МакедонијаДиректорот на УЦ, Илир Хасами ги демантира информациите на ВМРО ДПМНЕ за имотот на Водно Принуден сум да реагирам и да ги демантирам тврдењата на портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ г. Наум Стоилковски, претставени на прес-конференција на 03.03.032020 година, во која се манипулираат факти и аргументи кои се јавни.Во писмениот демант на доктор Илир Хасани стои: Изнесените обвинувања се смешни и неосновани и не чувствувам потреба да реагирам, но заради почитувањето на јавноста сакам накратко да ја изложам тенденцијата за манипулација. Јас, Илир Хасани, со најголема морална и правна одговорност, изјавувам: Имотот што беше спомнат на конкретната прес-конференција, наводно купена од мене сега, е купен во 2015 година, во време кога не сум бил директор. Имотот е купен од приватен и законски сопственик. Овој имот, како и сè друго што го поседувам, во моментот на назначувањето за директор на Клиниката ТОАРИЛУЦ, се наведени во анкетните списоци на Антикорупциска Комисија. Јас не сум и никогаш не сум бил советник на министерот за здравство Венко Филипче, а бев назначен за координатор на министерот за здравство, за трауматологија и ортопедија како кадар на ДУИ, во времето кога министер беше Арбен Таравари За мојата работа како директор на Клиниката ТOАРИЛУЦ, особено за јавните набавки, сум се стремел да бидам што е можно по транспарентен. Сите годишни извештаи се презентирани пред медиумите и јавноста, за секоја година, и истите продолжуваат да бидат објавени Сите горенаведени точки можам да ги оправдам јавно со редовна документација. Замолувам, да не се искривуваат фактите за потребите на дневната политика. Како прво, јас сум граѓанин што го почитува законот и како професионалец во мојата работа ги повикувам надлежните органи да ги испитаат сите мои постапки. Со најголема морална и правна одговорност изјавувам дека во ниту еден момент не сум го прекршил законот и сум во состојба да сведочам и да одговорам за се. Моето богатство е плод на мојата работа и на моето семејство, постигнато чесно и неуморно, а нај големо богатство ми се професијата, честа и мојот углед и на моето семејство! Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветКатастрофа во рудник за злато: Најмалку 100 загинати по уривање во Централноафриканската Република Најмалку 100 луѓе загинаа во одрон во рудникот за злато „Замбоје“ во западниот дел на Централноафриканската Република.Најмалку 100 лица загинаа во одрон во рудникот за злато „Замбоје“ во западниот дел на Централноафриканската Република, во близина на границата со Камерун, соопштија денеска локалните власти. Според првичните информации, одронот бил предизвикан од „уривање на неколку подземни тунели во кои работеле рударите“, соопштија од обвинителството во Бабуа, од каде што најавија и покренување судска истрага за причините за несреќата што се случи во вторникот, пренесува „Фигаро“. Рудникот „Замбоје“ се наоѓа на околу 50 километри од градот Бабу, каде што биле пренесени голем број од повредените.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиАктивни пожари во мариовско, Студеничани, Македонски Брод, Кичево и Могила08:54Западнонилска треска: 36 потврдени и два веројатни случаи, во тек е СМС-кампања за информирање на населението15:00Ангелов: Нема опасност по селото Крушевица во прилепскиот регион,ноќеска го изгаснавме огнот околу селото08:31Западно-нилската треска одзема уште еден човечки живот15:00Муцунски: Амбасадорскиот совет во Скопје – стратешка координација за силна и активна македонска дипломатија12:19
Западнонилска треска: 36 потврдени и два веројатни случаи, во тек е СМС-кампања за информирање на населението15:00
Ангелов: Нема опасност по селото Крушевица во прилепскиот регион,ноќеска го изгаснавме огнот околу селото08:31
Муцунски: Амбасадорскиот совет во Скопје – стратешка координација за силна и активна македонска дипломатија12:19
ФудбалМореира во Милан за 50 милиони евра Лев бек на Стразбур и белгиски репрезентативец, 22 - годишниот Диего Мореира му се приклучи на Милан. Италијанскиот клуб плаќа фиксна сума од 50 милиони евра за Мореира, при што францускиот клуб би можел да добие дополнителни 16 милиони евра преку бонуси. Во договорот е вклучена и клаузула за процент од идна продажба. Од оваа продажба ќе профитира и Челзи, бидејќи Мореира го напушти клубот и премина во Стразбур пред две години за 8,5 милиони евра, плус клаузула за процент од идна продажба. Според „Трансфермаркт“ (Transfermarkt), пазарната вредност на Мореира изнесува 25 милиони евра. Тој забележа седум гола и 16 асистенции на 76 натпревари за Стразбур. Има одиграно четири натпревари за репрезентацијата на Белгија, вклучително и еден на неодамнешното Светско првенство.Тагови: Милан Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
Забава20 гастрономски приказни на aero street food festival 2026: скопје ќе вкуси нешто поинакво!Од такоси, суши и сочни бургери до свежа паста, фокача, сутлијаш и сладолед – паркот „Авионче“ во Општина Аеродром, од 4 до 8 септември, ќе биде највкусната точка во градот.Од 4 до 8 септември, паркот „Авионче“ ќе се претвори во голема кујна под отворено небо, исполнета со мирисот на свежо подготвена храна, жешки скари и специјалитети од различни светски кујни. На второто издание на AERO Street Food Festival ќе учествуваат 20 гастрономски брендови, со понуда што се движи од традиционални специјалитети до современи интерпретации на најпопуларните јадења од уличната гастрономија. „Нашата цел е фестивалот да прерасне во препознатлива градска традиција и место на кое се спојуваат квалитетната храна, домашната музика и добрата енергија. Оваа година фестивалот е поголем, поразновиден и содржински побогат, а учеството на 20 гастрономски брендови е потврда дека заедно создаваме настан што носи вистинска вредност за Аеродром и за цело Скопје. Особено ни значи поддршката од Општина Аеродром и Град Скопје, кои ја препознаа нашата визија и потенцијалот на фестивалот“, изјави Дарко Панчевски, организатор на AERO Street Food Festival. За љубителите на мексиканските вкусови, Mustacos и 11: Eleven ќе подготвуваат такоси исполнети со богати комбинации од свежи состојки, сосови и зачини. Оние што претпочитаат лесни, прецизно подготвени и визуелно впечатливи залчиња ќе можат да уживаат во сушито на Loras Sushi. Бургерите – ѕвезди на уличната гастрономија Со свои уникатни комбинации ќе се претстават Fat Kitchen, Burgerslut, Jojo’s BBQ, Oljo’s и Smash Burger. Од класични до богато наполнети бургери и сендвичи, секој бренд ќе донесе сопствен вкус и стил. Jojo’s BBQ дополнително ќе понуди хот-дог, Noa Gyradiko ќе внесе медитерански дух со свежо подготвено гиро, а Жешко компирче ќе служи топол печен компир со путер и разновидни прилози по избор. Италијански и традиционални вкусови Вкусот на Италија ќе пристигне преку свежата паста и кросаните на Bistro 64, ароматичната фокача на Sorelle и пиците на „15 за 12“ и Pizza Vice City. Во понудата ќе се најдат и традиционалните кебапи на Дестан – добро познат гастрономски симбол што со генерации ги собира луѓето околу иста маса. Слатко финале За освежување со сладолед ќе се погрижат Scoop и Sweet Look, додека Milkey ќе подготвува палачинки со препознатливиот мирис на детството. Фестивалското мени ќе го дополнат кремастиот десерт на Сутлијаш бар и топлото, ароматично печиво со крцкава кора од Трансилваниско трдло. „AERO Street Food Festival е настан што потврдува дека Аеродром е општина во која се создаваат убави моменти, се негува културата и се гради заедништвото. Навистина ми е драго што и годинава паркот „Авионче“ ќе биде место за музика, дружење, добра храна и забава за сите генерации. Како Општина, секогаш ќе ги поддржуваме настаните што носат позитивна енергија, ја збогатуваат понудата за нашите граѓани и го оживуваат јавниот простор. Верувам дека фестивалот ќе прерасне во убава традиција и секој септември ќе носи посебна атмосфера во Аеродром. Ги поканувам сите да бидат дел од оваа фестивалска приказна“, изјави Дејан Митески, градоначалник на Општина Аеродром. Од првиот залак до последната лажичка десерт, посетителите ќе можат да избираат меѓу такоси, суши, бургери, сендвичи, хот-дог, гиро, печен компир, паста, кросани, фокача, пица, кебапи, палачинки, сутлијаш и сладолед – придружени со богата програма на македонски музички изведувачи. AERO Street Food Festival е поддржан од Општина Аеродром и Град Скопје, кои го препознаа неговото значење за промоцијата на домашната музика и локалната гастрономија, како и за збогатувањето на културната и забавната понуда на градот. Од 4 до 8 септември, Скопје ќе мириса поинаку, Аеродром ќе вкуси поинаку, а паркот „Авионче“ ќе стане најголемата трпеза во градот.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook