Стадион од 12 милијарди долари со капацитет од 115.000 луѓе- дали на него ќе се одржи Светското првенство 2030.?
1Стадион од 12 милијарди долари со капацитет од 115.000 луѓе- дали на него ќе се одржи Светското првенство 2030.?
ЖивотЏеф Безос се затрча да ги поздрави дамите од вселената, кога се „испружи“ пред ракетата (ВИДЕО)Основачот на Amazon и Blue Origin, Џеф Безос, се „испружи“ на земја во пустината Тексас додека трчаше да ја поздрави својата свршеница Лорен Санчез и целосно женската екипа додека се враќаа на Земјата.Основачот на Amazon и Blue Origin, Џеф Безос, се „испружи“ на земја во пустината Тексас додека трчаше да ја поздрави својата свршеница Лорен Санчез и целосно женската екипа додека се враќаа на Земјата по уште една комерцијална суборбитална мисија како дел од вселенската програма на Безос. Директниот пренос на историското слетување го сними моментот кога 61-годишниот Безос падна додека трчаше околу прозорецот на капсулата во која се наоѓаше неговата свршеница. Безос, вториот најбогат човек на светот, ја пречека Лорен Санчез на вратата од капсулата. Откако го прослави историскиот 11-минутен лет со нејзиниот иден сопруг, Санчез брзо се сврте да го прегрне остатокот од нејзиното семејство кои ја чекаа на местото на слетување. "Не можам да го опишам со зборови. Ја видовме Месечината! Земјата изгледаше толку тивко... Мислам дека не можете да ја опишете", низ солзи рекла Санчез. Jeff Bezos falls face-first on national TV 🤣 pic.twitter.com/LzgJViKlvO — Matt Wallace (@MattWallace888) April 14, 2025 Безос, кој леташе на првата туристичка мисија на Blue Origin, ѝ кажа на Лорен дека искуството ќе ѝ го промени животот и беше воодушевен што и таа сега го доживеа. Лорен Санчез полета во вселената со уште пет жени, меѓу кои поп-ѕвездата Кети Пери, водителката на CBS Mornings, Гејл Кинг, активистката за човекови права Аманда Нгујен, ракетниот научник Ајша Боу и филмската продуцентка Керијан Флин. Жените летаа околу 100 километри над Земјата, веднаш над линијата Карман што ја означува границата на вселената - каде што имаа шанса да ја видат темнината на вселената, Месечината и Сината планета. Оваа мисија го претставува првото целосно женско патување во вселената по соло лет на советската космонаутка Валентина Терешкова во 1963 година. Мисијата е, исто така, 11-ти лет со екипаж во рамките на програмата Њу Шепард на Безос.Тагови: безос вселената Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПо „Безбеден град“ намален вкупниот број загинати на македонските патишта15:17Министерот Тошковски и премиерот Мицкоски во СВР Велес: „Безбеден град“ ставен во функција14:00Димитриеска-Кочоска: Бројките ја покажуваат реалната состојба, резултатите се видливи12:34Двајца загинати и тројца тешко повредени во директен судир15:00МФ: „Фич“ повторно го потврди кредитниот рејтинг ББ+ со стабилен изглед10:45
СветКушнер: Украина не сака да ѝ отстапи територија на РусијаТериторијалното прашање останува да се реши пред да може да се постигне договор за крај на војната меѓу Русија и Украина, но Киев не е подготвен на отстапки, изјави Џаред Кушнер, специјален пратеник на американскиот претседател и негов зет.Тој додаде дека американската страна изминатите девет месеци работела на други елементи од мировниот договор, вклучувајќи безбедносни гаранции и механизми за спречување на повторно разгорување на непријателствата. Кушнер истакна дека за време на преговорите во Москва, рускиот претседател Владимир Путин ги изнел своите територијални барања. „Ако Украина се согласеше да се повлече до таа линија, веќе ќе го имавме подготвено остатокот од договорот. Но, засега, украина не е подготвена да го стори тоа“, рече пратеникот на Трамп.Тагови: Кушнер Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПо „Безбеден град“ намален вкупниот број загинати на македонските патишта15:17Министерот Тошковски и премиерот Мицкоски во СВР Велес: „Безбеден град“ ставен во функција14:00Димитриеска-Кочоска: Бројките ја покажуваат реалната состојба, резултатите се видливи12:34Двајца загинати и тројца тешко повредени во директен судир15:00МФ: „Фич“ повторно го потврди кредитниот рејтинг ББ+ со стабилен изглед10:45
СветДевет лица загинаа во руски напади во Украина, десетици се ранетиБројот на цивилните жртви во Украина нагло се зголеми во последните два месеца.Најмалку девет лица загинаа, а десетици се ранети во серијата жестоки руски воздушни напади врз неколку украински области, во кои се оштетени станбени згради и критична инфраструктура, додека украинскиот претседател Володимир Зеленски соопшти дека Русија загрижувачки ја пренесува војната кон економијата со истрелување на речиси 500 дронови од раните утрински часови. Бројот на цивилните жртви во Украина нагло се зголеми во последните два месеца поради засилените руски напади врз електроцентралите и другата инфраструктура. Од своја страна, украина изведува напади врз енергетски објекти и магацини во оддалечените области на Русија, а двете страни напаѓаат и бродски пловни објекти. „Москва ја пренесува војната од фронтот, каде што не постигнува успех, кон економијата, уништувајќи објекти што му помагаат на населението да се справи со воените услови. Русија сака да ја уништи украинската економија и да го скрши нашиот отпор“, изјави Зеленски на Телеграм.Тагови: украина Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПо „Безбеден град“ намален вкупниот број загинати на македонските патишта15:17Министерот Тошковски и премиерот Мицкоски во СВР Велес: „Безбеден град“ ставен во функција14:00Димитриеска-Кочоска: Бројките ја покажуваат реалната состојба, резултатите се видливи12:34Двајца загинати и тројца тешко повредени во директен судир15:00МФ: „Фич“ повторно го потврди кредитниот рејтинг ББ+ со стабилен изглед10:45
МакедонијаМакедонија без активни пожариЦентарот за управување со кризи денеска за првпат после подолго време информира дека нема активни пожари и пожари под контрола.Во изминатото деноноќие имало вкупно 21 пожар и сите се изгаснати. На ден 12/13.09.2026 година, до 08:00 часот, регистрирани се вкупно 21 пожар на отворен простор, од кои нема активни пожари, нема пожари под контрола, а изгаснати се 21 пожар, се вели во информацијата од ЦУК.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПо „Безбеден град“ намален вкупниот број загинати на македонските патишта15:17Министерот Тошковски и премиерот Мицкоски во СВР Велес: „Безбеден град“ ставен во функција14:00Димитриеска-Кочоска: Бројките ја покажуваат реалната состојба, резултатите се видливи12:34Двајца загинати и тројца тешко повредени во директен судир15:00МФ: „Фич“ повторно го потврди кредитниот рејтинг ББ+ со стабилен изглед10:45