Џеф Безос ужива на одмор во камп за милијардери, се собираат таму секоја година (ФОТО)

Поранешната новинарка Лорен Санчез и нејзиниот вереник, сопственикот на Amazon, Џеф Безос, привлекоа внимание додека среќно се шетаа низ Allen & Co. Конференцијата во Сан Вели, честопати наречен „летен камп на милијардерите“.

За попладневната прошетка во Сан Вели, Санчез избрала бело здолниште од кашмир од Шанел, кое го спои со крем кардиган и горен дел во иста боја, пренесува Page Six. Изгледот го комплетира со бели патики и авијатичарски очила за сонце, а имаше и скапа светло розова чанта од Луј Витон.

Од друга страна, милијардерот Безос се појави во неговата карактеристична црна кошула со кратки ракави, црн елек и сиви панталони. Што се однесува до деталите, тој избра црна капа, црни чевли и црни очила за сонце. Во текот на следните неколку дена, парот ќе им се придружи на десетици други извршни директори, инвеститори, политичари и деловни лидери за да уживаат на отворено и да разговараат за бизнисот и да работат на создавање партнерства.

Други значајни присутни на конференцијата оваа година се извршниот директор на Apple, Тим Кук, извршниот директор на Дизни, Боб Ајгер, сопственикот на New England Patriots, Роберт Крафт и Warner Bros. Дискавери, Давид Заслав.

Инаку, Санчез и Безос се честа тема на бројни медиуми поради лесниот живот што го водат и патувањата на кои одат.

Почна комисиската расправа за ребалансот, ќе трае најмногу 10 дена

Скратениот буџет на обвинителствата ќе влијае на нивната независност и функционалност – државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски незадоволен од ребалансот со кој се минусира повеќе од еден милион евра во овој сектор за годинава.

На почетокот од 10 дневната дебата во собраниската комисија за финансирање и буџет рече дека загрижува тоа што се крати на се, за истраги, вештачења, одржување на системите и обуки на вработените, а во меѓувреме и Европската Комисија укажува дека ограничените ресурси може да влијаат на независноста на обвинителствата.

Штедиме на се и немаме ненаменски давачки, а сега немаме пари ниту за режиски трошоци и за исплата на склучените договори за опрема, порача Коцевски.

Незадоволни се и судските органи- од судскиот буџетски совет потенцираат дека дел од судовите немале ниту основни услови за работа за што години наназад алармира и Државниот завод за ревизија. Се жалат дека со ребалансот на буџетот нема да има за додатоци на плати за вработените, ниту за пополнување на празните работни места кои сметаат дека се потребни за нормално функционирање.

Претходно ребалансот во 40 минутно експозе пред пратениците го образложи министерката за финансии Димитриеска Кочоска. Рече дека се обезбедуваат пари кои претходно не биле испланирани- за плати, пензии, долгови, заеми.

Аргументите ги вкрстија и пратениците.

На предлог измените на буџетот за 2024 година пратениците поднесоа 58 амандмани кои треба да се разгледаат за најмногу 10 дена. Прекројувањето на државната каса денеска го искоментира и лидерот на СДСМ Венко Филипче, кој на брифинг со новинарите оцени дека е огромен процентот на јавниот долг. Заемот од Унгарија од пола милијарда наменет за бизнисот и општините според него ќе биде непродуктивен, а со тој чекор, како што рече, државата се турка кон должничко ропство.

Нетанјаху се обрати во Американскиот конгрес: нашата борба е и ваша борба

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху одржа жесток говор во Американскиот конгрес во кој апелираше САД и Израел да застанат рамо до рамо за да се спротивстават на Иран.

Нетанјаху доби овации кога излезе на говорницата за да се обрати на заедничката седница на конгресот, а пратениците постојано стануваа за да му аплаудираат во текот на речиси едночасовниот говор. Тој ги опиша САД и Израел дека се на „раскрсницата на историјата“ и оти во ова време на глобален „пресврт“ си требаат еден на друг повеќе од кога било. - нашите непријатели се ваши непријатели. Нашата борба е и ваша борба. И нашата победа ќе биде ваша победа, рече израелскиот премиер.

Највисоките хрватски функционери си ги зголемија платите за 83%

Хрватската влада денеска ја усвои одлуката за зголемување на платите на највисоките државни функционери.

Со оваа одлука, месечните примања на претседателот Зоран Милановиќ, премиерот Андреј Пленковиќ и на претседателот на парламентот Гордан Јандроковиќ од август ќе пораснат за 2.500 евра..

Основицата на платата на околу 270 функционери ќе се зголеми за 83,45 посто, па место досегашните 516 евра бруто, ќе изнесува 947 евра.

Според новите пресметки, Пленковиќ ќе има плата од 5.535 евра, а Милановиќ од 6.074 евра.

притисни ентер