Џафери се сретна со потпретседателката на НДИ, Шари Брајан

Претседателот на Собранието Талат Џафери се сретна со потпретседателката на Националниот демократски институт (НДИ), Шари Брајан.

Џафери изрази задоволство од досегашната соработка со НДИ и го нагласи придонесот на Институтот за Собранието преку разните проекти и програми.

– Во оваа насока, тој особено ја истакна Програмата за парламентарна поддршка чиј донатор е Швајцарската агенција за развој и соработка која го поддржува Собранието во своите напори за независност преку градењето на капацитети за институционален развој, градењето на консензус, структурни реформи, зајакнување на законодавната и надзорната улога на Собранието, како и транспарентноста и отчетноста, соопштија од кабинетот на Џафери.

На средбата Брајан му честитала на Џафери за учеството на Северна Македонија на Самитот на НАТО во Лондон и за напорите на Собранието за институционална независност.

– Таа ги оцени „Планинските разговори" за независноста на службата на Собранието како успешни и истакна дека Програмата за парламентарна поддршка на Собранието е најзначајната парламентарна програма која НДИ ја имала досега и таа може да послужи како позитивен пример за другите земји, информираа од кабинетот на претседателот на законодавниот дом.

Џафери се согласил дека, „Планинските разговори" кои се одржаа во Берово оваа година биле успешни и информирал дека во тек е изготвувањето на конечниот текст на предлог-законот за Собрание во делот за службата на Собранието, што ќе придонесе за постигнување на независноста на службата и подобрувањето на комуникацијата и координацијата со извршната власт.

Унион Берлин му врачи отказ на Бјелица

 Бундеслигашот Унион Берлин се раздели со тренерот Ненад Бјелица, ден откако клупскиот претседател изрази поддршка на хрватскиот стратег.

Унион загуби со 3-4 на домашен терен од ривалот за испаѓање Бохум во неделата и се наоѓа на еден бод и едно место над плеј-офот за опстанок на два натпревари до крајот на сезоната.

Бјелица седна на клупата на Унион во ноември откако Урс Фишер беше отпуштен по серијата слаби резултати, и покрај тоа што го обезбеди првиот настап во Лигата на шампионите претходната сезона.

Унион соопшти дека клубот на двата завршни натпревари ќе го предводат Марко Гроте, заедно со сегашниот помошник тренер Мари-Луиз Ета, првата жена која предводеше машки тим на натпревар од Бундеслигата.

Макрон ја поздрави намерата на Кина да се воздржи од продажба на какво било оружје на Москва

 Францускиот претседател Емануел Макрон за време на денешната заедничка прес-конференција со претседателот Си Џинпинг во Париз, ги поздрави „намерите на Кина да се воздржи од каква било продажба на оружје“ и „каква било помош за Москва“.

Шефот на француската држава, исто така, ја поздрави „подготвеноста“ на неговиот кинески колега „да ги замоли сите заинтересирани страни“ во различни конфликти на „олимписко примирје“ за време на летните Олимписки игри во Париз.

Фото: Русокоса убавица како од мајка родена „јава“ стар милијардер

Фотографија предизвика хаос на социјалните мрежи. На фотката контроверзниот милијардер Ричард Бренсон е во друштво на гола млада и убава девојка.

Ричард Бренсон, чие богатство се проценува на повеќе од пет милијарди долари, заедно со неговата поубава и помлада половина на фотографијата скија на вода и ужива во убавиот ден, неговите пари и убавото друштво.

„Постар милијардер и млада, убава и жешка девојка - какво клише“, гласи еден од 1.200 коментари под новата фотографија на познатиот 74-годишен британски богаташ Ричард Бренсон, на која многу помлада жена – гола, како од мајка родена - го јава како вистинска џокејка.

„Ова е доказ дека среќата може да се купи со пари“, напиша еден корисник на Твитер кој ја „лансираше“ сомнителната фотографија во виралната орбита на социјалните мрежи, која предизвика хаос меѓу луѓето.

притисни ентер