Џеј Ло и Бен Афлек и официјално разведени - Канал 5

Џеј Ло и Бен Афлек и официјално разведени

Шест месеци откако поднесе барање за развод, светската музичка ѕвезда Џенифер Лопез конечно стана слободна жена.

Џеј Ло и Бен Афлек и официјално разведени

Медиумите открија дека на 20 февруари годинава официјално завршил бракот меѓу холивудскиот актер Бен Афлек и мегапопуларната пејачка Џенифер Лопез.

Иако немаа предбрачен договор, а по закон требаше да го поделат имотот, ситуацијата се промени со спогодба со посредство на адвокатката Лора Вајсер и секој од оваа врска ќе излезе со она што го стекна претходно.

Бен Афлек го задржува својот удел во „Artists Equit“, а истото важи и за Џенифер Лопез, која ги „чува своите големи проекти“ од кога се венчаа, а никој нема да плаќа алиментација, пишува TMZ.

Исто така, Џеј Ло го отфрлила и презимето Афлек, кое го додала по венчавката. Инаку познатиот пар се разведе поради, како што рекоа, „непремостливи разлики“, но признаа дека наводно повеќе им е важно да бидат пријатели.

Сепак, иако латино дивата во минатото отсекогаш зборуваше за својот брак во суперлативи, неодамна откри нови детали кои се се освен она што жената го заслужува.

Таа призна дека не е во најдобра психичка состојба, и дека учи како да биде сама.

„Мажите ви ја даваат својата љубов, цвеќиња, бонбони, дијаманти, цело време. И сè е толку розово и сончево. Но, тогаш нешто се случува. Не знам што е ова. Но, тие престануваат да те тешат и да те поддржуваат. Можеби ќе почнат да те лажат мора да знам кога е време да си заминеш“. – истакна Џенифер

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Топки мраз паѓаа од небото- невидено невреме ја погоди Франција (ВИДЕО)

Силна бура проследена со град го погоди регионот Ардеш во јужна Франција, предизвикувајќи огромна материјална штета на возилата, како и на зградите и вегетацијата.

Топки мраз паѓаа од небото- невидено невреме ја погоди Франција (ВИДЕО)

Бурата вчера ја погоди областа околу градовите Обена, Вал-ле-Бен и Лалевад д'Ардеш, а на социјалните мрежи беа објавени снимки од град со дијаметар од неколку сантиметри кој брзо ги покри улиците.

Снимките покажаа луѓе кои држат „ледени топки“ кои кршеа прозорци на нивните возила и куќи.

Според извештаите од теренот, дел од градот бил со големина на фудбалска топка, со дијаметар помеѓу пет и седум сантиметри.

Пожарникарите реагираа на неколку инциденти предизвикани од невремето, додека обилните дождови доведоа и до локални поплави.

Градоначалникот на Обена, Жан-Роман Рибеиро, ја опиша бурата како „екстремно насилна појава“ откако делови од регионот беа покриени со слој мраз и град.

Ардеш беше меѓу департманите кои претходно издадоа портокалово предупредување поради ризикот од силни бури.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Реакцијата на Мик Џегер по поразот на Англија на СП е хит (ВИДЕО)

Поразот на Англија на Светското првенство донесе и неочекувана последица, нов интернет мем.

Реакцијата на Мик Џегер по поразот на Англија на СП е хит (ВИДЕО)

Во главната улога е Мик Џегер, чија разочарана реакција по елиминацијата на Англија од турнирот брзо стана вирална на социјалните мрежи.

Фронтменот на „Ролинг Стоунс“ беше меѓу познатите фанови кои го гледаа полуфиналниот натпревар против Аргентина од трибините на стадионот во Атланта, каде што дојдоа да ја бодрат англиската репрезентација. Пред почетокот, камерите го фатија како ја пее „Sweet Caroline“, песна која стана суштински дел од навивачката атмосфера на натпреварите на Англија во последните години.

Но, како што стана јасно дека Англија губи и нема да стигне до финалето, расположението на Џегер видливо се промени. Кон крајот на натпреварот, камерата го фати како разочарано ја тресе главата, а тој краток момент веднаш стана материјал за бројни шеги и објави на социјалните мрежи.

Разочараниот Џегер стана мем

„Тоа видео на кое Мик Џегер ја тресе главата треба да стане мем“, напиша некој.

„Сер Мик кажа сè што чувствуваат навивачите на Англија“, додаде друг.

„Од 1966 година чекаме финале на Светското првенство...“, „Благодарам Светско првенство за ова видео од разочараниот Мик Џегер“ и „Цела Англија сега се чувствува како Мик Џегер“, се некои од коментарите.

И Бекамови привлекоа внимание

Џегер не е единствената позната личност чии моменти од трибините станаа вирални за време на овогодинешното Светско првенство. Сер Дејвид Бекам ги следи натпреварите на Англија во друштво на неговата сопруга Викторија и нивните деца, а токму таа предизвика бројни реакции од гледачите минатата недела.

Нејзиното сериозно лице додека остатокот од семејството ја славеше победата на Англија брзо се прошири на интернет, па самиот Бекам мораше да ја погледне ситуацијата. „Таа славеше внатре, ветувам“, напиша тој на Инстаграм со објава за реакцијата на Викторија и додаде: „Нејзините реакции беа само малку побавни од моите“.

Сепак, многумина забележаа дека поранешната членка на Спајс Грлс покажа многу повеќе емоции за време на натпреварот во среда кога Ентони Гордон постигна гол за Англија.

Иако Англија нема да игра во финалето на Светското првенство во недела, турнирот не е завршен за нив. Националната репрезентација ја чека натпревар против Франција за третото место.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Со лопата си ја убил мајка си и братот- трагедија во Сараево: Ги испратив меѓу мачениците

Полицијата во Сараево денеска уапси 43-годишен маж под сомнение за убиство на две лица, а локалните медиуми објавија дека неговите жртви се мајка и брат, кои ги убил на исклучително брутален начин.

Со лопата си ја убил мајка си и братот- трагедија во Сараево: Ги испратив меѓу мачениците

Уапсениот во медиумите е идентификуван како Аднан Локванчиќ, објави Кликс. Тој е уапсен во семејниот стан во сараевската населба Храсница, каде што полицијата го пронашла по дојава.

Полицијата накратко објави дека е приведен под сомнение за убиство на едно машко и едно женско лице и дека е во тек истрага за да се утврди што точно се случило.

Лопата и отсечена глава

Според порталот „Дневни аваз“, Локванчиќ наводно ги убил својот брат и мајка со удари со лопата. Потоа ја обезглавил мајката.

Неговиот официјален адвокат, Омар Мехмедбашиќ, потврди за медиумите дека жртвите се мајката и братот на уапсениот маж, кој веднаш најави дека ќе побара психијатриско испитување.

„Очигледно постои причина за стручно мислење на невропсихијатар, бидејќи кога го дал своето сведоштво, рекол дека ги испратил мајката и братот што ги убил меѓу мачениците на подобро место“, изјавил Мехмедбашиќ за порталот Кликс.

Семејство обележано со трагедии

Медиумите известуваат дека целото семејство во кое се случила оваа трагедија имало тежок живот, а особено било трауматизирано од фактот дека таткото извршил самоубиство со рачна граната по војната.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер