Џафери се уште не се изјаснува за барањето за итна седница на Парламентот

-Институциите и државата не може да функционираат на овој начин, сметаат дел од пратениците со кои разговаравме, дотолку повеќе што Владата е техничка и беше формирана за организирање избори.

Претседателот на Собранието Талат Џафери се очекува во текот на денот да се изјасни за барањето за итна седница на која како што предложија триесет и петмина пратеници кои се потпишаа на иницијативата на СДСМ би требало да бидат потврдени двете одлуки на претседателот на државата за прогласување вонредна состојба поради Ковид-19. Џафери, според Деловникот и законите, нема рок ниту обврска да одговори на ова барање.

Во свои претходни изјави тој кажа дека Парламентот не може по самораспуштањето на 16 февруари повторно да биде свикан. Па, така, првото барање за воведување вонредна состојба што до него го достави премиерот Оливер Спасовски, тој не го проследи до пратениците туку директно до претседателот на државата Стево Пендаровски, кој ја прогласи вонредната состојба. По втор пат исто така Пендаровски прогласи продолжување на вонредната состојба.

Партиски извори за МИА велат дека се поизвесно е дека Џафери нема да свика седница, и оти во тој случај треба што поскоро да се оди на избори. Во ваква ситуација поради мерките за спречување на ширењето на коронавирусот, здравствените власти се тие кои треба да дадат одговор кога реално би можело да има избори.

-Институциите и државата не може да функционираат на овој начин, сметаат дел од пратениците со кои разговаравме, дотолку повеќе што Владата е техничка и беше формирана за организирање избори. Децидни се дека потпретседателите на Собранието не можат да свикаат седница, туку единствен кој може е Џафери и никој друг.

Триесет и пет пратеници од СДСМ и нивни колеги од НСДП, ЛДП, Алијансата на Албанците, ДПА, Беса, Алтернатива и пратеници од независната пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ до Собранието вчера поднесoa барање за свикување итна седница за да се потврдат одлуките за прогласување вонредна состојба поради пандемијата со Ковид-19 од страна на претседателот на државата.

Тие бараат врз основа на член 63 став 4 од Уставот, член 15 став 4 од Изборниот законик, како и врз основа на членовите 67 и 68 став два од Деловникот Собранието од претседателот на Собранието да свика итна собраниска седница со две точки на дневниот ред и тоа потврдување на одлуките на претседателот за прогласување на вонредна ситуација на целата територија на државата од 18 март и од 16 април оваа година.

Различни толкувања на Деловникот, Уставот и законите

Потпретседателката на Собранието Фросина Ременски од СДСМ денеска изјави дека пратениците во овој парламентарен состав имаат мандат до верификација на мандатот на следниот пратенички состав.

– Нашиот мандат трае и уставотворецот дал одредени правни можности и ситуации во кој случај и така распуштено Собрание да заседава и да донесува одлуки во интерес на состојбата во која се наоѓа државата, изјави за „Утрински брифинг" Фросина Ременски.

Пратениците, според неа, имаат легитимно право да поднесуваат иницијативи, а јавноста треба да знае за што поточно инсистираат пратениците.

-Со Џафери имаме комуникација. Конкретно немам разговарано на конкретните прашања, освен што ги слушам неговите аргументи кои ги изнесува во јавноста, што е негово легитивно право. Но, секако и пратениците имаат исто така легитимно право да поднесуваат иницијативи пред претседателот на кои тој треба да одговори. Не навлегувам во тајмингот кога ќе одлучи по иницијативата, верувам дека ќе биде многу брзо. Очекувам да има поинакви аргументи од оние кои беа дадени во месец март. Сега имаме поинаква ситуација, односно истечени рокови коишто во Уставот се определени со одлука за самораспуштање на Собранието. Собранието сметам дека час поскоро треба да ги потврди одлуките за прогласување на вонредна состојба, а со тоа да се даде валидност и верификација, вели Ременски.

Претседателот на Алијанса на Албанците Зијадин Села смета дека експертите треба да кажат што налага Уставот во однос на иницијативата за свикување на Собранието.

-Ние како Алијанса за Албанците уште пред да почне иницијатива за собирање потписи за да се свика седница на Собранието, ден претходно имав изјава со која најавив иницијатива до Уставен суд за одлуката за вонредна состојба, а целта ни беше собирање на Собранието, пред се од процедурален аспект и да се почитува тоа што со Устав ја организираме Македонија како држава. Таа не е претседателска, туку парламентарна демократија, вели Села.

Од друга страна, пак, поранешниот претседател на Собранието и професор по уставно право Саво Климовски има спротивен став. Тој смета дека не постои основ во вакви околности да биде свикан собраниски состав кој е веќе распуштен.

-Пратениците веќе се самораспуштиле и го чекаат денот на изборот на новите пратеници за да им го предадат мандатот. Тие се веќе бивши. Треба да бидат свесни дека се веќе бивши пратеници, вели Климовски.

Според него, ниту членот 63 од Уставот кој предвидува продолжување на мандатот на пратениците во вонредна или воена состојба не може да биде алиби за ваквиот потег бидејќи Пендаровски, како што наведува Климовски, неуставно ја продолжил вонредната состојба за уште 30 дена.

ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ претпладнево повторно преку соопштенија ги потврдија веќе утврдените ставови.

СДСМ обвинува дека опозицијата е заглавена во антидемократска и деструктивна фаза,ви оти за лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски и за ВМРО-ДПМНЕ Собранието е најголемиот непријател.

-Со таквото однесување, ВМРО-ДПМНЕ уште еднаш покажа дека е против силен и независен законодавен дом, што и не зачудува бидејќи навиканти од времето на режимот, во белиот дворец, сакаат да имаат контрола над се, на секоја институција во државата, посочуваат од СДСМ. Според нив, поднесената иницијатива на пратениците за свикување на седница во Собранието е демократски порив – Собранието да се состане и да се потврдат одлуките на Претседателот на државата и парламентот да биде во функција и контрола на извршната власт, како што впрочем е и во секоја демократија.

За ВМРО-ДПМНЕ, пак, само 30-тина од 120 пратеници ја поддржуваат противуставната борба за фотелја на лидерот на СДСМ Зоран Заев.

-СДСМ е единствената партија во светот чиј лидер спасот од одговорност го гледа во борбата за фотелја наместо во борба за здравјето на граѓаните. Додека Заев е таков Спасовски пак е единствениот премиер кој поради непостоечки случај на корона се смести себе си во изолација и половина влада. Толку се неспособни што министерот за здравство не може да ја заштити сопствената влада, а камо ли да го заштити народот. Заев очигледно е подготвен по цена и на животи да се бори за фотелја затоа што така мисли ќе се спаси од одговорност за криминалот. Тој е подготвен да го крши Уставот и да враќа веќе распуштено собрание што би било уште еден голем преседан и брутално газење на Уставот, наведуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Дали Хамас ќе ја прифати дарежливата понуда на Израел?

Американскиот државен секретар Ентони Блинкен денеска во Ријад изјави дека се надева дека палестинското движење Хамас ќе ја прифати „исклучително дарежливата“ понуда за запирање на израелската офанзива во Појасот Газа.

„Хамас има понуда пред себе која е крајно, крајно дарежлива од израелска страна“, рече Блинкен на Светскиот економски форум, пренесува Тајмс оф Израел.

Тој нагласи дека Хамас мора брзо да донесе одлука за понудата.

„Се надевам дека ќе донесат правилна одлука“, рече Блинкен.

Делегација на Хамас денеска престојува во Каиро за да преговара за прекин на огнот во Газа.

Во саботата, висок функционер на Хамас, Калил ал-Хаја, рече дека групата го разгледува предлогот на Израел, но не даде детали.

Тој истакна дека понудата на Израел за примирје е одговор на предлогот на Хамас испратен пред две недели.

Светските медиуми објавија дека предлогот предвидува примирјето, доколку биде склучено, да биде претставено како „хуманитарен прекин на огнот“.

Хамас би ги ослободил заложниците во замена за неколкунеделен прекин на огнот и ослободување на палестинските затвореници во израелските затвори.

Разговорите се во застој за двете главни прашања, Хамас бара израелските трупи да се повлечат од Газа и да го прекинат конфликтот и детали за бројот и имињата на палестинските затвореници во израелските затвори.

Некои извештаи сугерираат дека Израел покажал подготвеност да направи дополнителни отстапки во иднина, вклучително и повлекување на силите кои го преполовија Појасот Газа и дозволувајќи им на жителите да се вратат на север.

Блинкен денеска отпатува за Саудиска Арабија, каде една од темите на разговор ќе биде војната меѓу Израел и Хамас и повоената иднина на Газа.

Шефот на американската дипломатија ќе разговара со саудиски претставници во Ријад, а ќе има средба и со министрите за надворешни работи на Советот за соработка на арапските држави од Персискиот залив.

Тој ќе се сретне со министрите на Саудиска Арабија, Египет, Јордан, Катар, Обединетите Арапски Емирати, како и со палестинската управа.

По Саудиска Арабија, Блинкен ќе ги посети Јордан и Израел.

Тренчевска: До 2028 година 70% од децата ќе бидат вклучени во предучилишно воспитание

Ко-носителката на листата за пратеници, Јованка Тренчевска на изборната единица број 4 на СДСМ од вечерашната трибина во Неготино порача дека пораката која граѓаните ја испраќаат е примена.

Ко-носителката на листата за пратеници, Јованка Тренчевска на изборната единица број 4 на СДСМ од вечерашната трибина во Неготино порача дека пораката која граѓаните ја испраќаат е примена, но дека знае дека градењето на систем е многу поважно за граѓаните отколку само популистички мерки кои не оставаат долготрајни траги во подобрувањето на квалитетот на живот на граѓаните!

„Во 2016 година затекнавме детска заштита со опфат на деца во градинките од само 25%, куп лажни ветувања и сон за брза изградба на 100 градинки од нашите политички опоненти. Од 2017 година до денес, владата предводена од Социјал-демократскиот сојуз отвори 84 нови градинки и опфатот на деца го зголеми на 48%! Вие сте сведоци на нашето вложување во Неготино, во градинката „Фемо Кулаков“, објектот „Темјанушка“ каде инвестиравме и ги зголемивме капацитетите овозможувајќи детска заштита за дополнително 161 дете“ рече Тренчевска објаснувајќи ги заложбите на СДСМ за унапредување на детската заштита.

Таа посочи дека до 2028 година опфатот на деца во предучилишно воспитание и образование ќе се зголеми на 70% и дека патот кон исполнување на таа цел ќе се потврди со отворањето на 14 нови градинки во 2024 година!

Тренчевска истакна дека покрај влогот во најмладите СДСМ вложува и во највозрасните!

„Инвестираме во државни старски домови. Во поголеми пензии. Најниска пензија 20000, просечна 30000 денари. Поголеми плати. Минимална плата 36000 денари, просечна плата 67000 денари. Пoголеми права од социјална и детска заштита за 30%. Нови услуги за највозрасните достапни во сите 81 општина“ изјави Тренчевска.

На крај таа повика сите граѓани да ја заокружат опцијата со број 1 на изборите, затоа што нема друг начин Македонија да чекори напред, се наведува во партиското соопштение.

Ролинг Стоунси ја започнаа американската турнеја со распродаден концерт во Хјустон (ВИДЕО)

Легендарната рок група Ролинг Стоунс вчера со концерт во Хјустон ја започна својата турнеја во Северна Америка.

Според американските медиуми, обожавателите на Стоунс патувале од различни американски градови за да го видат еден од најголемите бендови во историјата на рок музиката, загрижени дека ова би можело да биде нивната последна турнеја, пренесува Ројтерс.

Настапот на Стоунс во Хјустон беше првиот од 16-те претстави што бендот ги планираше низ САД и Канада до јули оваа година.

Британскиот рок бенд, кој беше формиран пред повеќе од шест децении, го отвори своето шоу во Хјустон со песната „Start Me Up“, а фронтменот на бендот, 80-годишниот Мик Џегер, се прошета на сцената во јакна на пруги и сива кошула со светки.

Со Џегер, на сцената излегоа Кит Ричардс (80) и Рони Вуд (76), преживеаните членови на јадрото на Стоунси.

притисни ентер