МакедонијаДиректорот на Психијатриската болница „Скопје“ изразува жалење за трагичниот настан во кој пациент го загуби животот по физичка пресметкаДиректорот на ЈЗУ Психијатриска болница „Скопје“, Хиса Авдулаи, изрази длабоко жалење и сочувство до семејството на пациентот кој трагично го загуби животот откако бил повреден во физичка пресметка со друг пациент во установата.Директорот на ЈЗУ Психијатриска болница „Скопје“, Хиса Авдулаи, изрази длабоко жалење и сочувство до семејството на пациентот кој трагично го загуби животот откако бил повреден во физичка пресметка со друг пациент во установата, по што, и покрај лекарската интервенција, починал на Универзитетската клиника за ТОАРИЛУЦ. -Ја информирам јавноста дека во раните утрински часови на 5 август 2025 година, во Одделот за лекување на осудени лица при ЈЗУ Психијатриска болница „Скопје“, се случи несреќен настан со трагичен исход. Околу 00:50 часот дојде до физичка пресметка помеѓу двајца пациенти, при што едниот од нив, пациент на возраст од 62 години, беше повреден. Медицинскиот персонал веднаш интервенираше и повика Итна медицинска помош. Пациентот беше пренесен на Универзитетската клиника за ТОАРИЛУЦ, каде, и покрај укажаната лекарска грижа, му беше констатирана смрт, изјави за МИА директорот Авдулаи. Настанот бил веднаш пријавен до Министерството за внатрешни работи, а надлежните служби, вклучително и дежурен јавен обвинител, извршиле увид на лице место. Директорот вели дека во тек се сите потребни постапки за целосно расветлување на случајот, а болницата целосно соработува со истражните органи. Другиот пациент, како што дополни, моментално се наоѓа под постојан полициски надзор, согласно насоки од јавниот обвинител. -Во свое име и во име на установата, изразувам длабоко жалење за настанот и упатувам искрено сочувство до блиските на починатиот пациент, изјави директорот Авдулаи. Тагови: бардовци Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ХороскопДневен хороскоп за 11. јуни 2026 година Дневен хороскоп за четврток, 11. јуни 2026 година. Близнаци 21.5.-21.6. Љубов Вашата љубезност ќе изгледа како да е лажна , зашто зад неа криете интерес за да завладеете се саканата личност. Кариера Новите работи што се појавуваат на работното место ќе ги вознемират оние ки ви работеле зад грб или во тајност. Здравје и совет Ќе се насмеете. Рак 22.6-22.7. Љубов Компромиси во односите ќе најдете со помош на вашите пријатели. Тие ќе знаат да видадат совет и насока. Кариера И натаму одите кон подобро , но вложувате се повеќе напор.Служете се со знаење , хумор и шеги за да си олесните. Здравје и совет Треба убаво да се наспиете. Лав 23.7-22.8. Љубов Ќе бидете конструктивни во своите дискусии со партнерот , што на крај ќе резултира со вашите хумористични заклучоци. Кариера Многумина ќе се трудат за да се изразат на вистински начин или она што долго сте го подготвувале ќе излезе на виделина. Здравје и совет Ќе успеете во своите намери. Девица 23.8.-23.9. Љубов Пред вас е ден во кој ќе имате шанса за да ја докажете својата смисла за практичност во секојдневниот живот. Кариера Ќе бидете задоволни од напредокот на работите. Денеска средувате некои ситни работи и тоа не ви оди лошо. Здравје и совет Мали дигестивни проблеми. Вага 24.9.-23.10 Љубов Додека саканата личност ќе ве поттикнува на отвореност , дури и преку провокации , вие ќе имате потреба за да зсе повлечете. Кариера Одлично ќе ви одат сите работи за кои треба да ја активирате интуицијата или уметничките способности. Здравје и совет Читајте меѓу редови. Шкорпија 24.10-22.11. Љубов Додека вие сонувате за нежност и внимание, партнерот ве изненадува со откачен предлог што ви носи немир. Кариера Ќе има минливи проблеми во усогласувањето на мислењата меѓу вас и вашите деловни партнери. Здравје и совет Треба да бидете трпеливи. Стрелец 23.11.-21.12. Љубов Попустливост во комбинација со зголемена самодоверба , ќе биде доказ дека вашите лични односи добро се развиваат. Кариера Ќе ги игнорирате неважните работи и ќе си дозволите малку поопуштено темпо на работење. Но , тоа ќе потрае само денеска. Здравје и совет Проверете си ја крвната слика. Јарец 22.12.-20.1. Љубов Ќе се чувствувате многу сигурнио во своите лични односи. Они кои уште се сами ќе соберат храброст за да направат нешто во освојувањата. Кариера Продолжувате да работите посветено и темелно. Упорни сте , а резултатите се веќе видливи. Тоа ве радува. Здравје и совет Ќе бидете среќни и мирни. Водолија 21.1.-19.2. Љубов Поврзаноста со друштвото и пријателите денеска ќе ви биде поважн аотколку врската со саканата личност. Кариера Со помош на други , може да тргнете во деловно претприемништво. Сами малку ќе може да направите. Здравје и совет Пребројте ги калориите. Риби 20.2.- 20.3. Љубов Со хумор ќе ги победувате емотивните фрустрации , што денеска ќе бидат засилени во однос на претходните денови. Издржете. Кариера Ќе ги игнорирате барањата на своите претпоставени и ќе работите по свое. само делумно сте во право. Здравје и совет Заморот ве стигнува. Овен 21.3-20.4. Љубов Вашата позитивна љубовна страна продолжува преку пријатни разговори и засилено движење меѓу луѓе. Кариера Денеска ќе ви биде интересно на работното место. освежувањето ќе го донесат новите соработници , со кои ќе комуницирате. Здравје и совет Ќе бидете добро расположени. Бик 21.4- 20.5. Љубов Ќе посакате да внесете предизвик вовашата врска, па ќе се обидете малку да ја испровоцирате саканата личност, секако со добри намери. Кариера Доколку ви приговараат дека не сте ја завршиле добро работата , не го земајте тоа при срце. Видете што може да се поправи. Здравје и совет Мала емотивна напнатост.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЗдравјеШест додатоци во исхраната кои не би требало да се комбинираат со кафеИако додатоците во исхраната можат да помогнат во пополнувањето на нутритивните недостатоци, нивната ефикасност може да се намали ако ги земате со утринското кафе. Според нутриционистите, кафето може негативно да влијае на начинот на кој вашето тело апсорбира одредени витамини и минерали, потенцијално намалувајќи ги нивните посакувани ефекти. Ова е листата на додатоци во исхраната што стручните лица препорачуваат да не ги земате заедно со вашиот омилен напиток, пишува Марта Стјуарт. Калциум „Кофеинот, најпознатото соединение во кафето, има мало влијание врз апсорпцијата на калциум“, вели Лаура Бишоп-Симо, регистриран диететичар во Медицинскиот центар Векснер на Државниот универзитет во Охајо. Кофеинот е диуретик, што значи дека ве тера да мокрите почесто, а мала количина од овој минерал се излачува преку урината. Исто така, кафето може да се меша со дејството на витаминот Д, кој е важен за апсорпцијата на калциум. Железо Железото е уште еден додаток кој не оди добро со кафето, а причината за ова се полифенолите, антиоксидантни соединенија што се наоѓаат во кафето. Иако полифенолите имаат значајни здравствени придобивки, тие можат да ја попречат апсорпцијата на железо. Бишоп-Симо потврдува дека полифенолите од кафето, како што се танините и хлорогенската киселина, можат значително да ја намалат апсорпцијата. За да го подобрите ефектот на додатоците на железо, земајте ги со извор на витамин Ц, како што се свежи портокали, бобинки, киви или папаја. Цинк Многу луѓе земаат цинк за да го зајакнат имунолошкиот систем бидејќи е неопходен за нормална имунолошка функција. „Цинкот се врзува за танините во кафето, формирајќи комплексни соединенија што ја ограничуваат неговата апсорпција во телото“, вели Бишоп-Симо. Витамини од групата Б Постојат осум витамини од групата Б, и без разлика дали земате еден или сите, важно е да не ги консумирате непосредно пред или по кафето. Според Бишоп-Симо, кафето не само што потенцијално ја блокира апсорпцијата на многу витамини од групата Б, туку како благ диуретик, може да го зголеми и нивното излачување во урината. Витамин Д Витаминот Д му помага на телото да апсорбира калциум и е неопходен за здрав имунолошки систем и мускулна сила. Додатоците можат да бидат корисни бидејќи многу луѓе не добиваат доволно витамин Д од храната или сончевата светлина. Сепак, треба да се земаат одделно од кафето. Бидејќи, кофеинот од кафето ја намалува ефикасноста на рецепторите за витамин Д во клетките. Ако здравјето на коските ви е приоритет, обидете се да внесувате доволно калциум и витамин Д преку исхраната, и калциумот и витаминот Д не земајте ги непосредно или пред пиењето кафе. Магнезиум Додатоците на магнезиум помагаат при мускулни грчеви и здравје на срцето. Но, ако ги вклучувате во вашата рутина, бидете внимателни кога пиете кафе. Кофеинот делува како диуретик и го забрзува елиминирањето на магнезиумот од вашето тело пред целосно да се апсорбира. Бидејќи магнезиумот може да ви помогне при спиење, земајте го навечер, што ќе ви го олесни одвикнувањето од кафе. Кога да земате додатоци За ефикасна употреба на наведените додатоци, важно е барем еден час да направите пауза помеѓу нивно земање и пиењето кафе. Важно е да се напомене дека додатоците во исхраната како витамините А, Е, К и Ц може да се земаат со кафе бидејќи тоа не се меша во нивната апсорпција..Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЖивотВештини кои некогаш се сметаа за нормални, а денес исчезнуваатПрипадниците на генерацијата X, кои растеа во 1970-тите и 1980-тите, развија голем број практични вештини кои се помалку познати за помладите генерации денес. Психолозите и истражувачите веруваат дека ова се должи на посамостојното растење, без постојан родителски надзор и без технологијата што денес ни е на дофат на рака. Многу припадници од генерацијата Z пораснаа со мобилни телефони, социјални мрежи и дигитални алатки што го променија начинот на кој ги решаваат секојдневните проблеми. Затоа, разликите меѓу генерациите се особено видливи денес во практичните животни навики. Ова се некои од практичните животни вештини што постарите генерации ги усвојувале многу почесто од младите луѓе денес. Основно одржување на автомобилот Припадниците на генерацијата X многу често сами учеа да менуваат гуми, да проверуваат масло или да прават ситни поправки на автомобилот. Тие израснаа во период кога луѓето повеќе се потпираа на сопствените вештини отколку на сервиси и апликации. Помладите генерации денес повеќе се потпираат на Google, родителите или стручните услуги кога ќе се појават проблеми, пишува YourTango. Управување со пари и заштеда Истражувањата покажуваат дека голем број припадници на генерацијата Z чувствуваат силен финансиски стрес. Социјалните мрежи, конзумеризмот и високите трошоци за живот го отежнуваат уште повеќе развивањето здрави финансиски навики. Луѓето кои пораснаа во 70-тите и 80-тите години најчесто од мали нозе учеле да штедат и да ги планираат своите трошоци. Пишување ракописни букви Во последниве години, ракописното пишување е отстрането од многу училишни наставни програми, што им отежнува на многу млади луѓе да го читаат или користат. Истражувањата сугерираат дека ракописот е поврзан со концентрацијата, читање со разбирање и развојот на координацијата мозок-тело. Помладите генерации денес речиси целосно се потпираат на пишување дигитални пораки. Забава без екран Психолозите предупредуваат дека мобилните телефони и социјалните медиуми станаа главен извор на забава и комуникација за многу млади луѓе. Припадниците на генерацијата X израснаа без постојан пристап до екрани, па затоа често наоѓаа свои начини да се забавуваат, дружат или да се справат со досадата. Ваквите искуства можат да помогнат во развојот на емоционална отпорност и независност. Читање географски карти Многу млади луѓе пораснаа со GPS и дигитални мапи, па затоа не мораа да користат хартиени карти или да меморираат рути. Истражувањата сугерираат дека со ова не само што се губи една практична вештина, туку се губи и дел од способноста за самостојно снаоѓање и решавање проблеми во просторот. Некои млади луѓе денес имаат тешкотии дури и со читањето на времето на аналоген часовник. Сметање напамет Иако сите учеле математика во училиште, истражувањата покажуваат дека помладите генерации сè повеќе се потпираат на калкулаторите и мобилните телефони за пресметки. Поради недостаток на секојдневна пракса, на многумина им е тешко да пресметаат основни задачи напамет. Психолозите предупредуваат дека вештините што ретко се користат едноставно се губат со текот на времето. Критичко размислување Психолозите предупредуваат дека прекумерното потпирање на вештачката интелигенција и технологијата може да влијае на способноста за самостојно размислување. Многу млади луѓе прво посегнуваат по своите мобилни телефони или интернетот пред да се обидат сами да решат проблем. Од друга страна, луѓето кои пораснале без постојан пристап до технологија многу почесто сами бараат решенија. Самостојно готвење Истражувањата покажуваат дека голем број припадници на генерацијата Z немаат основни вештини за готвење. Многумина се потпираат на достава на храна, готови оброци или брза храна бидејќи никогаш не ги научиле основите на готвењето. Укинувањето на предмети, како што е домаќинство од училиштата, исто така, придонесе помладите генерации ретко да готват сами. Купување во продавници Припадниците на генерацијата Z се многу посклони да купуваат преку интернет бидејќи им е полесно и поудобно. Психолозите истакнуваат дека социјалните медиуми и мобилните телефони го променија начинот на кој младите луѓе комуницираат со странци. Луѓето кои пораснаа во 70-тите и 80-тите години многу често сами ги извршуваа секојдневните задачи и развија социјални вештини преку комуникација лице в лице. Адресирање и испраќање писма Поради дигиталната комуникација, многу млади луѓе денес ретко испраќаат физичка пошта или адресираат коверти. Иако некои аналогни хобија се враќаат, голем број луѓе веќе не знаат како правилно да адресираат или испратат писмо. Постарите генерации морале овие работи да ги учат низ секојдневниот живот и комуникацијата.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook