Со него разговараа за досегашната соработка меѓу двете држави, особено на планот на евроинтеграциите, како и за ставот на Холандија во однос на заложбите на нашата држава да добие датум за преговори со ЕУ во октомври.
Џафери, како што соопшти неговиот Кабинет, истакнал дека сето она што е побарано од страна на ЕУ е завршено, односно затворени се крупните прашања и даден е сериозен придонес кон регионалната стабилност и соработка поради што се очекува тоа да биде верификувано од страна на Европскиот совет во октомври годинава. Џафери посочил дека Собранието ќе продолжи да биде отворена и демократска институција и во следниот период, а оти ќе продолжи и соработката со опозицијата.
Холандскиот амбасадор најавил дека за време на неговиот мандат ќе настојува да помогне во интензивирање на парламентарната и економската соработка, а во однос на прашањето за холандската поддршка за евроинтергациите на државава, нагласил дека Холандија секогаш повеќе ги цени индивидуалните напори на земјите кандидати, отколку геостратешките прашања и политики и оти во таа насока позицијата на нашата држава е доста поволна. /МИА