Џастин Бибер ги отфрли наводите дека Диди сексуално го злоупотребувал - Канал 5

Џастин Бибер ги отфрли наводите дека Диди сексуално го злоупотребувал

Џастин Бибер конечно проговори за гласините што го поврзуваат со американскиот рапер Шон Комбс, попознат како Диди, само неколку дена откако почна судењето на поранешниот музички магнат под обвинение за сексуални злосторства.

Џастин Бибер ги отфрли наводите дека Диди сексуално го злоупотребувал

Диди (55) се соочува со низа кривични пријави, па меѓу обожавателите, откако почна сѐ тоа, се проширија стравувања дека Бибер (31) можеби бил една од жртвите раните свои години во музичката индустрија. Сепак, канадскиот поп-пејач вчера индиректно, но конкретно одрече дека бил жртва на Диди. Имено, извори блиски до пејачот за „Ти-ем-зи“ (TMZ) изјавија дека „Диди никогаш, на ниту еден начин, не го злоставувал“ Џастин.

„Иако Џастин не е меѓу жртвите на Шон Комбс, има луѓе кои тој навистина ги повредил. Пренасочувањето на фокусот од тој факт ја намалува борбата за правда што овие жртви со право ја заслужуваат“, додаде претставникот на младиот пејач.

Како започна нивното пријателство? Тие двајцата се запознале преку менторот на Џастин - Ашер (Диди, пак, му беше ментор на Ашер). Бибер открива дека Диди тогаш го поканил во неговата куќа во Њујорк, каде што разговарале за музиката и целата индустрија. Бибер често нагласуваше колку бил исплашен и возбуден...

Во 2009 година, младиот Бибер објави видео наречено „48 часа со Диди“, на коешто тинејџерот Бибер се дружи со музичкиот магнат, сега обвинет за сексуална трговија и напади.

YouTube video

Се дружеа потоа со години, но по апсењето на Диди, Бибер се огради од него. Гласините потоа посочуваа низ што можел да минува младиот Бибер на почетокот на својата кариера. /МИА

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Усвоен законот за органодарителство

Собранието ги усвои измените и дополнувањата на Законот за земање и пресадување делови од човечкото тело заради лекување, со што се отвора можност секој полнолетен граѓанин лично да се изјасни дали сака да биде органодарител по својата смрт.

Усвоен законот за органодарителство

Законот, кој беше донесен по скратена постапка, доби поддршка од 58 пратеници, додека шест гласаа против.. Од министерството за здравство оценуваат дека со овие измени значително се унапредува правната и институционалната рамка за органодарителство и трансплантација во земјата.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

„Гответе со Дракче“ - Оризови топчиња

Во вторник (23.06.2026) во емисијата гостин ни бeше Анита Бошкова.

„Гответе со Дракче“ - Оризови топчиња

Состојки за денешниот рецепт:

250 - 300 гр. ориз

2 парчиња пилешки стек

3 парчиња моркови

1 мала главица кромид

половина китка магдонос

масло

сол, бибер и др. зачини по избор

Погледнете како се подготвува овој рецепт:

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Нагелсман по дебаклот: „Не бегам, не поднесувам оставка“

Јулијан Нагелсман останува на клупата на Германија по дебаклот на Светското првенство и поразот од Парагвај на стартот на  елиминациската фаза, тој не планира да поднесе оставка и сака да се подготви за идните предизвици.

Нагелсман по дебаклот: „Не бегам, не поднесувам оставка“

Фудбалската репрезентација на Германија доживеа уште едно фијаско и на третиот Мундијал во низа останува без триумф во нокаут фазата.

По титулата во Бразил, Германија беше елиминирана во групната фаза во Русија и Катар, додека сега во САД, Мексико и Канада успеа да ја помине барем првата фаза, пред да налета на Парагвај.

Парагвајците досега покажаа малку, но со многу среќа поминаа во втората фаза и таму „покажаа заби“ на Германија, која ја исфрлија на пенали, со што го уништија митот за талентираниот тренер Јулијан Нагелсман.

И покрај срамната елиминација Нагелсман не размислува на поднесување на оставка, тој планира да остане на клупата до крајот на договорот.

„Тука сум. Ако Германската фудбалска федерација сака да останам до 2028 година, тогаш ќе останам. Ако не, тогаш ќе си одам“, рече Нагелсман.

„Не сум некој што бега. Тука сум ако тоа го сака Германскиот фудбалски сојуз. Ако не ме сакаат, мора да ми кажат. Сакам да продолжам. Во фудбалот немате целосна контрола. Ако сакаат да останам, со задоволство ќе се подготвам за Европското првенство и Лигата на нации. Ако не ме сакаат, мора да го кажат тоа“, нагласи Нагелсман, кој е најмладиот тренер на Светското првенство со 38 години.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер