3Првиот регистриран случај од западно-нилска треска годинава во Европа е во Македонија, досега има 8 заболени
ЗабаваЏаред Лето покажа тело на супехерој и собра половина милион лајкови (ФОТО)50-годишниот Џаред Лето се чини дека не старее.Актерот објави две фотографии направени на снимањето на неговиот нов филм Mobius. На нив позира без кошула пред огледало и го покажа своето торзо, извајано до совршенство. „Ѕирнете зад сцената на Мобиус - време за шејк после тренинг“, напишал Лето и собра половина милион лајкови. View this post on Instagram A post shared by JARED LETO (@jaredleto) Лето мораше да го доведе телото во форма на суперхерој, бидејќи во филмот Мобиус го игра главниот лик, лекар кој развива вампирски супермоќи додека се обидува да ја излечи својата ретка крвна болест. "Нема да ја откријам тајната на мојот изглед. Оставете ги луѓето да погодат. На крајот, тоа навистина не е важно", рече тој во интервју за Men's Health во март.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЕвропаПожарот сè уште е на 15 километри од БордоФранцуските медиуми известуваат дека пожарот се приближил на 15 километри од метрополитенската област на Бордо, во близина на Мартињас-сир-Жал. Нова мапа покажува дека најактивните жаришта остануваат западно од Бордо, околу Лантон и во правец кон Аркашон. Француските медиуми известуваат дека пожарот се приближил на 15 километри од метрополитенската област на Бордо, во близина на Мартињас-сир-Жал. Поради тоа, од особена важност е одбраната на патот RD5 во близина на Благон и Оданж. Локалниот градоначалник предупреди дека пожарот не смее да ја премине другата страна на патот, бидејќи тоа би отворило нов пат за ширење на огнената стихија кон областа на Бордо. Засега, кон самиот град се шири помалку чад отколку претходно. Квалитетот на воздухот над Бордо на мапата е означен како умерен, додека подалеку на запад – поблиску до пожарот – тој останува лош.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаНиколоски: Извештајот на Светска банка мотив за уште поголема работа и посветеностИзвештајот на Светска банка според кој Македонија е со најголем раст на авио летови и туризам во Европа и Централна Азија мотив за уште поголема работа и посветеност“ИЗВЕШТАЈОТ НА СВЕТСКА БАНКА СПОРЕД КОЈ МАКЕДОНИЈА Е СО НАЈГОЛЕМ РАСТ НА АВИО ЛЕТОВИ И ТУРИЗАМ ВО ЕВРОПА И ЦЕНТРАЛНА АЗИЈА, МОТИВ ЗА УШТЕ ПОГОЛЕМА РАБОТА И ПОСВЕТЕНОСТ”– напиша заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски на својот фејсбук стaтус и додаде: “Македонија забележува рекордна статистика во растот на туризмот преку авиосообраќајот во услови на светска криза, исклучителен успех што е препознаен од страна на Светска банка. Успехот и растот на авиосообраќајот во Македонија е нотиран во анализата на Светска банка за раст на туризам. Со раст од 40% на годишно ниво, Македонија е препознаена како најдобар пример за држава со најголем раст во патници на пристигнување во Европа и Централна Азија. Со мерката за субвенционирање на нови авиолинии и успесите што ги постигнуваме, Македонија е позиционирана на врвот во привлекување нови туристи и придвижување на економијата преку туризмот. Овие успеси се потврдуваат и преку работата на охридскиот аеродром каде само во еден ден опслужени се рекордно преку 3 илјади патници, што за аеродром од овој тип е огромен успех. Продолжуваме во следниот период со уште повеќе инвестиции во авиосообраќајот и туризмот. Линк до објавата: https://www.facebook.com/share/p/1BgoJgFzdZ/Тагови: Александар Николоски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиВодата во Гостивар може да се користи само како техничка, не и за пиење и готвење08:48Водата во Гостивар може да се користи како техничка, но не и за пиење и готвење15:04Тошковски: Во Гостивар има техничка вода, но за пиење и подготвување на храна уште да се користи флаширана11:20Гостивар се очекува денеска да добие техничка вода 08:11Скопје се сеќава- 63 години од катастрофалниот земјотрес во ’63-тата15:35
Тошковски: Во Гостивар има техничка вода, но за пиење и подготвување на храна уште да се користи флаширана11:20
МакедонијаГерасимовски: Претпоследна фаза од реконструкцијата на „Ленинова“Претпоследна фаза од реконструкцијата на „Ленинова“, асфалтиран и кружниот тек на крстосницата со „Орце Николов“.Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, изврши увид во градежните активности во рамки на претпоследната фаза од реконструкцијата на улицата „Ленинова“. Во тек е поставување на втор слој асфалт на потегот од булеварот „Партизански одреди“ до крстосницата со улицата „Илинденска“, во должина од 412 метри. Се асфалтира и кружниот тек на крстосницата со улицата „Орце Николов“. Ова сообраќајно решение останува како трајно, бидејќи се покажа како успешно во намалување на бројот на сообраќајни несреќи. Во рамки на досегашните активности, од двете страни на улицата се поставени нови пешачки патеки со вкупна должина од 825 метри. Подигнати и нивелирани се сите сливници и улични шахти, а поставени се и нови рабници. Паралелно се работи на реконструкција на постојната мрежа за јавно осветлување, додека во наредниот период е предвидено и поставување ново урбано зеленило, делумно во жардињери. Реконструкцијата на вториот дел на „Ленинова“ го опфаќа потегот од булеварот „Партизански одреди“ до објектот на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, во должина од над 600 метри. „Со ова го заокружуваме уредувањето на улицата „Ленинова“ како една од клучните сообраќајници во општината. Општина Центар континуирано вложува во современа, безбедна и функционална инфраструктура, со цел побезбеден и поефикасен сообраќај за сите учесници“, истакна градоначалникот Горан Герасимовски. Првиот дел од улицата беше реконструиран во 2023 година, од булеварот „Партизански одреди“ до „Клубот на пратеници“.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook