас Вегас, Џенифер Лопез ја отпеа хит-песната од 1999 година „If You Had My Love“ и размислуваше за нејзиното значење денес. „Кога првпат ја испеав, бев многу млада и полна со надеж. Со текот на годините, ја пеев и кога бев тажна и кога бев среќна. А денес ја пеам од сила“, рече таа. Набргу потоа, таа ја објави својата одлука. Таа постави одредени правила во врската што нејзиниот иден партнер мора да ги почитува. „Затоа што вистината е - ако ја сакаш мојата љубов, мора да ја заработиш. Мора да се однесуваш правилно, да ме почитуваш и да ме прифатиш таква каква што сум. Мора да ме сакаш ако ја сакаш мојата љубов“, подвлече Лопез, додавајќи: „Не можеш да имаш љубов без скршено срце. Едноставно не можеш. Се согласуваш со тоа кога сакаш“, рече таа.Тагови: Џенифер Лопез Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЗабаваНа аукција се нудат речиси 300 лични предмети на Брижит БардоНа аукција се нудат речиси 300 лични предмети на славната актерка Брижит Бардо, вклучувајќи и необични предмети од нејзиниот дом. Бројни обожаватели на француската филмска икона се собраа во центарот на Париз за да ги разгледаат предметите донесени од нејзините два дома. Речиси 300 лични предмети на култната француска актерка и активистка Брижит Бардо се ставени на аукција во аукциската куќа „Друо“ во Париз. Приходот од продажбата ќе биде наменет како за нејзината фондација за заштита на животните, така и за нејзиниот единствен син. Бројни обожаватели на француската филмска икона се собраа во центарот на Париз за да ги разгледаат предметите, кои се донесени од нејзините два дома во Сен Тропе и од нејзиниот стан во Париз. Делови од нејзиниот дом се верно рекреирани во рамките на изложбениот простор. Аукцијата ја организира аукциската куќа „Милон“, а колекцијата опфаќа предмети од различни периоди на нејзиниот приватен и секојдневен живот. Меѓу предметите што се нудат на продажба се вклучени дијамантски прстени, религиозни скулптури, класични гитари и механичката машина за пишување на која таа ги пишувала своите писма и својата автобиографија. На аукцијата се нудат и поневообичаени предмети, како што се нејзиниот примерок од „Кама Сутра“, садови за готвење од марката „Ле Крузе“ (Le Creuset), кујнски прибор и запалки. „Секој предмет на продажбата носи трага од некоја средба, ангажман, момент на среќа или одредена фаза од нејзиниот живот. Тие ја раскажуваат приказната за една жена, а истовремено создаваат легенда“, изјави нејзиниот долгогодишен секретар, Франк Гију. Le dernier mari de Brigitte Bardot s'oppose à la vente aux enchères d'objets intimes de l'actrice https://t.co/6B3kVPHn6C — BFM (@BFMTV) September 21, 2026 Посебно внимание привлекуваат нејзиниот велосипед „Пежо“ и два пара кожни балетанки од брендот „Репето“ (Repetto). Бардо, која била школувана балерина, значително придонела за глобалната популарност на овој бренд. Таа своевремено побарала од производителот да создаде модел на балетанки што би можеле да се носат секојдневно – односно, и надвор од балетската сцена. На аукцијата се нуди и голем број нејзини портрети, вклучително и некои со еротска содржина. Иако почетните цени за повеќето предмети се под 100 евра, аукционерот Сесил Дипуи очекува дека големиот интерес од страна на обожавателите и љубителите на животни би можел значително да ги зголеми конечните цени. Брижит Бардо е запаметена како една од највлијателните жени на 20-тиот век. Откако во 1950-тите години стана глобална икона на модерната женственост и на сексуалната револуција, таа се повлече од актерството и се посвети на застапувањето на правата на животните. Нејзиниот подоцнежен живот беше одбележан и со бројни контроверзии, вклучително и неколку судски пресуди поради јавни изјави за кои беше оценето дека поттикнуваат расна омраза.Тагови: Брижит Бардо Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаВо текот на минатата недела се отстранети 650 кубни метри отпад од диви депонииВо текот на изминатата седмица, екипите на ЈП Комунална хигиена-Скопје отстранија 650 кубни метри непрописно одложен кабаст и градежен отпад од јавни и сообраќајни површини во сите скопски општини.Најголемо количество непрописно одложен отпад е подигнато во општината Чаир, каде што се расчистени вкупно 170 кубни метри отпад од диви депонии. Воедно, беа подигнати и транспортирани 2700 тони комунален отпад од домаќинствата и правните субјекти на територијата на градот Скопје. ЈП Комунална хигиена-Скопје континуирано реализира активности за одржување на јавната хигиена на скопските булевари и улици преку машинско миење со употреба на автоцистерни, што се одвива во доцните вечерни часови. Секојдневно, во три смени, се спроведува миење и метење и на плоштадите и пешачките мостови во централното градско подрачје, пешачките патеки и тротоарите на мостовите „Гоце Делчев", и „Слобода", како и Старата скопска чаршија.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаСДСМ: Ходник дипломатија - екскурзија со педесет души, ходник со РубиоХодник дипломатија - екскурзија со педесет души, ходник со Рубио, 5 милиони за антимон а Гета чинеше повеќе.Премиерот од Америка со порака за најголем „успех“ од посетата: грант од пет милиони долари за развој на антимон кај Крстов Дол, Луке, Крива Паланка. И со разговор во ходник со државниот секретар Марко Рубио, кој дома го продава како средба на ултра високо политичко ниво. Страшно е човек што ја води владата на земјата, неформално муабетење во ходник да го претстави како официјална средба. Средба од тој ранг се води во кабинет, во сала, со агенда и записник. Не во ходник. Не раскопчан. Не без вратоврска. Не со раце во џебови. Нема основна култура. Нема почит кон институција и кон соговорник. Нема политички бонтон. Како од пазар. Ама после изјавата дека тој е институција, што би имал почит кон други институции. Арамија е тоа. Обезбедување што го следи (затоа што е сепак загрозена личност, се виде по Фејсбук) во маици со кратки ракави и дречливи бои. Часовници од шеесет илјади евра. Неиспеглан костим и кошула од десет илјади евра – да ја импресионира американска бирократија. Еве како нè претставува самопрогласената елита. Како во кафеана. Додека сопствениот народ го нарекува талог, елитата баш се покажа. На ниво. Поведе околу педесет луѓе на народен грб. Резултатот е пет милиони долари за рудник. Знаете ли колку е тоа малку? За заштита на животна средина, на подземни води, на воздух од прашина од ископ - не стигнува ни десет пати повеќе. Антимонот не е леб и не е плата. Тоа е метал за воена индустрија. Се копа, се дроби, се топи. Од јаловината влегува во почва, во бунар, во растение. СЗО има строг лимит во вода за пиење. Европа такви ископи ги запира затоа што отровот останува, профитот заминува. Пет милиони на туѓа компанија за природен ресурс значи три работи: државата сама не работи; нема буџет за луѓето и за реките околу Крива Паланка; се дава нанадвор поради провизија. За настап на прослава фрлија 5,53 милиони евра народни од Лотарија, пари што требаше да завршат во буџет за граѓаните на Македонија. Се враќа од Америка со пет милиони долари. Концертот поскап од „стратешката инвестиција“. Делегацијата поскапа од почетокот на дупката. Ова не е дипломатија, ова е екскурзија. Ходникот не е кабинет. Грантот не е рудник. Нема агенда. Нема заедничко соопштение од Стејт Департментот. Нема потпис. Има ходник и Фејсбук-статус на арамијата Мицкоски - институција, елита. Тоа не е политика туку режија. Македонија не се мери со ходник. Се мери со тоа што останува во земјата откако ќе си заминат. Останува јаловина. И сметка. Ходникот не е Белата куќа. Фејсбук-статусот не е договор. Македонија не станува посериозна затоа што премиерот здогледал државен секретар. Станува посериозна кога ќе престане да лаже арамијата.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски: Разговарав со државниот секретар на САД, Марко Рубио.08:31Црн викенд на македонските патишта – три жртви во две сообраќајни несреќи, седуммина повредени 15:00Сиљановска-Давкова: Нека нишката што ја започнаа браќата Манаки продолжи да се ткае и ткае, со знаење, вештина, храброст....09:16Трамп не го доби Гренланд, но договори трајно американско присуство15:00Трамп потпиша закон насочен против руската нафта, гас и поддржувачите на Москва09:10
Сиљановска-Давкова: Нека нишката што ја започнаа браќата Манаки продолжи да се ткае и ткае, со знаење, вештина, храброст....09:16