Дискриминацијата во англискиот фудбал се зголемила за 38 отсто - Канал 5

Дискриминацијата во англискиот фудбал се зголемила за 38 отсто

Инцидентите кои вклучуваат различни форми на дискриминација во англискиот професионален фудбал се зголемени за 38 отсто во однос на претходната година.

Дискриминацијата во англискиот фудбал се зголемила за 38 отсто
Тоа го покажува истражувањето на организацијата „Kick It Out“, која си постави за цел да ги елиминира расизмот, хомофобијата и други социјални проблеми во спортот.
Од август до средината на сезоната се потврдени 111 инциденти за дискриминација во првите четири нивоа во англискиот фудбал - 64 во Премиер лигата и вкупно 47 во Чемпионшип дивизијата, Лига 1 и Лига 2. Пред една година тие биле соодветно 40 и 29, пренесоа медиумите на Островот.
Основачот на „Kick It Out“, Херман Оусли изјави дека изнесените податоци треба да влијаат како „аларм за сите во спортот“.
Организацијата пријави уште дека добила над 300 сигнали за 282 инциденти со дискриминација во 2017 година, откако тие се зголемиле за 59 отсто во однос на претходната година. Тие вклучуваат пријавени случаи од професионални и аматерски нивоа во Англија, како и социјални мрежи.
Со најголем удел се инцидентите на расна основа (151). Тие претставуваат 54 отсто од сите инциденти, откако се следат и оние за хомофобија, бифобија и трансфобија со 63 и антисемитизам со 25.
Проблемите со антисемитизмот традиционално привлекуваат внимание во европскиот фудбал. На крајот на март, Лацио беше казнет со 50 илјади евра за транспаренти со ликот на жртвата на холокаустот, Ана Франк. На почетокот на сезоната раководството на Челзи ги замоли навивачите да не пеат песни со антисемитска тематика против Тотенхем, чиј сопственик е Евреин.
- На крајот справувањето со дискриминацијата треба да се случува со заеднички напори. Највисоките органи во општеството и фудбалот, како и навивачите, треба да известуваат за случаи на дискриминација, за да ни помогнат да ја искорениме омразата, пишува на сајтот на „Кick It Out“./МИА

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Историски успех: „SpaceX“ за прв пат го фати „Starship“ (ВИДЕО)

Вселенскиот брод „Starship“ на „SpaceX“ се врати на Земјата во саботата, а џиновските механички раце го фатија во воздух над истата локација во Тексас од која полета 22 часа претходно.

Историски успех: „SpaceX“ за прв пат го фати „Starship“ (ВИДЕО)

Тоа беше прв пат ваков маневар за заробување да биде успешно извршен, откако претходниот обид не успеа, пишува „France24“.

Успех во сенка на неуспехот

Иако заробувањето на самиот „Starship“ беше целта на која се надеваа Елон Маск и неговиот тим, компанијата не успеа да го спроведе планираното двојно заробување. Погонската фаза, позната како бустер, експлодираше кратко по лансирањето во петокот.

Додека вселенскиот брод од не'рѓосувачки челик се спушташе вертикално кон лансирната рампа, остатоците од бустерот беа обезбедени во Мексиканскиот Залив. И покрај проблемот со бустерот, самото заробување на вселенскиот брод беше импресивно. „Можете ли да верувате?“, коментираше Ден Хуот, преносот во живо на „SpaceX“.

„SpaceX“ вели дека успехот од саботата ја докажува целосната повторна употреба на „Starship“, што е клучен предуслов за идните мисии на Месечината и Марс. Иако петочниот бустер не успеа да се врати, компанијата успешно го сними три пати претходно, потврдувајќи ја функционалноста на методот.

НАСА, исто така, одговори позитивно. Вселенската агенција го финансира развојот на „Starship“ со милијарди долари за да слетаат астронаути од мислијата „ Artemis “ на Месечината и да помогнат во изградбата на постојана база на Месечината до крајот на оваа деценија. Маск има поамбициозни планови, вклучително и лансирање на цела флота од вселенски бродови за изградба на град на Марс.

Извор: Индекс.хр

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Претрес во Радовиш, пронајдена дрога, лишено од слобода едно лице

На 14.11.2026 во Радовиш, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Радовиш го лишија од слобода С.В.(29) од Радовиш.

Претрес во Радовиш, пронајдена дрога, лишено од слобода едно лице

При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени марихуана и предмети со остатоци од марихуана. За настанот е известен јавен обвинител, а по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Полета новиот кинески електричен авион (ВИДЕО)

Новиот кинески електричен патнички авион полета со одлични резултати, завршувајќи го својот прв лет со екипаж.

Полета новиот кинески електричен авион (ВИДЕО)

Авионот од 10 тони прелета над Бинжоу, во источната кинеска провинција Шандонг, каде што двајца пилоти и еден инженер за тестирање на летот го тестираа во саботата.

Развиен од COMAC - Корпорацијата за комерцијални авиони на Кина - CE-25A е првиот електричен комерцијален авион на компанијата. Дизајниран првенствено за кратки меѓуградски летови, може да носи до 19 патници со брзина на крстарење од 300 километри на час.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер