ДИТ: Работниците да го пријавуваат непочитувањето на мерките за превенција на ширење на коронавирусот - Канал 5

ДИТ: Работниците да го пријавуваат непочитувањето на мерките за превенција на ширење на коронавирусот

Државниот инспекторат за труд апелира граѓаните да ги пријавуваат сите евентуални непочитувања на мерките за заштита и превенција на ширењето на коронавирусот на нивните работни места.

ДИТ: Работниците да го пријавуваат непочитувањето на мерките за превенција на ширење на коронавирусот

Преставките и пријавите велат од Инспекторатот ќе останат анонимни, а по нив веднаш ќе се постапи. Од Државниот инспекторат за труд најавуваат и особено засилени контроли во производствените погони во кои работат поголем број работници.

– Секоја претставка ќе биде анонимна нема да излеземе да кажеме кој пријавил. Граѓаните да не се плашат да пријават. Ние ќе постапуваме веднаш по сите пријави, а тие ќе останат анонимни, рече на денешната прес-конференција директорот на Државниот инспекторат за труд Аљадин Хавзиу.

Тој појасни дека граѓаните за нерегуларностите или непочитување на мерките можат да пријават преку веб страницата на Државниот инспекторат за труд или преку кол-центарот. Има дежурни лица кои ги примаат повиците и во зависност од регионот на кој се однесува претставката се информираат подрачните единици за постапување.

Одговарајќи на новинарско прашање во врска со жалби на граѓани од фабрика во Кичево, дека не се почитуваат мерките за заштита и превенција, тој рече дека Државниот инспекторат досега пет пати извршил инспекција и оти одговорните изјавиле дека ќе нарачаат 50 илјади заштити маски. Со оглед на тоа што, поплаките за истака компанија се повторуваат, рече тој, ќе продолжат коинтинуирани секојдневни инспекциски надзори во различни делови од денот за да се утврдат фактите и оти ако се утврди дека не се применуваат препораките од владата таа компанија ќе биде санкционирана.

Во врска со полаките на граѓаните дека не им се дозволува користење мерка за отсуство од работа за дете до 10 години, Хавзиу истакна дека досега до Инспекторатот пристигнале околу 500 жалби по овој основ.

– Работникот ако има соодветна документација треба само да го извести работодавачот дека ги има потребните документи. Тука завршува нивата работа. Ако има жалби и поплаки тука сме ние да постапуваме и во работни но и во денови од викенд, рече директорот на ДИТ:

Од 19 до 22 март, како што беше соопштено на денешната прес-конференција на Инспекцискиот совет што се одржа во Владата, од Државниот инспекторат за труд биле реализирани вкупно 463 контроли, при што се донесени 11 решенија и 20 укажувања за работодавачи кои не постапиле согласно владините мерки.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

МЕРМС организира свеченост по повод денот на рударите

По повод денот на рударите, во организација на министерството за енергетика, рударство и минерални суровини денеска  ќе бидат доделени пофалници и признанија на најуспешните рудари за нивниот ангажман, посветеност и придонес во текот на 2025/2026 год.

МЕРМС организира свеченост по повод денот на рударите

Со овој настан, како што нагласуваат од ресорното министерство се оддава признание на трудот и посветеноста на рударите, како и на нивната значајна улога во развојот на рударскиот сектор и економијата.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Ангелов: Изгаснат е пожарот кој излезе надвор од кавадаречката депонија, интезивно се работи на затрупување

Во изминатото деноноќие на територијата на државата регистрирани биле  вкупно 31 пожар на отворен простор, од кои, како што соопштија од Центарот за управување со кризи,  три се се уште  активни, четири се под контрола, а 24 се изг

Ангелов: Изгаснат е пожарот кој излезе надвор од кавадаречката депонија, интезивно се работи на затрупување

Пожарот кој вчера избувна на кавадаречката депонија и набрзо се проширил и надвор од неа, доцна синоќа како што соопшти првиот човек на Дирекција за заштита и спасување Стојанче Англеов, бил делумно изгаснат и започнало затрупување на депонијата за да се запре чадењето. Градоначалникот на кавадарци Митко Јанчев на социјалните мрежи напиша дека пожарот, според нивните првични сознанија и начинот на неговото избивање покажува индиции дека е подметнат и ги повика надлежните да го истражат случајот до крај. А доцна синоќа изгаснат бил и пожарот помеѓу Горно и Долно Чичево во Општина Градско.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Мицкоски на поставување на камен темелник за изградба на автопатот Скопје-Блаце

Мицкоски ќе присуствува и свое обраќање ќе има на поставување на камен темелник за изградба на автопатот Скопје-Блаце.

Мицкоски на поставување на камен темелник за изградба на автопатот Скопје-Блаце

Премиерот Христијан Мицкоски денеска ќе се обрати на поставувањето камен-темелник за изградба на автопатот Скопје-Блаце. За изградбата на автопатот пред околу еден месец во владата договор потпишаа ЈП Државни патишта и Европската банка за обнова и развој, а целта е државава да ја искористи својата стратешка геоположба како раскрсница на два важни европски коридори - 8 и 10 , што е особено значајно за развојот на македонската економија – потенцираа тогаш од владата. Автопатот ќе го гради компанијата Гранит со рок на комплетирање од четири години, а финсиските средства доаѓаат од инвестициската рамка на ЕУ и ЕБОР. Автопатот е со должина од 10,5 километри. Делницата треба да се спои со веќе изградените 1,5 километри од автопатот Скопје-Блаце во близина на граничниот премин Блаце.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер