Хуанг е меѓу важните играчи во областа на вештачката интелигенција бидејќи чиповите на Nvidia се користат во најсовремените уреди, како што е суперкомпјутерот што Мајкрософт го изгради за старт-апот OpenAI.
На состанокот во Стокхолм вчера, официјалните лица објавија дека го надградуваат најбрзиот суперкомпјутер во Шведска со алатки Nvidia за, меѓу другото, да развијат „голем јазичен модел“ кој течно ќе зборува шведски.
„Запомнете, ако добро размислите, ќе сфатите дека сè што ви било корисно во животот, ви отворало нови можности или било одлично за општеството, веројатно може да биде и штетно“, предупреди шефот на американската компанија.
Политичарите како Тед Лиу, претставник на демократите од Калифорнија во Претставничкиот дом на САД, веруваат дека САД треба да основаат федерална агенција за регулирање на вештачката интелигенција.
Во авторски текст објавен во понеделникот во Њујорк Тајмс, Лиу предупреди дека системите како софтверот за препознавање лице што го користи полицијата може погрешно да ги идентификува невините луѓе од малцинските групи.
Стандардите за безбедна вештачка интелигенција треба да ги утврдат инженерските комори, по моделот во медицината, смета шефот на Nvidia. Тој, сепак, нагласува дека законите и општествените норми ќе играат клучна улога.
„Која ќе биде општествената норма за употреба на (вештачката интелигенција)? Кои законски норми треба да ги воспоставиме за нејзина употреба?“ Хуанг ги сумираше важните отворени прашања.
Се уште ништо не е дефинитивно утврдено, нагласи тој.