3Заложничка драма во Колумбија: Маскирани разбојници упаднале во супермаркет, прекинати се сите летови (ВИДЕО)
3Кралицата Елизабета напишала писмо кое што не смее да се отвори до 2085.- ниту семејството не знае што напишала
МакедонијаДиректорот на ЈПДП Трајановски и градоначалникот Димитриевски на увид на патот Р1104 Директорот на ЈПДП Трајановски и градоначалникот Димитриевски на увид на патот Р1104 Куманово транзит-улица „Никола Тесла“Директорот на Јавното претпријатие за државни патишта (ЈПДП) Коце Трајановски и градоначалникот на Општина Куманово, Максим Димитриевски денеска извршија увид во градежните активности на регионалниот пат Р1104 Куманово транзит-улицата „Никола Тесла“. Овој пат го поврзува Куманово со Граничниот премин Табановце и со селата од општина Куманово кон северната граница. За реконструкција на овој пат одвоени се над 20 милиони денари. - ЈПДП активно работи на обнова и реконструкција на државните патишта, автопатиштата, магистралите, експресните патишта, но не се заборавени ниту регионалните патишта. Еден од тие е и овој регионален пат „Никола Тесла“ чијашто рехабилитација почна вчера. Рехабилитацијата ќе биде во должина од 1.400 метри, со променлива ширина од 6, 5 до 9 метри или вкупна асфалтна површина од 10.000 метри квадратни. Вкупна инвестиција преку ЈПДП е 20 милиони денари, изјави директорот на претпријатието, Трајановски. Тој најави дека во Кумановско, веќе е почната реконструкција на патот Бељаковце-Клечовце во вредност од 35 милиони денари. По завршувањето на двата регионални патишта ќе почне реконструкција на патот од Пчиња до Вакв. - Вкупната инвестиција на ЈПДП во Куманово ќе биде 85 милиони денари. ЈПДП за реконструкција на овие регионални патишта во рамки на програмата за 2025-та, а во договор со ЈП „Македонија пат“ има планирано 700 милиони денари оваа година за реконструкција и рехабилитација на регионалните патишта. Се трудиме во секоја општина, каде што е најкритично во соработка со градоначалниците да видиме кои се најприоритетните за оваа година. Останатите ќе бидат наредна година, освен тоа имаме и надзор кој ни даваат свое мислење и стручните служби од претпријатието. Овој патен правец е значаен за Куманово и затоа во соработка со градоначалникот и општината е ставен како приоритет за реконструкција, изјави Трајановски. Средствата за рехабилитација на регионалните патни правци во единиците на локалната самоуправа се издвојуваат од буџетот на ЈПДП, а активностите се изведуваат преку договорот со Јавното претпријатие за одржување и заштита на магистралните и регионалните патишта (Македонија пат). Градоначачникот на Куманово, Димитриевски се заблагодари на поддршката од Владата, ЈПДП, за реконструкцијата на патот и решавање на деценискиот проблем. - Претходно, на оваа траса во соработка со Министерство за транспорт и врски се реинвестираше и комплетно го реконструира во делот на оваа траса водоснабдувањето и системот, а дополнително се надевам во иднина дека со заеднички сили ќе најдеме начин да ја изградиме целосната траса која од овде тргнува, па завршува се до стариот граничен премин со Р. Србија накај село Табановце, изјави Димитриевски. Кумановскиот градоначалник посочи дека водоснабдителниот систем не е предаден на „Водовод“ Куманово поради одредени технички недостатоци. - Тоа е комплетна надлежност на Министерството за транспорт и врски, надзорот е нивен, но работиме на тоа, иако истиот делумно функционира да се стави во целост во функција. Но, оваа траса на која работиме е независна на ова што сега работиме, изјави Димитриевски. Општина Куманово ќе излезе во пресрет на барањата на граѓаните за изградба на тротоар од едната страна на улицата „Никола Тесла“, нагласи Димитриевски, одговарајќи на прашања од новинарите, бидејќи тука се наоѓа и средно училиште и раздвиженоста е голема, но дополни дека ќе биде вградено во идната развојна програма на општината, која нарачала изработка на техничка документација. Во однос на локалните приоритети за Куманово, Димитриевски најави изградба на кружен тек на крстосницата „Октомвриска револуција“ и „Доне Божинов“, ентериерно уредување на спортската сала, технички прием за објектот, како и санации на улици и училишта. Што се однесува за пазарот за стари работи, кој инаку се води како добиточен пазар, тој ќе се префрли во близина на спортскиот аеродром Аџитепе. На увидот присуствуваа пратениците Бране Петрушевски и Даниел Стојчевски, директорот на Царина, Бобан Николовски и претставници на локалната власт. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветАмбасадорот Хакаби: Израел би можело да продолжи да добива годишно по 3,8 милијарди долари од САД Амбасадорот на САД во Израел, Мајк Хакаби, изрази сомнеж дека Вашингтон ќе ја прекине годишната воена помош за Израел од 3,8 милијарди долари до крајот на оваа година, како што објави претседателот Доналд Трамп на 3 ноември, објави Ројтерс.Во претходно снимено интервју емитувано денес на конференција за односите меѓу САД и Израел во Тел Авив, Хакаби рече дека долгорочниот договор за воена помош ќе трае уште две години, што го прави неизвесно дали финансирањето може нагло да се намали пред крајот на годината. Тој рече дека средствата се одобрени од Конгресот и изрази сомнеж дека тие можат да се намалат без согласност на законодавното тело. На 3 ноември, додека гласачите се упатуваа кон гласачките места за Конгресот, Трамп рече дека постигнал договор со идните израелски премиер Бенјамин Нетанјаху неколку месеци претходно за прекин на финансирањето од САД, тврдејќи дека на Израел повеќе не му е потребна помошта. Според долгорочниот договор, познат како Меморандум за разбирање, Соединетите Држави планираа да му обезбедат на Израел 3,8 милијарди долари годишно до 2028 година за купување воена опрема произведена во САД. Трамп не даде детали за тоа како ќе се намали финансирањето. Хакаби рече дека американските и израелските претставници работеле на нов меморандум со месеци, но не прецизираше дали разговорите се обновени по објавата на Трамп. Јавната поддршка за Израел во Соединетите Американски Држави се намали, особено меѓу демократите, но и меѓу републиканците, делумно поради начинот на кој Израел ја водеше војната во Газа и непопуларната војна против Иран што Трамп и Нетанјаху ја започнаа оваа година. Нетанјаху, кој го загуби парламентарното мнозинство на изборите на 27 октомври, но останува премиер во технички капацитет, претходно јавно зборуваше за постепено укинување на воената помош на САД. Аналитичарите велат дека тој се обидувал да ги спречи растечките критики кон Израел во Соединетите Американски Држави. Хакаби изрази надеж дека нема да има „драматично, тектонско нарушување“ во односите меѓу двете земји, нагласувајќи дека нивното партнерство им користи и на граѓаните на Соединетите Американски Држави и на Израел.Тагови: Израел САД Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиОд седуммина повикани сведоци на Дејан Јованов, само двајца се појавија на судењето во „Идризово“15:00Одбраната повлече двајца сведоци од судењето за пожарот во „Пулс“, родителите реагираа09:00Муцунски во Атина: Герапетритис ја пофали Македонија за значителен напредок во повеќе области15:15Муцунски на министерски состанок на „Пријателите на Западен Балкан“ во Атина11:30Муцунски на министерски состанок на „Пријателите на Западен Балкан“ во Атина09:28
Од седуммина повикани сведоци на Дејан Јованов, само двајца се појавија на судењето во „Идризово“15:00
ЖивотПринцот Вилијам донесе шокантна одлука: Принцезата Шарлот да се откаже од кралската титулаПринцот Вилијам наводно планира да им дозволи на своите деца, принцезата Шарлот и принцот Луис, кога ќе пораснат, да одлучат дали сакаат да ги задржат своите кралски титули или да се откажат од нив.Принцот Вилијам наводно планира да им дозволи на своите деца, принцезата Шарлот и принцот Луис, кога ќе пораснат, да одлучат дали сакаат да ги задржат своите кралски титули или да се откажат од нив и да изберат животен пат што не е поврзан со кралските должности. Според британскиот „Дејли меил“, наследникот на британскиот престол сака да им даде на своите помлади деца слобода сами да одлучат што ќе прават и каков живот сакаат да водат. Според овој медиум, Шарлот, која има 11 години, и нејзиниот осумгодишен брат Луис наводно би можеле да се откажат од своите титули принц и принцеза, како и од титулите „Негово“ и „Нејзино Кралско Височество“ (НВВ) кога ќе пораснат. Таквата одлука би им отворила можност да изберат кариери и животи надвор од традиционалните очекувања што ги придружуваат членовите на кралското семејство. Особено внимание привлече тврдењата на изворите дека Шарлот веќе покажува интерес за уметноста и дека во иднина би сакала да се занимава со пеење или глума. „Таа е родена за сцената. Таа е прекрасна актерка и пејачка и токму тоа сака да биде кога ќе порасне“, рекол изворот, според „Дејли меил“. Истиот медиум, исто така, објавува дека принцезата би можела да биде заинтересирана да посетува интернат познат по образованието во сценските уметности. Сепак, овие тврдења засега не се официјално потврдени. За потсетување, кралските обожаватели веќе имаа можност да ја видат музичката страна на Шарлот. Принцезата, заедно со нејзината мајка, принцезата од Велс, свиреа на пијано на отворањето на божиќната служба „Заедно за Божиќ“. Нивниот заеднички настап потоа привлече големо внимание од јавноста. Принцот Џорџ има поинаква иднина Додека Шарлот и Луис, според медиумските извештаи, би можеле да изберат дали сакаат да ги задржат своите кралски титули, иднината на нивниот постар брат, принцот Џорџ, веќе е одредена од неговата позиција во редот на наследување. Џорџ, кој има 13 години, е втор во редот за британскиот престол, веднаш зад својот татко, и се очекува еден ден да стане крал. Шарлот, од друга страна, има уште една традиционална улога поврзана со неа. Според кралскиот обичај, се очекува еден ден да ја наследи титулата Принцеза Ројал, која моментално ја држи принцезата Ана. Оваа титула ја доделува монархот, а Шарлот може да ја добие само кога нејзиниот татко ќе стане крал. Претставници на принцот и принцезата од Велс се контактирани во врска со овие обвинувања, но тие не сакаа да коментираат за нив, објавува „News24“. Затоа, во моментов нема официјална потврда дека Вилијам навистина планира да им понуди на своите деца можност да се откажат од своите титули. Кејт Мидлтон подготвува личен документарец за нејзиното искуство со ракот Во меѓувреме, принцезата од Велс најави нов документарец кој ќе се занимава со нејзиното лично искуство со дијагнозата и закрепнувањето од рак. Се очекува проектот, наречен „Исцели“, да го истражи животот по дијагнозата, како и начините на кои луѓето наоѓаат утеха, сила и надеж додека се справуваат со сериозна болест. Како што е наведено во соопштението, документарецот има за цел да им помогне на луѓето да се справат со нивната дијагноза, третман и живот по ракот, со посебен фокус на холистички пристап кон грижата, благосостојбата и квалитетот на животот. Средствата собрани од овој проект ќе бидат доделени на хуманитарната организација „Ројал Марсден“, која ја поддржува работата на истоимената онколошка институција. Документарниот филм, на тој начин, покрај личната приказна на принцезата од Велс, ќе има и хуманитарна цел.Тагови: Принцот Вилијам принцезата Шарлот Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиОд седуммина повикани сведоци на Дејан Јованов, само двајца се појавија на судењето во „Идризово“15:00Одбраната повлече двајца сведоци од судењето за пожарот во „Пулс“, родителите реагираа09:00Муцунски во Атина: Герапетритис ја пофали Македонија за значителен напредок во повеќе области15:15Муцунски на министерски состанок на „Пријателите на Западен Балкан“ во Атина11:30Муцунски на министерски состанок на „Пријателите на Западен Балкан“ во Атина09:28
Од седуммина повикани сведоци на Дејан Јованов, само двајца се појавија на судењето во „Идризово“15:00
СудбинаМаж со Алцхајмерова болест преживеал 11 дена во Амазонија- го барале со дронови и термални камери (ВИДЕО)74-годишниот Жанарино Фереира дос Сантос, кој боледува од Алцхајмерова болест, е пронајден жив откако поминал 11 дена сам во амазонската дождовна шума во Бразил.Тој се опоравува во болница во градот Макапа, а спасувачите откриле дека преживувал јадејќи диви бобинки и пиејќи вода од природни извори, објави АП. Човекот се движел во кругови Дос Сантос бил пронајден во густа шумска област на околу 10 километри од Макапа. Спасувачите рекле дека тој правел импровизирани хамаци од листови од палма асаи за да се одмори во текот на ноќта. Ренерот на паркот Аниел Кардозо, кој учествувал во потрагата, рекол дека тој и волонтерите биле одведени до исчезнатиот човек по траги кои покажувале дека одел во кругови. Тие пронашле две леи од палмини лисја, а свежината на втората укажувала дека човекот сè уште е во близина. Дос Сантос бил пронајден бос и облечен само во долна облека. Не можел да зборува ниту да оди и бил многу жеден, рече Кардозо. Операцијата била комплицирана поради густата вегетација Потрагата започнала денот по неговото исчезнување, а во неа учествувале членови на семејството, волонтери и безбедносни служби. Пожарникарите и специјализираните тимови користеле хеликоптери, беспилотни летала и термални камери, додека неговата внука повикала потрагата да продолжи на социјалните мрежи. Спасувањето од прашумата на Амазонија било комплицирано поради густата вегетација, поплавените подрачја и мочурливата земја. Спасувачите затоа направиле импровизирана носилка од јажиња и го пренеле по непристапен терен. Кардозо рекол дека Дос Сантос ја напуштил својата куќа на работ на дождовната шума додека неговите роднини биле во посета на сосед.Тагови: Алцхајмерова болест Амазонија Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter