Директорот на Царина: Во јули остварена историски највисока наплата на приходи од над 14 милијарди денари - Канал 5

Директорот на Царина: Во јули остварена историски највисока наплата на приходи од над 14 милијарди денари

Во јули остварена историски највисока наплата на приходи од над 14 милијарди денари - изградивме систем што испорачува резултати.

Директорот на Царина: Во јули остварена историски највисока наплата на приходи од над 14 милијарди денари

Царинската управа во јули оствари историски највисокa месечна наплата на приходи од 14,14 милијарди денари, што е за 1,5 милијарди денари или 11,8 проценти повеќе од јули минатата година.

Директорот на Царинска управа, Бобан Николовски, вели дека ваквите податоци се доказ дека системот што се гради во изминатите две години ја зголемува способноста на државата да генерира повисоки приходи.

„Најзначајниот аспект на фактот што по четврти пат во последните две години ги надминуваме рекордите во наплатата на приходи на историско ниво - почнувајќи од над 12 милијарди денари во јули минатата година и сега над 14 милијарди денари не е самата бројка туку трендот што го отсликува. Ова е доказ дека успесите не се изолирани случаи, туку резултат на ефикасноста на системот што го градевме во изминатите две години. Ваквиот систем ни овозможува да генерираме повисоки приходи и да испорачаме подобри услови за живот за граѓаните“, потенцира Николовски.

Согласно анализата на наплатата на приходите остварена во јули, зголемувањето во најголем дел се должи на зголемените набавки на опрема од страна на Министерството за одбрана, зголемениот увоз на нафта и нафтени деривати, како и на зголемениот увоз на тутун и тутунски производи.

Кумулативно од почетокот на годинава заклучно со јули Царинската управа оствари вкупни приходи од 80,5 милијарди денари или 1,3 милијарди евра што е за 87,6 милиони евра повеќе од истиот период минатата година.

Николовски додава дека како институција која собира милијарди денари приходи за државниот Буџет, нашата должност е да обезбедиме подобри услови за водење бизнис и зголемување на конкурентноста на македонската економија.

„Нашата цел е јасна, градиме систем со кој безбедноста и полнењето на Буџетот не ја кочат економијата, туку се одвиваат паралелно преку модернизација и таргетирање на ризикот. Продолжуваме да градиме модерна, ефикасна и професионална Царинска управа која во континуитет испорачува резултати и придонесува за посилна економија“, истакна Николовски.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Пијани возачи предизвикале две сообраќајки во Тетово и околината, едниот немал ниту дозвола

Две сообраќајни несреќи во Тетово и тетовско предизвикани од возачи кои возеле под дејство на алкохол, едниот и без дозвола, двајцата се лишени од слобода.

Пијани возачи предизвикале две сообраќајки во Тетово и околината, едниот немал ниту дозвола

На 24.10.2026 околу 22:20 часот во СВР Тетово било пријавено дека на бул.„Видое Смилевски Бато“ во Тетово, патничко возило „бмв“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од 42-годишниот Д.С. од Тетово, удрило во три 16-годишни малолетници, сите од Тетово. По несреќата возачот со возилото го напуштил местото, но набргу бил пронајден и сопрен на ул.„Никола Тесла“. При алкотестирање кај него биле измерени 2,22 промили алкохол во крвта, а при преглед на возилото биле пронајдени три пакувања со марихуана, по што е лишен од слобода, а возилтоо е одземено.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил еден малолетник, додека другите двајца се здобиле со телесни повреди, констатирани во Клиничка болница Тетово. Извршен е увид од увидна екипа на СВР Тетово. По целосно документирање на случајот, против него ќе следува соодветна пријава.

На 24.10.2026 во 04:10 часот во СВР Тетово било пријавено дека во с.Пирок, општина Боговиње, патничко возило „фолксваген поло“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од 19-годишниот Д.М. од с.Пирок удрило во бетонски столб од куќа и излог одобјект, сопственост на Ф.Ш.(45) од с.Пирок.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле сопатниците во возилото А.Р., А.М. и А.Р., додека со телесни повреди сопатникот Е.К. и возачот, констатирани во Ургентен центар при Клиничка болница Тетово.

Извршен е увид од увидна екипа на СВР Тетово, при што било констатирано дека возачот Д.М. го управувал возилото по дејство на алкохол, односно му биле измерени 1,29 промили алкохол во крвта, не поседувал возачка дозвола. Д.М. е лишен од слобода и по целосно документирање на случајот, против него ќе следува соодветна пријава, соопштуваат од МВР.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Кузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница

Осудениот С.З. познат како Симе не е во затвор.

Кузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница

Еве го повторно со Мицкоски. Нова слика од вчера, додека Мицкоски дава изјава.

Работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница.

СДСМ објави цел албум фотографии со арамијата Мицкоски.

Со години е во друштво на арамијата на обиколки по терен.

Уапсен со поголема количина дрога, оружје, муниција и пари.

Цела Македонија го видео како пука со калашников. Во друго видео како го цитира Шешељ пред руско знаме.

ВМРО прво рече „само една фотографија“. Потоа излегоа повеќе слики и видеа. Од тогаш молк.

Институциите молчат. Арамијата Мицкоски никогаш не одговори на прашањата.

Сега истиот Симе е на слобода, го гледаме на нови слики со Мицкоски.

Одговорност нема.

Симе беше уапсен во време кога 5 тони дрога поминаа од Македонија и беа запленети во Србија, кај сестринската СНС, во селото Коњух кај Крушевац.

Очигледно Симе е пуштен да плаќа и да се заканува во Брвеница.

Ова е враќање во времето на мракот на Груевски и Мијалков.

Заштита на криминалци што работат за бандата.

СДСМ бара обвинителството веднаш да испит:

Зошто Симе не е во затвор?

Кој го пушти?

Како е можно човек уапсен со дрога и оружје да работи за власта наместо да одговара?!, рече Богданка Кузеска – портпаролка и членка на Извршниот одбор на СДСМ.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Кармен Електра ги воодушеви сите во фустан со проѕирен корсет (ФОТО)

Кармен Електра, која го задржа својот статус на секс симбол децении по славата во ТВ серијата „Спасувачите“, се појави на Галата на ѕвездите на „Танчерите против ракот“ во Лос Анџелес. 

Кармен Електра ги воодушеви сите во фустан со проѕирен корсет (ФОТО)

Актерката и модел (54) избра долг црн фустан со проѕирен корсет за настанот, кој се одржа овој четврток.

Таа ја замени својата препознатлива руса коса со потемна нијанса. Носеше долг, црн фустан што го припиваше телото со проѕирен горен дел. Ја спушти кафеавата коса во нежни бранови, а нејзината шминка вклучуваше чаден ај и кармин во боја на гола боја.

Секс симбол на 90-тите

Електра стана глобално позната во 1997 година со нејзината улога како Лани Мекензи во популарната ТВ серија за спасувачи. Со тоа, таа го презеде местото што го прослави Памела Андерсон и стана едно од најпрепознатливите лица на серијата.

Родена како Тара Ли Патрик, таа ја започна својата кариера како пејачка во Минеаполис, каде што го привлече вниманието на музичарот Принс, кој ѝ го даде сценското име Кармен Електра. Нејзиниот статус како една од најпознатите „пин-ап“ девојки од крајот на деведесеттите години беше обезбеден со нејзините појавувања во „Плејбој“, „Спасувачка служба“ и шоуто на МТВ „Синглд Аут“.

Интересно е што во тоа време не се сметала за секс симбол и вели дека никогаш не се чувствувала како предмет. „Не баш“, претходно изјавила таа за „Ролинг Стоун“. „Го избрав тој пат затоа што така се чувствував и не се сметав себеси за секс симбол. Кога луѓето ќе го кажеа тоа, ќе бев изненадена, но го сфатив како комплимент. Има толку многу секс симболи на кои им се восхитував тогаш, а им се восхитувам и денес.“

Децении подоцна, тој го прифаќа тој статус. „Сакам да бидам секси“, изјавила таа за „Фокс њуз диџитал“. „Мислам дека тоа дава чувство на моќ.“

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер