Обвинителството побара притвор за газда Деко, сега го гонат за давање поткуп во Министерството за економија
1Обвинителството побара притвор за газда Деко, сега го гонат за давање поткуп во Министерството за економија
3Медицинскиот факултет се огласи за докторот Дарко Василевски, кој штрајкува со глад поради вработувањето
Шоу бизЏастин Бибер ја откажа светската турнејаКанадскиот пејач Џастин Бибер, по неколку одложувања, ги откажа сите преостанати датуми од неговата светска турнеја. Во објавата на официјалниот твитер-профил на турнејата, не е наведена причината за ова последно откажување. „Џастин Бибер официјално ги откажа преостанатите датуми на неговата светска турнеја 'Justice'. Пријавете се кај вашето место за купување билети за враќање на парите за датумите на настапите“, се наведува во објавета на Твитер. Бибер (29) минатото лето откри дека боледува од синдромот „Рамзи Хант“, што му предизвикува парализа на лицето. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПосетата на Фон Дер Лајен ја вжешти политичката реторика меѓу власта и опозицијата 15:00АНБ откри руска пропагандна мрежа во Македонија09:49Прв академски час почнува студиската 2026/2027 година08:35Тројца од обвинетите за фалсификувани возачки дозволи признаа вина - осудени се на затворски казни15:00Македонски дипломат бил повикан во бугарското МНР, откако на бугарски пратеник не му бил дозволен влез во земјава08:45
Тројца од обвинетите за фалсификувани возачки дозволи признаа вина - осудени се на затворски казни15:00
Македонски дипломат бил повикан во бугарското МНР, откако на бугарски пратеник не му бил дозволен влез во земјава08:45
МакедонијаОбвинителството побара притвор за газда Деко, сега го гонат за давање поткуп во Министерството за економија Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кривично дело - Давање поткуп од член 358 став 1 од Кривичниот законик.Осомничениот дал поткуп на службено лице во Министерството за економија за да изврши службено дејствие што не смеел да го изврши, односно да му обезбеди лиценца за вршење угостителска дејност, без воопшто да поднесе барање за лиценца и во услови кога знаел дека неговиот објект не исполнувал законски услови. Поради опасност од бегство на осомничениот за ова кривично дело за кое е предвидена казна затвор од 1 до 10 години, како и фактот дека против него се води уште една кривична постапка за Тешки дела против општата сигурност, јавниот обвинител до Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка притвор. Имено, осомничениот до сега беше обезбеден како обвинет во друга постапка. Но, со оглед на тоа што во однос на тоа дело истекуваат законските рокови за обезбедување, а јавниот обвинител од ОЈОГОКК продолжува да прибира докази во однос на дејствијата на поткуп, тој процени дека ризиците за обезбедување на осомничениот се големи и побара да му биде определена притворска мерка. Јавното обвинителство оценува дека притворот е апсолутно неопходна мерка за обезбедување на присуството на овој осомничен, ценејќи ги сите околности и основи. Службеното лице кое го примило поткупот веќе е обвинето и против него се води судска постапка за дејствија на примање поткуп, соопштуваат од Обвинителството. Инаку денеска беше последниот ден кога Обвинителството требаше да се произнесе по укинувањето на притворот на Дејан Јованов- Деко, сопственик на дискотеката Пулс и првоосомничен во случајот. Претходно неговата одбрана понуди 200.000 евра како гаранција, за газда Деко на 3 октомври да се брани од слобода. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветКина го прекина извозот на горива Рафинериите во Кина го прекинаа извозот на нафтени производи во сите региони освен во Хонг Конг и Макао.Рафинериите во Кина го прекинаа извозот на нафтени производи во сите региони освен во Хонг Конг и Макао, изјавија за Ројтерс четири извори запознаени со ова прашање, што дополнително ги оптовари глобалните пазари кои веќе се стегнати поради војната во Иран. Пекинг го ограничи извозот на гориво во март откако почетокот на американско-израелската војна против Иран ги прекина испораките на нафта од Блискиот Исток за Кина, најголемиот увозник во светот. Ограничувањата беа повторно ублажени помеѓу јули и септември. Сега Пекинг повторно се фокусира на обезбедување залихи за својот домашен пазар, а државната нафтена компанија „ПетроКина“ откажа неколку пратки бензин и керозин што беа закажани за октомври, изјавија за Ројтерс три извори. Поголема нестабилност за глобалните пазари Повеќето од пратките што сега се откажани се извршени од компанијата во последните две недели, додадоа изворите, кои разговараа со Ројтерс под услов да останат анонимни бидејќи не беа овластени да зборуваат со медиумите. Официјален Пекинг одредува извозни квоти на месечна основа со цел да управува со снабдувањето со гориво, но денеска во Кина започна еднонеделен одмор, а рафинериите не добија зелено светло за октомвриските испораки на гориво во странство. Рафинеријата на „Жеџијанг Петрохемикал Корп“ (ZPC) не закажала испораки на гориво за време на празниците, изјави четврти извор. „ПетроКина“, ZPC и Националната комисија за развој и реформи не одговорија на барањата на „Ројтерс“ за коментар во текот на празничната недела. Испораки само до Хонг Конг и Макао Кина има најголем капацитет за рафинирање во светот, но во извозот на гориво обично заостанува зад Индија и Јужна Кореја, забележува „Ројтерс“. Во моментов не е јасно дали Пекинг ќе продолжи да издава дозволи за извоз на рафинериите кога ќе заврши празникот следната недела, велат изворите, додавајќи дека тоа ќе зависи од нивото на домашни залихи на гориво и производството на рафинериите. Во јули, кинеските рафинерии го зголемија извозот откако Пекинг ги ублажи ограничувањата за извоз, а податоците од царинската служба на Кина покажаа дека вкупните испораки на бензин, дизел и керозин достигнаа 4,58 милиони тони во август. Во септември, рафинериите натоварија 1,4 милиони тони дизел, 500.000 тони бензин и најмалку два милиони тони керозин за извоз, вклучувајќи ги и пратките до Хонг Конг и Макао, покажаа трговските проценки.Тагови: горивата Кина Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаМедицинскиот факултет се огласи за докторот Дарко Василевски, кој штрајкува со глад поради вработувањето Вечерва со став се огласи Медицинскиот факултет во Скопје, откако беше објавена сторијата на докторот Дарко Василевски, кој веќе два пати се обидува да се вработи Институтот за МЕП физиологија со антропологија и затоа денеска почна штрајк со глад.Во врска со објавениот јавен оглас 01/2026 на Медицинскиот факултет во Скопје, во состав на Универзитетот „Св.Кирил и Методиј“ – Скопје, за засновање на работен однос на 4 (четири) доктори по медицина од кои 2 (два) извршители за Институтот за медицинска и експериментална физиологија со антропологија, Ве известуваме за следното: Постапките за вработување на доктори по медицина, Факултетот ги спроведува врз основа на Законот за високото образование, Законот за вработените во јавниот сектор и Законот за работните односи. Јавниот оглас беше спроведен од страна на Комисија за селекција на кандидати составена од тројца реномирани професори на Медицинскиот факултет во Скопје, воедно раководители на Институтите на факултетот, каде се вработуваа докторите по медицина. Комисијата за селекција ги провери доставените документи на пријавените вкупно седум кандидати за работното место на кое конкурираше и кандидатот доктор Дарко Василевски и утврди дека истите се уредни пријави. Со сите пријавени кандидати комисијата спроведе интервју. По спроведеното интервју, Комисијата за селекција предложи два кандидата кои ги исполнуваат општите и посебните услови за засновање на работен однос со Факултетот. Постапката за вработување која ја спроведе Медицинскиот факултет во Скопје, беше објективна и транспарентна и во ниту една фаза од истата, доктор Дарко Василевски не беше доведен во понеповолна положба од останатите кандидати. Особено нагласуваме дека избраните кандидати се далеку подобро рангирани по основ на постигнатиот успех од формалното образование и резултатите од интервјуто. Д-р Дарко Василевски е уредно известен за исходот од постапката односно кои кандидати се избрани со цел засновање работен однос. Доколку кандидатот доктор Дарко Василевски смета дека некое право од постапката за вработување му е ускратено истиот своите права може да ги оствари пред надлежните институции. До денес факултетот нема добиено известување од ниту една надлежна институција дека кандидатот официјално се обратил во врска со наведениот Конкурс за вработување. Исто така, до Факултетот не е доставено ни известување за евентуално поднесена претставка до Комисијата за спречување и заштита од дискриминација. Доколку Факултетот добие претставка во законски предвидениот рок ќе се произнесе по истата. Универзитет „Св.Кирил и Методиј“ – Скопје Медицински факултет во СкопјеКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter