Директорот на ФБИ не е убеден дека Трамп бил погоден од куршум - Канал 5

Директорот на ФБИ не е убеден дека Трамп бил погоден од куршум

Директорот на ФБИ, Кристофер Вреј, за време на маратонското сведочење откри дека иследниците сè уште не знаат дали поранешниот претседател Доналд Трамп бил погоден со куршум .

Директорот на ФБИ не е убеден дека Трамп бил погоден од куршум

Директорот на ФБИ, Кристофер Вреј, за време на маратонското сведочење откри дека иследниците сè уште не знаат дали поранешниот претседател Доналд Трамп бил погоден со куршум или парче шрапнел за време на обидот за атентат, пишува Дејли Бист.

Двапати во текот на повеќечасовната седница, Вреј им кажа на пратениците дека ФБИ сè уште работи на тоа што точно го погодило поранешниот претседател во десното уво за време на митингот во Батлер, Пенсилванија.

„Моето разбирање е дека тој бил погоден од куршум или некој шрапнел“, му рекол Вреј на конгресменот Кевин Кили од Калифорнија.

Подоцна на сослушувањето, претставникот на претседателот на Комитетот Џим Џордан (Охајо) го прашал Вреј дали истражителите знаат каде завршиле сите осум куршуми испукани од Томас Метју Крукс.

„Прашање е дали го погодил куршум или шрапнел во увото, па затоа е можно бидејќи седам овде а не знам дали тој куршум, освен што предизвикал гребаница, можел да заврши и на друго место. “, сведочеше Вреј.

Џордан не поставил дополнителни прашања за шрапнелите.

Говорејќи на републиканската национална конвенција само неколку дена по обидот за атентат, Трамп рече дека куршумот „ме погоди на неколку сантиметри од мојот живот“.

„Слушнав силен свиреж и почувствував дека нешто силно ме удри во десното уво“, опиша поранешниот американски претседател.

Поранешниот доктор на Трамп во Белата куќа, пратеникот Рони Џексон (Тексас), подоцна во една конзервативна радио емисија изјави дека ја прегледал раната неколку дена по пукањето. „Куршумот беше доволно далеку од неговата глава што немаше експлозивен ефект и само го помина горниот дел од десното уво“.

Додека истрагата за обидот за атентат продолжува, Вреј му понуди на комитетот нови сознанија, вклучувајќи го и откритието дека Крукс се обидел да истражи колку бил далеку атентаторот од поранешниот претседател Џон Ф. Кенеди, кој беше убиен во 1963 година.

Трамп одговори со објавување на Truth Social додека сослушувањето сè уште е во тек, повикувајќи го Вреј да поднесе оставка - но не поради ништо што кажа за обидот за атентат. Наместо тоа, Доналд Трамп го нападна директорот на ФБИ за тврдењето дека неговите средби со претседателот Бајден биле „безначајни и незабележителни“.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Денеска пресуда за случајот со палење на дипломатски возила пред бугарската амбасада

Денеска треба да се донесе пресуда за случајот со палење на двете дипломатски возила на бугарската амбасада во Скопје инцидентот што се случи на 15 јуни  годинава .

Денеска  пресуда за случајот со палење на дипломатски возила пред бугарската амбасада

За кривично дело насочено против безбедноста на лицата и објектите под меѓународноправна заштита 44-годишниот скопјанец претходно ја призна вината за делото, изјавувајќи пред судот дека сам ја донел одлуката да ги полее со бензин и да ги запали возилата.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

„Охридско лето“ со впечатлив концерт во Македонската филхармонија, Патира и Курек ја воодушевија публиката

Виртуозниот полски виолинист Мариуш Патира и истакнатиот пијанист Радослав Курек синоќа приредија впечатлива музичка вечер во Камерната сала на Македонската филхармонија, во рамките на концертната дејност на НУ „Охридско лето“ .

„Охридско лето“ со впечатлив концерт во Македонската филхармонија, Патира и Курек ја воодушевија публиката

Виртуозниот полски виолинист Мариуш Патира и истакнатиот пијанист Радослав Курек синоќа приредија впечатлива музичка вечер во Камерната сала на Македонската филхармонија, во рамките на концертната дејност на НУ „Охридско лето“ надвор од редовната фестивалска сезона.

Публиката имаше можност да ужива во внимателно одбран репертоар, кој понуди дела од различни стилски периоди и ја истакна виртуозноста и музичката интерпретација на двајцата уметници.

Со својата извонредна техника, музикалност и сценска енергија, Патира и Курек ја воодушевија публиката, која нивната изведба ја награди со долги и громогласни аплаузи.

Особено внимание предизвика музичката комуникација меѓу двајцата уметници, чии изведби се надополнуваа во впечатлива целина, оставајќи силен впечаток кај присутните.

Мариуш Патира во 2001 година ја освои главната награда на престижниот Меѓународен виолински натпревар „Николо Паганини“, како прв полски виолинист кому му припаднало ова признание. Настапувал на престижни концертни сцени во Европа, Јапонија, САД и Мексико.

Радослав Курек е истакнат пијанист и камерен музичар, добитник на повеќе меѓународни признанија, а неговата концертна кариера опфаќа настапи во Европа, Америка, Азија и Африка.

Со овој концерт „Охридско лето“ ја продолжува својата концертна дејност и надвор од редовните фестивалски денови, традиција започната минатата година.

Овој концерт се реализираше со поддршка на Амбасадата на Република Полска во Скопје, а влезот за посетителите беше бесплатен како израз на благодарност за поддршката и довербата на публиката, но и како придонес кон создавање достапни и квалитетни културни содржини.

По синоќешниот концерт, концертната програма продолжува на 4 декември во Музејот на македонската борба за самостојност, со настап на извонредната корејско-американска сопранистка Јуна Ли и пијанистот Кенет Клецјен.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Си Џинпинг го нарече Путин „стар пријател“ пред средбата со Трамп

Кинескиот претседател Си Џинпинг го нарече рускиот претседател Владимир Путин „стар пријател“ на средбата во Кина, пред Самитот на Азиско-пацифичките лидери.

Си Џинпинг го нарече Путин „стар пријател“ пред средбата со Трамп

Двајцата разговараа за војната во Украина, енергетската соработка и односите со САД. Си се обидува да одржи деликатна рамнотежа меѓу односите со Москва и Вашингтон.

Во четврток, Си и Путин треба да имаат историска трилатерална средба со американскиот претседател Доналд Трамп.

Руските медиуми средбата веќе ја оценуваат како дипломатска победа за Путин. Трамп денеска ќе отпатува за Кина од Филипините, каде присуствуваше на Самитот на Азиско-пацифичкиот регион.Таму се сретна со индискиот премиер Моди, австралискиот премиер Албанезе и јапонската премиерка Такаичи.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер