Честитка од претседателот на Уставниот суд, Костадиновски по повод 8 Септември -Денот на независноста
2Честитка од претседателот на Уставниот суд, Костадиновски по повод 8 Септември -Денот на независноста
СветЏеј Ди Венс: САД имаат многу инструменти за да го спречат Иран да се здобие со нуклеарно оружје Американскиот потпретседател Џеј Ди Венс повторно го изрази ставот дека САД се обидуваат да го спречат Иран да се здобие со нуклеарно оружје по новата рунда преговори што се одржа во Женева, објави ДПА.Претседателот Доналд Трамп „има многу можности и низа инструменти“ за да гарантира дека Исламската Република нема оружје за масовно уништување, рече Венс во интервју за Фокс њуз. Иран ги отфрла тврдењата дека тајно се обидува да развие нуклеарно оружје и вели дека има право да користи нуклеарна енергија за мирни цели. Венс го изрази овој став неколку часа по преговорите меѓу претставниците на Вашингтон и Техеран во Женева. Првата рунда разговори за намалување на тензиите меѓу двете земји се одржа претходно овој месец во главниот град на Оман, Мускат. Тензијата меѓу САД и Иран ескалира, откако Трамп во јануари објави дека „армада“ од воени бродови патува кон Иран. Американски воени бродови се стационирани во регионот во последните неколку недели.Тагови: Џеј Ди Венс Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМакедонија одбележува 35 години независност 08:0926-годишник убиен во скопски Чаир – двајца напаѓачи пукале од моторцикл и побегнале15:00Убиено е 26 годишно момче во Чаир: Двајца дошле со мотоцикл, пукале кон петмина и побегнале11:00Денеска продолжува судскиот процес за злоупотребите во Државна лотарија, во кој еден од обвинетите е Артан Груби09:18Приведен е возачот на генералниот секретар на Владата, примил мито од 500 обележани евра за да вработи пожарникар15:12
Денеска продолжува судскиот процес за злоупотребите во Државна лотарија, во кој еден од обвинетите е Артан Груби09:18
Приведен е возачот на генералниот секретар на Владата, примил мито од 500 обележани евра за да вработи пожарникар15:12
МакедонијаГаши: Честит 8 СептемвриДенот на независноста е еден од најзначајните датуми во историјата на нашата земја. 35 години живот на една држава не се многу, но се доволни за да разбереме дека државноста не се постигнува само со еден политички акт, со референдум или само со прогласувањето на независноста. Државата е нешто што се гради секој ден – со функционални институции, со еднакво право за сите, со одговорност, со работа, со образование, со економски развој и, пред сè, со луѓе кои веруваат дека нивната лична иднина е поврзана со заедничката иднина на државата. Оваа годишнина треба да ја гледаме со верба и оптимизам, преку она што сме го изградиле, но и преку она што останува да го направиме. Нашата Република е дом на граѓани со различна етничка, јазична, верска и културна припадност. Оваа разновидност не треба да биде извор на поделби, туку наша заедничка сила. Во темелите на нашата држава секогаш треба да стојат еднаквоста и чувството дека секој граѓанин има свое рамноправно место во државата. Наша заедничка должност е да градиме држава во која институциите им служат на граѓаните, во која законите се применуваат еднакво за сите, во која корупцијата не се толерира и во која европската перспектива е заедничка цел. На овој посебен ден, посакувам нашата држава да биде место во кое никој нема да се чувствува како странец, во кое разликите се можност за успех, во кое институциите се посилни од тесните интереси и во кое секој млад човек може со убедување да каже: „Тука е моето место и тука ја гледам мојата иднина.“ Со верба во граѓаните, со одговорност кон државата и со заедничка работа, да ја градиме државата што сакаме да им ја оставиме на идните генерации. Честит 8 Септември – 35-годишнината од независноста на Македонија! Африм Гаши Претседател на Собранието на МакедонијаКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМакедонија одбележува 35 години независност 08:0926-годишник убиен во скопски Чаир – двајца напаѓачи пукале од моторцикл и побегнале15:00Убиено е 26 годишно момче во Чаир: Двајца дошле со мотоцикл, пукале кон петмина и побегнале11:00Денеска продолжува судскиот процес за злоупотребите во Државна лотарија, во кој еден од обвинетите е Артан Груби09:18Приведен е возачот на генералниот секретар на Владата, примил мито од 500 обележани евра за да вработи пожарникар15:12
Денеска продолжува судскиот процес за злоупотребите во Државна лотарија, во кој еден од обвинетите е Артан Груби09:18
Приведен е возачот на генералниот секретар на Владата, примил мито од 500 обележани евра за да вработи пожарникар15:12
МакедонијаЧеститка од претседателот на Уставниот суд, Костадиновски по повод 8 Септември -Денот на независностаПо повод 8 Септември - Денот на независноста, претседателот на Уставниот суд, д-р Дарко Костадиновски, во свое лично име и во име на Судот, упатува честитка до сите граѓани. Почитувани сограѓани, Независноста е избор направен во еден историски момент, тоа е нашата колективна гордост. 8 Септември е симбол за истрајноста и потсетник за сите генерации, посветено да придонесуваме за иднината на Републиката. Љубовта кон татковината не се изразува само со почит кон минатото, туку и со одговорност кон сегашноста, преку почитување на Уставот, силни институции и доследно владеење на правото. Денес, највисок чин на патриотизам е бескомпромисната посветеност на правната држава и на принципот дека правото мора да важи подеднакво за сите. Нека ни е честит 8 Септември – Денот на независноста!Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаПочина првоборецот Илија Дуновски, член на Првата македонска ударна бригадаДенеска во Охрид почина македонскиот првоборец Илија Дуновски, учесник во Народноослободителната и антифашистичка борба од 1941 година. Дуновски, кој е роден во 1924 година во Охрид, е носител на Партизанска споменица 1941 и еден од основачите и членови на Првата македонска ударна бригада - формирана за ослободување на Македонија. Дел е и од 15-от Македонски корпус како учесник на Сремскиот фронт за конечно ослободување од фашистичкиот окупатор. На тој начин силно се втемелува во изградбата на современата македонска држава. Токму за својата храброст за време на Втората светска војна е добитник на бројни воени и општествени одликувања и признанија, меѓу кои и Орденот за храброст од поранешна СФРЈ. По повод државниот празник Илинден, пак, на 2 август 2022 година, Дуновски беше одликуван и со највисокото државно признание - Медал за храброст од страна на тогашниот претседател на Македонија, Стево Пендаровски. Признанието му беше доделено за неговата пожртвуваност и животна посветеност на високите цели на заедницата, како и за неговиот целокупен влог во слободата на македонскиот народ. Ќе остане запаметен по неговата секогаш препознатлива девиза: „Војната, како и сите животни битки, не се добиваат со оружје, туку со срце“. Погребот на Илија Дуновски ќе биде утре (9 септември) од 13 часот на Градските гробишта во неговиот роден Охрид, соопштува семејството.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМакедонија одбележува 35 години независност 08:0926-годишник убиен во скопски Чаир – двајца напаѓачи пукале од моторцикл и побегнале15:00Убиено е 26 годишно момче во Чаир: Двајца дошле со мотоцикл, пукале кон петмина и побегнале11:00Денеска продолжува судскиот процес за злоупотребите во Државна лотарија, во кој еден од обвинетите е Артан Груби09:18Приведен е возачот на генералниот секретар на Владата, примил мито од 500 обележани евра за да вработи пожарникар15:12
Денеска продолжува судскиот процес за злоупотребите во Државна лотарија, во кој еден од обвинетите е Артан Груби09:18
Приведен е возачот на генералниот секретар на Владата, примил мито од 500 обележани евра за да вработи пожарникар15:12