Џафери на средба со новата амбасадорка на Австралија, Рут Карис Стјуарт

Претседателот на Собранието, Талат Џафери, денеска оствари средба со новоименуваната амбасадорка на Австралија во Република Македонија, со седиште во  Белград ,Рут Карис Стјуарт.

На почетокот на средбата, претседателот Џафери и посака топло добредојде во Република Македонија, констатирајќи дека тоа е одраз на континуитетот во пријателските односи меѓу двете земји. Посетата на министерот за надворешни работи на Австралија Бишоп минатата година, претставува дополнителен стимул за реализација на взаемни билатерални посети.

Претседателот Џафери исто така изрази интерес за унапредување и интензивирање на соработката на парламентарно ниво, на ниво на претседатели на парламенти и преку групите за пријателство и соработка, кои и покрај географската дистанца, се формираат на редовна основа на почетокот на секој парламентарен мандат, на тој начин потврдувајќи го интересот на пратениците за поблиска меѓусебна соработка. Тој ја информираше соговорничката за тековните активности на Собранието на Република Македонија кое е овластен носител на јавната кампања за претстојниот референдум и за преземените чекори во однос на Евроатланските интеграции на земјата во изминатиот период.

Амбасадорката Стјуарт, заблагодарувајќи се за можноста за размена на мислења, особено во овој интензивен период на меѓународни посети, искажа подготвеност да го одржи степенот на комуникација на нејзината претходничка и да даде свој придонес во подобрувањето на односите меѓу двете држави, особено на поле на образованието и испраќање на студенти од Република Македонија на универзитетите во Австралија. Таа ја потенцираше важноста од позитивен исход од референдумот, што е од интерес и за Австралија. За Договорот со Република Грција, истакна дека може да послужи за пример на успешно заокружување на преговори за целиот регион, а неговата имплементација останува клучна во следните месеци.

Џафери и Стјуарт беа согласни дека треба да се интензивира соработката на економски план во иднина, да се олесни визниот режим за граѓаните на Република Македонија, а бројната дијаспора од Македонија во Австралија да послужи како мост во подобрувањето на целокупните врски меѓу двете земји.

Фото:Девојката на екс фудбалер на Барса воодушеви со секси фотографии

Девојката на шпанскиот фудбалер и поранешна ѕвезда на Барселона, Марко Бартра е голем љубител на социјалните мрежи.

Убавата Џесика сега ги воодушеви следбениците на Инстаграм со атрактивни фотографии на која таа е облечена само во минијатурно бикини.

На фотките убавата Џесика Гојкочеа која е манекенка ја покажа својата совршена фигура и на тој начин собра голем број лајкови на социјалните мрежи.

Унион Берлин му врачи отказ на Бјелица

 Бундеслигашот Унион Берлин се раздели со тренерот Ненад Бјелица, ден откако клупскиот претседател изрази поддршка на хрватскиот стратег.

Унион загуби со 3-4 на домашен терен од ривалот за испаѓање Бохум во неделата и се наоѓа на еден бод и едно место над плеј-офот за опстанок на два натпревари до крајот на сезоната.

Бјелица седна на клупата на Унион во ноември откако Урс Фишер беше отпуштен по серијата слаби резултати, и покрај тоа што го обезбеди првиот настап во Лигата на шампионите претходната сезона.

Унион соопшти дека клубот на двата завршни натпревари ќе го предводат Марко Гроте, заедно со сегашниот помошник тренер Мари-Луиз Ета, првата жена која предводеше машки тим на натпревар од Бундеслигата.

Макрон ја поздрави намерата на Кина да се воздржи од продажба на какво било оружје на Москва

 Францускиот претседател Емануел Макрон за време на денешната заедничка прес-конференција со претседателот Си Џинпинг во Париз, ги поздрави „намерите на Кина да се воздржи од каква било продажба на оружје“ и „каква било помош за Москва“.

Шефот на француската држава, исто така, ја поздрави „подготвеноста“ на неговиот кинески колега „да ги замоли сите заинтересирани страни“ во различни конфликти на „олимписко примирје“ за време на летните Олимписки игри во Париз.

притисни ентер