Дистрибуирани речиси сите донации за жртвите од „Пулс“ - Канал 5

Дистрибуирани речиси сите донации за жртвите од „Пулс“

Дистрибуирани речиси сите донации за жртвите од „Пулс“, Црвениот крст во моментов дава психолошка поддршка на населението во Кочани.

Дистрибуирани речиси сите донации за жртвите од „Пулс“

Од досега собраните 159 милиони денари, 149 се трансферирани кај семејствата на настраданите и повредените во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани. Останатите десет милиони деновиве ќе бидат префрлени кај лицата кои не биле првично евалуирани.

Ова денеска го соопшти генералниот секретар на Црвениот крст Саит Саити на потпишувањето меморандум за соработка со Министерството за внатрешни работи. Информираше дека Црвениот крст во моментов продолжува со психолошката поддршка за населението.

-Деновиве непрекинато даваме психолошка прва помош за населението со акцент на луѓето кои трпеа последици од катастрофата. Наскоро ќе биде промовиран Регионалниот центар за психолошката прва помош кој е дел од националниот центар и се надевам дека со тоа уште поблиску и непосредно ќе бидеме со луѓето и ќе бидеме дел од нивното опоравување, нагласи Саити.

Во однос на донациите, Саити рече дека процесот на собирање средства е заокружен и дека е многу значајно што имаат верификација од меѓународна ревизорска куќа.

- Тоа што следи допрва, праксата која и досега ја применувавме се таканаречените одбори за транспарентност кои ги формираме при вакви големи кампањи, а тоа ќе биде веројатно кон крајот на август. Сите учесници контрибутори на собраните средства на еден транспарентен дополнителен акт ќе бидат во оваа просторија во ова зграда, ќе се состанат за да се констатира колку пари се собрани, колку се пренесени, да го видат ревизорскиот извештај и така комплетно да ја заокружиме таа слика се со цел да Црвениот крст остане понатаму транспарентен отчетен и да биде препорачливи партнер за институциите на системот, истакна Саити.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

„Сексуалното образование“ во средните училишта останува, но предметот ќе се вика „Здравје и заштита на здравјето“

По бројните реакции во јавноста за предметот сексуалното образование, министерката Весна Јаневска денеска со ново објаснување за измените во наставната програма. 

„Сексуалното образование“ во средните училишта останува, но предметот ќе се вика „Здравје и заштита на здравјето“

Предметот останува, но под ново име – „Здравје и заштита на здравјето“. Според Јаневска, целта е да се зачуваат важните содржини за учениците, а истовремено да се одговори на загриженоста на дел од јавноста.

„Ние имавме предмет кој се викаше сексуално образование кој дел од јавноста реагираше...Како министер за образование и наука сум должна транспарентно да работам и да ги слушнам граѓаните кои гласале за партијата така и за мене...Откако ги слушнавме реакциите на дел од граѓанството решивме дека би можеле во одреден дел да ги намалиме нивните стравови, предрасуди што е порив за такво нешто а да го зачуваме предметот кој сега се вика „Здравје и заштита на здравјето“,-– Весна Јаневска, министерка за образование и наука.

И покрај промените во наставната програма, министерката уверува дека ниту една содржина што е важна за правилниот развој и едукацијата на учениците не е изоставена. Дополнително посочува дека наставниците веќе ја завршиле обуката за реализација на овој изборен предмет.

„Не исфрливме ништо од програмата што им е потребно на децата! Во програмата има се што им е потребно, на таа возраст со којашто може да се заштитат, но и човечки,хумано и недискриминирачки да постапуваат кон сите во својата околина и во релациитее кои ги градат,, /,,Значи се што е неопходно има во програмата, дополнително наставниците ја поминаа обуката,обуката е завршена“-– Весна Јаневска, министерка за образование и наука.

Измените во наставната програма предизвикаа реакции и кај стручната јавност. Пред два дена од Институтот за родови студии при Филозофскиот факултет побара дополнителна ревизија и враќање на поимот „род“ и термините поврзани со него. Од ХЕРА, пак, предупредуваат дека со промените се ослабуваат важни содржини за сексуалното и репродуктивното здравје на младите.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Нема нови случаи на заболени со морбили во Македонија

Денеска нема нови случаи со морбили сипаниците, засега се прават анкетите и дадени се препораките на оние кои биле во контакт со оние кои имале ситни сипаници, соопшти министерот за здравство Клековски. 

Нема нови случаи на заболени со морбили во Македонија

Она што е важно да се имунизираат децата, и да разберат родителите дека морбилите се опасни сипаници и единствена заштита е вакцината МРП. Досега беа потврдени пет случаи со морбили, од кој еден странски државајнин. Според последните под

Продолжува големиот интерес за примање на вакцината против грип. Досега се вакцинирани над десет илјади граѓани, и се очекува со новата пратка на вакцина да се вакцинираат граѓаните.

Според последните податоци во период децата кои се родени од 2021 година до 2024 година се под 60% вакцинирани.

На пример во општина Ѓорче Петров од родени 1.800 деца за три години, 980 не се вакцинирани со МРП, а се на возраст на деца кои одат во градинка.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Ѓорѓиевски: Се преземаат сите подготовски, се работи на носечките проекти меѓу нив и на Универзална сала

Повеќе нема никакви дилеми дека е доведена во прашање титулата на Скопје како Европска претсолнина на културата за 2028 година.

Ѓорѓиевски: Се преземаат сите подготовски, се работи на носечките проекти меѓу нив и на Универзална сала

Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски вели дека се преземаат сите потребни активности и дека сега се работи на носечките проекти.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер