Џафери: Двојни избори на Велигден само со договор - Канал 5

Џафери: Двојни избори на Велигден само со договор

5 мај, Велигден единствен можен термин за двојни избори, но само ако има договор мегу партиите најдоцна до крајот на годинава вели  спикерот Џафери.. 

Џафери: Двојни избори на Велигден само со договор

Петти мај, Велигден, е единствениот можен датум за двојни избори во редовен термин – парламентарни и претседателски во втор круг. Собранискиот спикер Талат Џафери изјави дека ова произлегува по пресметка од роковите пропишани во Изборниот законик, а доколку има политичка волја за да се организираат во ист ден, лидерите треба да се договорат до крајот на годинава. Ако нема поклопување на изборите во мај, Џафери вели дека крајниот рок за гласање за нова влада е 15ти јули, а изборот за претседател може да почне најрано на 14 март.

„Последен можен термин за втор круг, а да сте во рамки на последните 60 дена се од 5 до 8 мај. Прв ден што може да се гласа за парламентарни избори е 5 мај, бидејќи е еден круг, последователно секој нареден ден до 15 јули. Доколку се решат да разговараат за овие работи, до крајот на оваа година треба да се на чисто. Ако не, настапуваат моите уставни обврски од кои јас нема да отстапам.“

Џафери не гледа ништо спорно да биде домаќин на лидерска средба, но вели дека би организирал само доколку претседателите на партиите имаат волја за да присуствуваат. Повик деновиве во неколку наврати имаше само од опозицискиот лидер Мицкоски, кој оцени дека е потребно да седнат на маса, бидејќи ако догодина не се договорат за двојни избори - ќе биде неизвесен цензусот за избор на претседател што повлекува повторување на процедурите... Премиерот Ковачевски пак не гледа потреба од лидерска и смета дека нема опасност од уставна криза.

„До уставна криза се доаѓа ако не се почитуваат уставни и законски рокови. Ние во моментов имаме процес пред нас, прво се претседателските а потоа парламентарните избори, и доколку се држиме до роковите пропишани од Собранието, согласно закон и Устав, тогаш нема опасност да се дојде до било каква криза.“

Последен пат претседателски и парламентарни избори во пакет се одржаа во 2014та година, а еден од аргументите за избори во ист ден беа потешкотиите да се достигне неопходниот цензус од 40 отсто за избор на шеф на државата, или над 723 илјади гласачи. Последната претседателска трка во 2019та пак беше самостојна, и во вториот круг излезноста достигна 46,7 отсто. Во извештајот на ОБСЕ ОДИХР по овие избори беше нотирано дека во иднина треба да се размисли за ревизија на прагот за излезност, за да се намали ризикот од неуспешни претседателски избори.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Фото: Цеца за фотките во бикини

Балканската музичка ѕвезда Светлана Цеца Ражнатовиќ ретко споделува провокативни фотографии, но секое нејзино појавување во бикини предизвикува вистински бум во јавноста. 

Фото: Цеца за фотките во бикини

Пејачката откри зошто одлучила да објави фотографија во бикини и како успева да ја одржи својата беспрекорна линија без строги диети. Иако публиката не е често навикната на разголени фотографии, Цеца предизвикува вистинска помпа на социјалните мрежи кога ќе одлучи да го покаже своето витко тело.

Секојпат кога позира на плажа, нејзиното издание предизвикува лавина реакции и воодушевување кај следбениците.

Зборувајќи за фотографите од Кипар кои своевремено предизвика вистински бум на интернет, пејачката ги објасни причините поради кои ја објавила: „Ретко објавувам попровокативни фотографии – не затоа што се срамам од своето тело, туку едноставно зависи од моментот и од тоа што сакам или не сакам во одреден момент. Искрено, најмногу се чувствувам опуштено кога сум закопчана до грло, што е сосема природно. Се трудам, без разлика што носам или што фотографирам, тоа да биде соодветно, бидејќи границата е многу тенка. А и што друго би можеле да фотографирате на море, освен во бикини?“, изјави мегапопуларната Цеца.

Цеца Ражнатовиќ изгледа подобро од кога било, а неодамна откри како ја довела својата линија до совршенство. Пејачката успеа да ослабе дури 8,5 килограми за само еден месец, без строги диети, гладување и опасни препарати.

Наместо опасни „кратенки“, Цеца се одлучи за режим што потсетува на автофагија.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Фото: Сабаленка ужива во танга

Сабаленка позира во танга, објавата од плажа собра над 300.000 лајкови.

Фото: Сабаленка ужива во танга

Белоруската тенисерка Арина Сабаленка е на заслужен одмор по исцрпувачката сезона.

По исцрпувачката натпреварувачка година, втората тенисерка во светот, Арина Сабаленка, одлучи да направи пауза од турнирите и да замине на одмор, од каде што редовно ги известува своите фанови.

Нејзината најнова објава од плажа, на која носи танга, предизвика огромна реакција на социјалните мрежи, собирајќи над 300.000 допаѓања во рекордно време.

Во описот на фотографијата, белоруската тенисерка накратко наведе дека слободното време го поминува комбинирајќи релаксација на сонце со повремени тренинзи.

Кон крајот на сезоната, таа ја загуби водечката позиција на ВТА-листата, која ја презеде Елена Рибакина.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Супер дерби на „Алијана арената “во Минхен – Борусија му „украде“ бод на Баерн

Фудбалерите на Баерн и Борусија Дортмунд во германското супер дерби одиграа без победник  2:2 , во рамките на 8. коло од Бундеслигата. Милионерите од Дортмунд успеаја да надоместат негатива во самиот финиш.

Супер дерби на „Алијана арената “во Минхен – Борусија му „украде“ бод на Баерн

Се чинеше дека Баварците ќе го задржат водството, но Фабио Силва го замолкна Минхен во 89-тата минута и му донесе голем бод на Дортмунд.

Првото полувреме го одбележа поништен гол на Џоб Белингем, како и неколку добри шанси на двете страни. Во 34-тата минута, Дортмунд ја затресе мрежата преку англискиот играч за врска, но голот беше поништен по прегледување на снимката (ВАР) поради офсајд.

Четири минути подоцна, Баерн ја казни пропуштената шанса на ривалот, откако Конрад Лајмер најдобро реагираше на одбиената топка и им донесе водство на домаќините.

Дортмунд потоа успеа да возврати. Во 60-тата минута, Карни Чуквуемека ја испрати топката во шеснаесетникот, а Серу Гираси го совлада голманот со прецизен удар во долниот лев агол и го израмни резултатот.

Шест минути подоцна, Баерн повторно поведе. Хари Кејн ја упати топката со глава пред голот, а Дајо Упамекано се најде на вистинското место и погоди за 2:1. Претходно, Англичанецот имаше можност да постигне гол од пенал, но во 56-тата минута ја погоди пречката.

Кејн повторно беше блиску до погодок во 75-тата минута, но неговиот удар заврши во стативата. Кога се чинеше дека Баерн сепак ќе го задржи водството, на сцена стапи Фабио Силва.

Во 89-тата минута, Португалецот ја искористи топката што стигна до него во шеснаесетникот и со прецизен удар во долниот лев агол ги постави конечните 2:2. Баерн имаше уште една голема шанса во судиското надополнување, но ударот на Ленарт Карл заврши во пречката. Така, Дортмунд успеа да избегне пораз во Минхен, додека домаќинот може да жали за пропуштените шанси и испуштеното водство.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер