АвтомобилизамДивееле со луксузно Ферари, па се забиле во кампер и изгореле (ВИДЕО)Во страшна сообраќајка изгореа две лица во Ферарито.Иако организираните каравани со скапи спортски автомобили честопати не се опасни во сообраќајот благодарение на добрата организација, понекогаш се случува адреналинот да надвладее, па некои возачи да подлегнат на емоциите и да се изгубат, однесувајќи се неодговорно и пред сѐ опасно во сообраќајот. И тогаш е доволен само еден погрешен потег за да доведе до катастрофа. Токму тоа го сними камерата за време на караванот Sardinia Supercar Experience на југот на Сардинија. На видеото се гледаат моментите пред несреќата каде гледаме суперспортски автомобили како го претекнуваат возилото од кое се снима сообраќајот. Колоната потоа почнува да го престигнува камперот, но се случува судир во кој камперот се превртел и најмалку едно Ферари се запалило. Одредени италијански медиуми јавуваат дека загинале патниците во Ферарито од Швајцарија. Возачот имал 67 години, а сопатничката 63 години. Откако автомобилот се превртел, тие останале заробени, а потоа автомобилот се запалил. @blick 🇮🇹🙏 Auf Sardinien starben nach einem schlimmen Unfall zwei Schweizer Touristen in den Flammen. Sie gerieten mit ihrem Ferrari auf die Gegenfahrbahn und kollidierten mit einem Wohnmobil. • #sardinien #unfall #ferrari ♬ Originalton - Blick Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЌе успеат ли партиите до 15 јули да договорат нов Изборен законик?15:00Николоски: Два милиони патници на македонските аеродроми за првите 6 месеци, најголем раст во регионо11:38Продолжува амандманската расправа за ребалнасот на буџетот09:28Со поглед во таван- почна судењето на обвинетиот за убиството на 4 жени во кумановско15:00Серискиот убиец од Старо Нагоричане не призна вина 12:27
Николоски: Два милиони патници на македонските аеродроми за првите 6 месеци, најголем раст во регионо11:38
МакедонијаОбновена билатералната соработка меѓу уставните судови на Македонија и Србија по 15 години Потпишан Меморандум за разбирање и соработка во Белград.Делегација на Уставниот суд на Македонија, предводена од претседателот д-р Дарко Костадиновски, судиите Добрила Кацарска, д-р Осман Кадриу, проф. д-р Ана Павловска-Данева и самостојниот советник и шеф на протоколот Симона Герасимова-Јовановска, на 9 и 10 јули 2026 година престојува во билатерална посета во Уставниот суд на Србија. Во рамки на посетата, претседателите Костадиновски и Петров потпишаа Меморандум за разбирање и билатерална соработка меѓу Уставниот суд на Србија и Уставниот суд на Македонија, по што беше одржан и стручен разговор меѓу членовите на делегациите на тема „Извршување на одлуките на Уставниот суд“. Со оваа посета, по речиси 15 години, е обновена билатералната соработка меѓу уставните судови на Србија и Македонија и е отворено ново поглавје во меѓусебната институционална соработка. Претседателот на Уставниот суд на Македонија, Костадиновски, се заблагодари за гостопримството и, меѓу другото, истакна дека уставните судови имаат исклучително важна улога, бидејќи нема ништо повредно од заштитата на човековите права и слободи. – Ваквите средби се можност да ги размениме нашите драгоцени искуства и да разговараме за бројни теми што можат да бидат од корист за двата суда – рече претседателот Костадиновски, запознавајќи ги учесниците на средбата и со надлежностите на Уставниот суд на Македонија. Во своето воведно обраќање, претседателот на Уставниот суд на Србија, Петров, меѓу другото, ја истакна неопходноста двете соседни држави, поврзани со историја и култура, институционално и редовно да соработуваат во областа која, покрај економијата, е најважна за животот на граѓаните – владеењето на правото. – Ќе се согласите дека нашите две институции се во одредена мера поодговорни од која било политичка институција или поединечен политичар за јакнењето и унапредувањето на владеењето на правото не само фундаментално, туку и животно начело на современата уставна демократија, рече претседателот Петров. Тој додаде дека се надева оти конечно е научена лекцијата дека владеењето на правото не е збир на апстрактни принципи и вредности, ниту нормативна конструкција создадена одозгора или однадвор, туку систем на темелни принципи и вредности што се гради однатре преку правно засновани и добро образложени судски одлуки, особено на уставните судови, и однадвор преку континуиран институционален дијалог, од кој особено значаен е оној што се остварува меѓу уставните судови. Како што нагласи, владеењето на правото се остварува и преку градење и зајакнување на довербата на граѓаните во уставните судови и другите правосудни институции и мора да се темели на внимателен баланс меѓу правото и политиката, кој не е можен без посредување, односно модерирање од страна на правната наука. Судијката на Уставниот суд на Македонија, проф. д-р Ана Павловска-Данева, исто така одржа излагање за извршувањето на одлуките на Уставниот суд, осврнувајќи се пред сè на извршувањето на одлуките во областа на апстрактната контрола. Таа укажа на начините на извршување на одлуките, кои се задолжителни за сите што треба да постапуваат по нив, како и на можноста Уставниот суд да го определи рокот и начинот на извршување на својата одлука. Исто така, посочи дека постојат и сличности и разлики во извршувањето на одлуките на уставните судови во правните системи на Македонија и Србија. Судијката на Уставниот суд д-р Наташа Плавшиќ во своето излагање за извршувањето на одлуките на Уставниот суд, меѓу другото, нагласи дека извршувањето на одлуките е клучно за ефикасната заштита на уставноста и човековите права и дека вистинската ефикасност на уставно-судската заштита не завршува со донесувањето и објавувањето на одлуката, туку со нејзиното целосно и навремено извршување. Посебно внимание во своето излагање посвети на разликувањето на правното дејство на одлуките на Уставниот суд, отстранувањето на штетните последици и самото извршување на одлуките, истакнувајќи дека токму извршувањето претставува завршна фаза во која уставноправните ставови на Уставниот суд добиваат конкретен ефект во правниот поредок. Како што нагласи, одлуките на Уставниот суд го добиваат своето целосно уставно значење дури тогаш кога нивните правни ставови стануваат составен дел од постапувањето на законодавецот, судовите и другите државни органи, со што се обезбедува ефикасна заштита на уставноста и човековите права. Во рамки на стручниот разговор, раководителката на Службата за информатички технологии на Уставниот суд, Душица Вуковиќ, одржа презентација за процесот на дигитална трансформација на Судот и воведувањето на електронскиот поднесок. На стручниот разговор присуствуваа и амбасадорот на Македонија во Србија, проф. д-р Никола Тупанчески, претседателката на Високиот совет на судството Бојана Чогуриќ, потпретседателот на Високиот совет на обвинителството д-р Мирослав Ѓорѓевиќ, в.д. директорот на Институтот за споредбено право д-р Милош Станиќ, претседателката на Управниот одбор на Институтот проф. д-р Слободанка Периќ, научниот соработник во Институтот д-р Милош Васовиќ, поранешната судијка на Уставниот суд Катарина Манојловиќ Андриќ, заменик-секретарот на Уставниот суд, како и раководителите на службите на Уставниот суд. Меморандумот што го потпишаа двата уставни суда, меѓу другото, предвидува дека страните потписнички се согласуваат да ја продлабочат својата соработка преку утврдување и изработка на заеднички стратегии и програми што ќе придонесат за развој на пријателските односи, институционалните капацитети и споредбено-правните истражувања. Исто така, предвидена е можност за спроведување заеднички програми за обука поврзани со нивниот делокруг на работа и други активности за кои заемно ќе се договорат, меѓусебно поканување за учество во програми за обука, размена на предавачи, материјали и информации за обуки, како што се наставни пакети, публикации и аудиовизуелни материјали подготвени од нивните организациски единици надлежни за обука. Меморандумот предвидува и можност за спроведување заеднички истражувања за прашања поврзани со надлежностите, размена на експерти за заеднички утврдени истражувачки теми, размена на истражувачки материјали и други релевантни информации добиени од други институции што се од интерес за другата страна. Понатаму, предвидено е меѓусебно поканување за учество на научни конференции и семинари организирани во рамки на нивните институции, организирање заеднички научни конференции и семинари за теми договорени меѓу страните, размена на знаења, информации и искуства, организирање периодични посети на делегации и други форми на соработка меѓу судиите, советниците и судскиот персонал, со цел размена на знаења и искуства и зајакнување на институционалните капацитети. Предвидено е и двете страни да си пружаат меѓусебна поддршка во унапредувањето и заштитата на независноста и интегритетот на уставното судство и владеењето на правото, вклучително и преку заемна помош, консултации и координација во меѓународни форуми, тела и организации, како и, по потреба, преку усогласување и изразување заеднички ставови за заштита на овие начела. Потпишувањето на Протоколот претставува значаен чекор во натамошното институционално поврзување на двата уставни суда и создава основа за поинтензивна размена на знаења, искуства и добри практики, преку реализација на заеднички активности од областа на уставното судство. Уставниот суд континуирано ја зајакнува својата позиција на меѓународен план, што претставува еден од клучните приоритети во мандатот на актуелниот претседател, д-р Дарко Костадиновски. Во таа насока, во изминатиот период беа преземени значајни активности за продлабочување на билатералната и меѓународната соработка преку склучување повеќе меморандуми и протоколи за соработка. Меѓу нив се Протоколот за соработка со Врховниот уставен суд на Арапската Република Египет, потпишан во февруари оваа година, како и Меморандумот за соработка со Уставниот суд на Косово, потпишан во септември 2025 година. Дополнителна потврда за меѓународниот углед на Судот е и претседавањето со Балканскиот форум на уставни судови, кое годинава му е доверено на Уставниот суд. Паралелно со интензивирањето на меѓународната соработка, Уставниот суд посветено ја унапредува и соработката со домашните институции и стручната јавност. Во таа насока, во февруари оваа година беше потпишан Меморандум за соработка со Академијата за судии и јавни обвинители, во јули 2024 година беше склучен Меморандум за соработка со Правниот факултет „Јустинијан Први“ – Скопје, а во октомври 2024 година беше потпишан Меморандум за соработка со Здружението на правниците. Овие партнерства придонесуваат за унапредување на правната наука, размена на искуства, стручно усовршување и промоција на уставното судство, соопштуваат од Уставниот суд.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветКина забрани извоз на хелиум, клучен елемент за производство на чипови Кина денеска објави дека привремено го забранува извозот на хелиум, клучен елемент за производство на чипови, бидејќи ескалацијата на војната со Иран дополнително ги нарушува глобалните синџири на снабдување.Кинеското Министерство за трговија и Царинската управа во кратко соопштение изјавија дека, во согласност со одредбите од Законот за надворешна трговија на Народна Република Кина, воведуваат привремена забрана за извоз на хелиум со непосреден ефект. Причините за таа одлука не беа дополнително објаснети. Хелиумот е клучен за производство на полупроводници, а се користи и во медицината, на пример за ладење на уреди со магнетна резонанца. Откако започна војната со Иран на крајот на февруари, глобалното снабдување со хелиум е сериозно нарушено, а цените значително се зголемија. Катар обезбедува една третина од светското производство на хелиум Според проценките наведени во анализата на консултантската фирма Trivium China, самата Кина произведува околу 15 проценти или помалку од своите потреби за хелиум, додека увезува поголем дел од него од Катар, кој обезбедува околу една третина од светското производство. „Кина се обидува да ја заштити својата индустрија бидејќи глобалното снабдување со хелиум стана екстремно ограничено“, рече Гари Нг, виш економист во француската банка Натиксис. „Овој вид мерка за контрола на извозот е првенствено насочена кон заштита на домашната индустрија, особено затоа што хелиумот е клучен за производството на чипови“, објасни Нг. Тој додаде дека целта на мерката е поверојатно да обезбеди доволни количини за домашните потреби отколку да постигне политички цели. Технолошката конкуренција со САД дополнително се интензивира Одлуката доаѓа во време кога Кина брзо ги развива своите капацитети за производство на чипови и вештачка интелигенција, додека технолошката конкуренција со САД се интензивира. Камерон Џонсон, виш партнер во консултантската фирма „Тидалвејв Солушнс“ со седиште во Шангај, рече дека не е познато кога глобалното снабдување со хелиум ќе се врати во нормала. „Фактот дека Кина сега го забрани извозот ми кажува дека тие проценуваат дека едноставно нема доволно хелиум за сè што сакаат да постигнат“, рече Џонсон. Сепак, Гари Нг истакнува дека Кина не е голем извозник на хелиум, па затоа „оваа одлука веројатно нема да има значаен глобален ефект“, иако поради постојните прекини во снабдувањето, таа би можела дополнително да го зголеми притисокот врз светскиот пазар.Тагови: Кина чипови Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаЈанчев: Поставена е нова водоводна и канализациона мрежа во месноста МоклиштеЦелосно завршен е проектот кој опфати поставување нова водоводна и канализациона мрежа во должина од 6,4 километри во месноста Моклиште како и резервоар со капацитет од 150м3.Со ова се обезбедува стабилен и квалитетен систем за водоснабдување и канализација за жителите, но и за околу 400 нови викенд куќи. Овој проект е вреден 1 милион евра – финансиран од Министерството за животна средина и просторно планирање и Локалната самоуправа. Општина Кавадарци продолжува да инвестира во модерна комунална инфраструктура и подобрување на квалитетот на живот, објави на ФБ градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев. .Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЌе успеат ли партиите до 15 јули да договорат нов Изборен законик?15:00Николоски: Два милиони патници на македонските аеродроми за првите 6 месеци, најголем раст во регионо11:38Продолжува амандманската расправа за ребалнасот на буџетот09:28Со поглед во таван- почна судењето на обвинетиот за убиството на 4 жени во кумановско15:00Серискиот убиец од Старо Нагоричане не призна вина 12:27
Николоски: Два милиони патници на македонските аеродроми за првите 6 месеци, најголем раст во регионо11:38