Директорот на Голдман Сакс: Инфлацијата ќе биде висока уште некое време, но не како во 70-те - Канал 5

Директорот на Голдман Сакс: Инфлацијата ќе биде висока уште некое време, но не како во 70-те

Извршниот директор на Голдман Сакс, Дејвид Соломон, тврди дека инфлацијата ќе расте уште некое време, но не очекува повторување на растот на трошоците забележан во 70-те години од минатиот век.

Директорот на Голдман Сакс: Инфлацијата ќе биде висока уште некое време, но не како во 70-те

– Постои разумна шанса инфлацијата да се зголеми во одреден временски период, но тоа не значи дека ќе биде како во 1970-те. Треба да се биде внимателен и соодветно да се управува со ризиците, изјави тој во интервју за Си Ен Би Си.

Меѓународниот монетарен фонд минатата недела предупреди на засилување на инфлаторните притисоци, особено во САД и рече дека американските централни банкари треба повеќе да се фокусираат на инфлаторните ризици.

Соломон укажа на „неизвесноста" на глобалните финансиски пазари поради факторите кои ја вклучуваат Омикрон варијантата на коронавирус и на информациите за темпото со кое ФЕД и другите централни банки ќе го намалат купувањето средства.

– Се уште не сме излезени целосно од пандемијата. Ова создава несигурност и оваа неизвесност ќе влијае на економската активност. Покрај тоа, имаме промени во фискалната и монетарната политика за да се обидеме да го балансираме ова. Нема сомнеж дека овој период е без преседан и е многу тешко да се предвиди како ќе излеземе од сето ова, додаде Соломон.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Несовесни граѓани го вандализираа надземниот премин „Влајко“

Во текот на денешниот ден, сведоци сме на уште еден вандалски чин на надземниот пешачки премин „Влајко“ кој се наоѓа во населбата Влае.

Несовесни граѓани го вандализираа надземниот премин „Влајко“

Поради настанатата материјална штета и можноста од повреди на граѓаните, ве известуваме дека преминот привремено ќе биде затворен за користење.

По санирањето на настанатите штети, преминот повторно ќе биде ставен во функција. За повторното отворање, јавноста дополнително ќе биде информирана.

Општина Карпош

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Апсења на Косово: Функционери во Министерството за образование зад решетки

Припадници на косовската полиција денеска уапсија неколку вработени во Министерството за образование, наука и технологија во Приштина под сомнение за сторено кривично дело злоупотреба на службена положба.

Апсења на Косово: Функционери во Министерството за образование зад решетки

Според информациите објавени од медиумите, меѓу уапсените се Фадиле Дила, Фехми Зилфиу и Џемајл Бузуку, објави Индексонлајн.

Засега нема детали за што конкретно се товарат уапсените, ниту пак се објавени за какви околности се однесува истрагата. Се очекува надлежните органи на Косово да објават повеќе информации за случајот, како и за понатамошниот тек на постапката против осомничените.

Според достапните информации, сите уапсени се осомничени за кривично дело злоупотреба на службена положба, а истрагата треба да ги утврди сите околности и евентуалната одговорност на осомничените.

Истрагата, која треба да фрли светлина врз сите околности на овој случај, е во тек.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Јанев во посета на РЦГР – Запад: Проактивното работење е клучно за безбедноста на границата

Директорот на Бирото за јавна безбедност, Александар Јанев, денеска (08.10.2026) оствари работна посета на Регионалниот центар за гранични работи – Запад во Охрид.

Јанев во посета на РЦГР – Запад: Проактивното работење е клучно за безбедноста на границата

Директорот на Бирото за јавна безбедност, Александар Јанев, денеска (08.10.2026) оствари работна посета на Регионалниот центар за гранични работи – Запад во Охрид, каде со раководството разговараше за актуелните безбедносни предизвици и унапредувањето на полициското работење.

Фокусот беше ставен на ризиците од прекуграничен криминал долж зелената и водената граница, состојбата на граничните премини, движењето и престојот на странски државјани, како и потребата од навремено препознавање и спречување на безбедносните ризици.

„Безбедносната состојба е стабилна и поволна, но стабилноста не значи пасивност. Полицијата мора навреме да ги предвидува, анализира и спречува ризиците“, истакна Јанев.

На средбата беше разговарано и за материјално-техничкото и кадровското зајакнување на капацитетите, функционирањето на регионалните командни центри, како и за унапредување на координацијата и размената на информации со надлежните институции.

Посебен акцент беше ставен на имплементацијата на концептот „One Stop“ на граничните премини со Албанија, почнувајќи од ГП „Ќафасан“.

„Целта е јасна – сигурна граница и полиција која делува превентивно и е чекор пред безбедносните предизвици“, порача Јанев, соопштуваат од МВР.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер