МВР: Расчистен случајот со насилството врз малолетничка во Куманово, поднесена кривична пријава против 18-годишна девојка и две малолетнички
1МВР: Расчистен случајот со насилството врз малолетничка во Куманово, поднесена кривична пријава против 18-годишна девојка и две малолетнички
Црна хроникаДивееле со џип, па влетале во излог на златарница и испокршиле сѐ и украле накит вреден милион долари (ВИДЕО)Шокантна снимка од безбедносни камери го сними моментот кога несовесни крадци со теренец влетаа низ влезната врата на продавница за накит во Јужна Калифорнија во хаотичен грабеж вреден околу 1 милион долари.Снимката го прикажува возилото како брзо поминува низ влезната врата на продавницата Classic Jewelers во Анахајм Хилс во петокот, сред бел ден, пред да бидат видени маскирани крадци како ги кршат витрините и ја ограбуваат продавницата. Сопственикот на продавницата Ремзи Табело го опиша ужасниот инцидент како „најстрашното нешто што некогаш сум го видел“, објави Orange County Register. „Откако ја ограбија продавницата, осомничените го напуштија теренецот на местото на настанот и избегаа со два Dodge Charger-а.“ Еден вработен истрча надвор и успеа да ги фотографира нивните регистарски таблички“, додаде Табело.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаМВР: Расчистен случајот со насилството врз малолетничка во Куманово, поднесена кривична пријава против 18-годишна девојка и две малолетничкиСВР Куманово поднесе кривична пријава против П.А. (18) од село Лојане, општина Липково, како и против две малолетнички на возраст од 14 и 15 години од Куманово.СВР Куманово поднесе кривична пријава против П.А. (18) од село Лојане, општина Липково, како и против две малолетнички на возраст од 14 и 15 години од Куманово, поради постоење основи на сомнение дека сториле кривично дело „насилство“ по член 386 став 3 од Кривичниот законик. Пријавените на 13.03.2026 околу 18:00 часот, повикале 14-годишно девојче да излезе од нејзиниот дом, по што ја убедиле да влезе во просторија во близина на спортскиот центар „Соколана“ во Куманово. Таму најпрвин ја навредувале, а потоа и физички ја нападнале, при што целиот настан го снимале со мобилен телефон. По извршеното насилство, осомничените ѝ се заканиле на малолетничката да не го пријавува настанот и да не зборува за снименото видео, заканувајќи ѝ се дека во спротивно ќе ѝ се случи нешто уште полошо. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски: Сакам да се извинам на вас, на пратениците и на граѓаните што денеска бевме сведоци на овие настани08:36Собранието ги избра новите 8 министри23:39Ескалираше седницата за реконструкција: СДСМ обвини дека Стоилковиќ упатил навреди и пцовки кон Битиќи и Трајчулевски20:55Собраниска седница за реконструкција на Владата, ќе се сменат 8 министри18:18Убиство во Скопје: Син со нож го убил татко си кој претходно ја нападнал неговата мајка10:58
Мицкоски: Сакам да се извинам на вас, на пратениците и на граѓаните што денеска бевме сведоци на овие настани08:36
Ескалираше седницата за реконструкција: СДСМ обвини дека Стоилковиќ упатил навреди и пцовки кон Битиќи и Трајчулевски20:55
МакедонијаЗа 2 години Влада на ВМРО-ДПМНЕ над 60 спортски проекти со вредност од над 21 милион евраЗа 2 години Влада на ВМРО-ДПМНЕ над 60 спортски проекти со вредност од над 21 милион евра, продолжуваат инвестициите во спортот низ државата.Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ инвестира во спортската инфраструктура и го враќа спортот на местото што го заслужува, меѓу клучните национални приоритети. Со конкретни инвестиции во спортската инфраструктура, се создаваат подобри услови за развој на младите, за спорт и за нови спортски успеси. Во изминатите две години се реализирани и започнати 60 спортски проекти, со вкупна вредност од над 21 милион евра. Овие инвестиции не претставуваат само изградба и реконструкција на објекти, туку вложување во генерациите што доаѓаат и создавање здрави животни навики. За 2 години се реконструираа и започнаа повеќе капитални инфраструктурни проекти, меѓу кои спортската сала „Расадник“, атлетските патеки во Велес и во Гевгелија, спортската сала во Радовиш. Започна реконструкцијата на спортската сала на УКИМ, изградбата на нови спортски сали во Општина Аеродром, во Крушево и во Воената академија во Скопје, како и изградбата на новите трибини на градскиот стадион во Тетово. Се градат нови спортски сали, реконструираат атлетски патеки, се градат мултифункционални игралишта, стадиони и базени кои ќе овозможат илјадници деца, млади и рекреативци да спортуваат во современи и безбедни услови. Владата на ВМРО-ДПМНЕ овозможува да се создаваат предуслови за развој на врвниот спорт и да се организираат спортски настани кои ќе придонесат и за локалниот економски развој. Владата на ВМРО-ДПМНЕ останува посветена на реализација на нови капитални проекти, затоа што силната спортска инфраструктура е темел за успешен спорт, поздрави генерации и посилна Македонија. Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ ќе продолжи со инвестициите во спортот, бидејќи тие носат вредност со децении, а придобивките од нив ќе ги чувствуваат и сегашните и идните генерации. Со почит, Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаСДСМ: Реконструкција или театар за прикривање на неуспехот?Вчера во Собранието се водеше расправа за таканаречената реконструкција на Владата.Мицкоски зборуваше за „нова енергија и ново темпо“, додека во реалноста се работи за козметички потези кои не ја менуваат суштината. Ова не е реконструкција која носи одговорност туку е прегрупирање на луѓе кои веќе две години ја водат државата во криза. Економијата тоне, буџетот е празен, европскиот пат е блокиран, а граѓаните се соочуваат со секојдневно поскапување. Наместо да се соочи со сопствените неуспеси, Мицкоски прави театар во Собранието. Прво со Изборниот законик, сега со реконструкцијата. Наместо да признае дека нема пари и дека не може да го издржи мандатот, се обидува да создаде привид на активност. Особено е цинично што дел од владејачкото мнозинство се впушта во навреди на пратеници од опозицијата. Во тоа директно учествува и Мицкоски. Неговиот прв соработник, Иван Стоилковиќ, како претставник на „српскиот свет“, предничи во навредите, дури и отворено псуе пратеници од опозицијата во Собранието. Со тоа ја понижуваат највисоката институција во државата, а со тоа и граѓаните. Тоа не е сила, туку слабост. Мицкоски сака предвремени избори. Повеќе не може да ги крие неуспесите. Но му треба алиби. Веќе рече дека нема да има предвремени избори, па сега прави реконструкција, а паралелно создава хаос во Собранието за да има причина да ги распише. Сценариото е јасно: или преку некоја сателитска партија, или преку инциденти во парламентот, се обидува да си обезбеди изговор. Реконструкциите и преименувањата не ја решаваат кризата. Граѓаните веќе сè знаат. Лагите и празните ветувања повеќе не поминуваат. Скопје, 14.07.2026 СДСМКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter