Дизни и „Карпата“ најавија филмска верзија на популарен цртан филм, фановите негодуваат (ВИДЕО) - Канал 5

Дизни и „Карпата“ најавија филмска верзија на популарен цртан филм, фановите негодуваат (ВИДЕО)

Актерот Двејн Рок Џонсон на својот Инстаграм објави дека Дизни наскоро ќе направи филмска верзија на популарниот анимиран филм Моана, а тоа налути многу гледачи и обожаватели.

Дизни и „Карпата“ најавија филмска верзија на популарен цртан филм, фановите негодуваат (ВИДЕО)

Moana излезе неодамна, во 2016 година, а Рок најави римејк. „Возбудени сме што можеме да објавиме дека римејкот на Moana се снима со вистински актери“, потврди The Rock, кој ќе го игра истиот лик како цртаниот полубог Мауи во филмот.

YouTube video

Иако неговото видео на Инстаграм собра повеќе од милион лајкови, имаше многу фанови кои не беа премногу заинтересирани за идејата. Едногласно е мислењето на некои луѓе дека Дизни не ги почитува своите анимирани филмови.

„Причината зошто Дизни е толку популарен е затоа што имаат одлични анимирани филмови. Депресивно е тоа што го прават и немаат почит кон нивните анимирани филмови“, напиша еден корисник на Твитер.

„Моана излезе во 2016 година. Па, не поминаа ни десет години, а вие веќе снимате филм. Немате почит. Ова ви е бесмислено“, пишува друг корисник.

"Мило ми е што луѓето со нетрпение го очекуваат ова, но навистина ме нервира. Moana е еден од најдобрите цртани филмови на Дизни досега и одличен пример за тоа како треба да изгледа доброто раскажување приказни и анимација", напишал друг корисник на Твитер.

„Овие преработки се цинични и направени од алчност. Не ми се допаѓа“, додаде друг твитерџија, додека трет заклучил: „Ја сакам Моана, но зошто го правите ова? Не гледам причина да се снимаат филмови за цртани филмови кои се стари само седум години“.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Акција за отстранување на хаварисани возила низ Карпош

Секторот Инспекторат од Општина Карпош во соработка со колективниот постапувач Green road, вчера спроведе редовна акција за подигнување на отпадните (хаварисани) возила од јавните површини на територија на локалната самоуправа.

Акција за отстранување на хаварисани возила низ Карпош

Акцијата се одвиваше во реонот на У.З. „Владо Тасевски“ каде беа отстранети неколку отпадни возила со регистарски таблички, за кои претходно се водеше инспекциска постапка.

Целта на оваа иницијатива е ослободување на јавните површини, како и подобрување на квалитетот на здравата животна средина. Општина Карпош апелира на совесно однесување на граѓаните, во насока на заедничко дејствување за почист Карпош.

ОПШТИНА КАРПОШ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

МЕРМС организира свеченост по повод денот на рударите

По повод денот на рударите, во организација на министерството за енергетика, рударство и минерални суровини денеска  ќе бидат доделени пофалници и признанија на најуспешните рудари за нивниот ангажман, посветеност и придонес во текот на 2025/2026 год.

МЕРМС организира свеченост по повод денот на рударите

Со овој настан, како што нагласуваат од ресорното министерство се оддава признание на трудот и посветеноста на рударите, како и на нивната значајна улога во развојот на рударскиот сектор и економијата.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Ангелов: Изгаснат е пожарот кој излезе надвор од кавадаречката депонија, интезивно се работи на затрупување

Во изминатото деноноќие на територијата на државата регистрирани биле  вкупно 31 пожар на отворен простор, од кои, како што соопштија од Центарот за управување со кризи,  три се се уште  активни, четири се под контрола, а 24 се изг

Ангелов: Изгаснат е пожарот кој излезе надвор од кавадаречката депонија, интезивно се работи на затрупување

Пожарот кој вчера избувна на кавадаречката депонија и набрзо се проширил и надвор од неа, доцна синоќа како што соопшти првиот човек на Дирекција за заштита и спасување Стојанче Англеов, бил делумно изгаснат и започнало затрупување на депонијата за да се запре чадењето. Градоначалникот на кавадарци Митко Јанчев на социјалните мрежи напиша дека пожарот, според нивните првични сознанија и начинот на неговото избивање покажува индиции дека е подметнат и ги повика надлежните да го истражат случајот до крај. А доцна синоќа изгаснат бил и пожарот помеѓу Горно и Долно Чичево во Општина Градско.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер