Цветаноски: Македонија со највисока стапка на западнонилска треска во Европа– тотална неспособност на Клековски и Мицкоски
2Цветаноски: Македонија со највисока стапка на западнонилска треска во Европа– тотална неспособност на Клековски и Мицкоски
3Лишени од слобода 13 возачи за безобѕирно управување возило, седум возеле без возачка дозвола, од кои еден малолетник
ЗабаваЏастин Бибер во чудна облека влегува во луксузен хотел на Беверли Хилс (ФОТО)Папараците го снимиле пејачот Џастин Бибер во Беверли Хилс додека влегувал во луксузен хотел.Неговата модна комбинација и изглед повторно привлекоа внимание. Џастин влегол во хотелот со шешир на главата, подрасната брада и долга коса. Носеше долна кошула, боксерки кои беа јасно видливи и панталони кои ги спушти под задникот. Ваквото облекување е стил на Џастин Бибер долго време. Додека неговата сопруга Хејли Бибер секогаш се грижи за нејзиниот аутфит, тој изгледа не се замара премногу со тоа. Речиси секогаш кога одат некаде, таа е облечена од глава до пети, а тој во панталони, влечки и капа на главата. Минатата година низ интернет се проширија фотографии на Хејли како шета по улица во тесен црвен фустан, штикли, шминка и пунџа на главата. Зад неа е Џастин - во спортски панталони и пластични влечки. Фотографиите предизвикаа бројни коментари. „Ајде да се обидеме да погодиме кој од нив знае каде оди“, „Дали воопшто одат на истото место“, „Зошто барем не облече црвени влечки“, „Би сакал да видам како изгледа кога овие двајца се подготвуваат“, се пошегуваа корисниците на социјалните мрежи. Не долго потоа, тие ги изненадија фановите и модно се поклопија на УС Опен. Поточно, не само што се поклопија туку и се облекоа идентично. Инаку, Хејли и Џастин се во брак од 2018 година, а таа наскоро треба да го роди нивното прво дете.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЦУК: Ангажирани се сите ресурси за ставање под контрола на пожарот во Палиград11:3073-годишен маж е петтата жртва од западнонилска треска18:0073-годишен маж е петтата жртва од западнонилска треска15:15Странски државјанин лишен од слобода на ГП „Табановце“ - возел 168 км/ч на место каде дозволената брзина е 80 км/ч10:1043 случаи на западнонилска треска во Македонија - вирусот првпат потврден и кај мртва птица 15:00
Странски државјанин лишен од слобода на ГП „Табановце“ - возел 168 км/ч на место каде дозволената брзина е 80 км/ч10:10
МакедонијаСДСМ: Мицкоски бара алиби за изборите - ќе му го дадат руската и српската службаМицкоски бара алиби за избори. Кажува дека нема да има предвремени избори, но може ако некој му фрли ракавица. СДСМ јасно порача дека нема да биде алиби на Мицкоски. Тој не сака да признае дека нема пари во буџетот. Сè потрошил за криминални тендери. Секоја недела нови задолжувања, но тоа нема да може да оди во недоглед. Сепак, за секое задолжување или кредит, потребни се гаранции. Со водење на ваква економија од денес за утре, нема да добие можност за ново задолжување. Го нема повеќе Орбан, па да пласира кинески пари преку Унгарија во земја членка на НАТО. Сега скока Левица, стариот добар руски сателит во заштита на Мицкоски. Мицкоски е руски прокси-играч. Исклучиво работи за лична материјална корист, но истовремено ја исполнува и руската и српската анти-ЕУ агенда. Единствено ним им одговара Македонија да остане надвор од ЕУ, како тампон-зона. Ова лично му одговара и на Мицкоски, бидејќи со ЕУ доаѓа и европското обвинителство, а тогаш некој ќе мора да одговара за криминал и корупција. Владата и Мицкоски немаат ниту еден резултат. Економија, земјоделство, образование, здравство, дипломатија - ЕУ процесот. Ништо. Вучиќ најави избори. Мицкоски мора да ги распише изборите во исто време со него. Не може да чека тој да изгуби како и другиот негов ментор Орбан, кој целосно ја изгуби власта. Мицкоски, покрај 40 проценти орбанови медиуми, воведува тешка српска медиумска артилерија преку АЛО групата и лиценцата на Euronews. Кампањата е заснована на поделби по моделот на Ванчо Михајлов. Повеќе не можат да ги користат Бугарите во кампања како минатиот пат, бидејќи се компромитираа - цело ВМРО и нивните семејства не само што имаат бугарски државјанства, туку и фирми. Потребен е нов измислен противник. Ќе го најдат, ќе го измислат кај Албанците. Веќе видено сценарио - тоа не е потребно само за националистичката кампања на ВМРО во Македонија, туку и за менторот Вучиќ. Затоа Стоилковиќ деновиве е во Србија на договори со СНС. На Мицкоски му треба алиби - ќе го добие од српските и руските служби, преку своите сателити во Македонија. Народе, гледајте го сценариото во режија на Александар Вучиќ. Мицкоски е само главната улога. СДСМ нема да учествува во оваа игра. Нема да бидеме алиби. Граѓаните заслужуваат вистина, а не режирана претстава. СДСМТагови: СДСМ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаЦветаноски: Македонија со највисока стапка на западнонилска треска во Европа– тотална неспособност на Клековски и МицкоскиДве здравствени кризи. Со водата во Гостивар, труењето на 5.000 луѓе и новата криза со епидемија од западно-нилската.Заедничко и за двете кризи е дека власта на Мицкоски задоцнето реагира. Нема капацитет да превенира и да го заштити здравјето на граѓаните, туку реагира дури откако кризата ќе ескалира. И наместо работа и Мицкоски и Клековски си заминаа на екскурзија, на одмор, среде кризи. За Гостивар се уште никој нема објавено документ, го нема целиот извештај за водата. Нема кој одобрил, кој потпишал. Нема ниту одговорен, никој од власта не одговара за пропустите, заедоцнетите реакции на здравствените институции. Кризата со западно нилската треска исто така. Повторно задоцнети реакции, пропусти, нема одговорност. Дури и со прскање на комарци закаснија. Резултатот е Македонија е земја во Европа со најмногу случаи по глава на жител. Според податоците од Европскиот центар за спречување и контрола на болести (ECDC) стапка на инциденца (случаи по глава на жител) од западнонилска треска е највисока во Македонија. Досега има пет жртви. Во моментов се хоспитализирани 21 лице. Во критична состојба се наоѓаат уште четири лица. Меѓу хоспитализираните има и едно помладо лице на 25-годишна возраст. Речиси секојдневно се примаат нови болни. Справување со епидемија не е прскање против комарци и прес-конференција. Мора да има силен системски одговор со сет на мерки и активности. Тоа досега не го видовме. Власта не успева да се справи со кризата. Видовме тотален распад, институционален колапс и неспособност. Клековски ги затвора базените кои Мицкоски ги отвораше, пред некој ден изјави дека вазните на гробиштата се проблем за комарците. Граѓаните се прашуваат знае ли Клековски што зборува, знае ли што прави? Тотален распад, неспособност. СДСМ бара повторно: Формирање Национален оперативен штаб со јасна одговорност, Национална GIS карта на епидемијата и ризикот. Интензивен ентомолошки надзор, тестирање на комарци за западно-нилски вирус. Мапирање и уништување на местата за размножување, интегрирана контрола на векторите, јавен дневен извештај за состојбата и проценка на ризикот во цела држава. Доста беа импровизации, за здравјето на луѓето се работи. Прес конференција на СДСМ, Симона Цветаноски – членка на Извршниот одборТагови: Симона Цветаноски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаЛишени од слобода 13 возачи за безобѕирно управување возило, седум возеле без возачка дозвола, од кои еден малолетникВо текот на изминатото деноноќие на целата територија на државата, полициските службеници лишија од слобода 13 возачи поради „безобѕирно управување возило“. Од нив, седум управувале возило без возачка дозвола, од кои еден бил малолетник, а еден освен без дозвола возел и под дејство на алкохол. Со брзина поголема од дозволената возел и еден странски државјанин. Тој е лишен на ГП Табановце бидејќи преку системот „Безбеден град“ било констатирано дека управувал возило со брзина од 164 километри на час, на место каде со сообраќаен знак брзината на движење е ограничена на 80 километри на час. Пет лица возеле под дејство на алкохол, од кои еден од нив учествувал во сообраќајна несреќа и се здобил со тешки телесни повреди. По целосно документирање на случаите ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, да не управуваат возило без положен возачки испит или доколку имаат изречена мерка за забрана за управување или доколку се под дејство на алкохол и сите заеднички да придонесеме за побезбеден сообраќај.Тагови: безобѕирно возење Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЦУК: Ангажирани се сите ресурси за ставање под контрола на пожарот во Палиград11:3073-годишен маж е петтата жртва од западнонилска треска18:0073-годишен маж е петтата жртва од западнонилска треска15:15Странски државјанин лишен од слобода на ГП „Табановце“ - возел 168 км/ч на место каде дозволената брзина е 80 км/ч10:1043 случаи на западнонилска треска во Македонија - вирусот првпат потврден и кај мртва птица 15:00
Странски државјанин лишен од слобода на ГП „Табановце“ - возел 168 км/ч на место каде дозволената брзина е 80 км/ч10:10