Директорот на БЈБ при МВР Јанев ја отвори работилницата на Интерпол која се одржува во Скопје - Канал 5

Директорот на БЈБ при МВР Јанев ја отвори работилницата на Интерпол која се одржува во Скопје

Работилницата е фокусирана на дискусија за имплементација на новата уникатна алатка на ИНТЕРПОЛ

Директорот на БЈБ при МВР Јанев ја отвори работилницата на Интерпол која се одржува во Скопје

Директорот на Бирото за јавна безбедност при МВР Александар Јанев денеска (02.04.2025) ја отвори работилницата на Интерпол за сребрена потерница, која се одржува од 2-3 април 2025 година во Скопје, на која учествуваат околу 60 јавни обвинители, полициски службеници и претставници од финансиски институции надлежни за враќање на криминално стекнат имот, од Европските држави и САД.

Работилницата е фокусирана на дискусија за имплементација на новата уникатна алатка на ИНТЕРПОЛ, преку која на државите членки им се овозможува поуспешна борба против организираниот и сериозен криминал и зајакната меѓународна полициска соработка, преку упатување на барања и размена на информации за лоцирање, идентификување и добивање податоци за криминално стекнат имот во странство.

Како дел од експертската работна група на ИНТЕРПОЛ за сребрена потерница меѓу 32 држави од светот, како и дел од пилот проектот за сребрена потерница меѓу 51 држава од светот, нашата држава е единствената држава од регионот на Западен Балкан, која дава активен придонес во пилот фазата за распишување на сребрени потерници, со воспоставена тесна координација на национално ниво помеѓу сите надлежни служби за спроведување на законот. Процесот за враќање на криминално стекнатиот имот е од особена важност во борбата против криминалот и корупцијата, придонесува кон разбивање на криминалните мрежи и зацврстување на довербата кај граѓаните.

Преку враќање на криминално стекнатиот имот, се удира директно во главниот двигател на криминалната активност - стекнувањето профит и значителната економска позадина, која е од суштинско значење за функционирањето на криминалната мрежа, а од друга страна се отвара можност за генерирање на финансиски средства за понатамошен развој и јакнење на правниот систем во државите.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ЈО: Поведена постапка за насилство пред спортски натпревар

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против едно лице за кривично дело – Насилство од член 386 став 6 во врска со став 4 и став 1 од Кривичниот законик.

ЈО: Поведена постапка за насилство пред спортски натпревар

Во конфликт меѓу навивачки групи пред влезот на С.Ц „Јане Сандански“ осомничениот задал удар во глава на дете од спротивниот табор. Оштетеното дете од ударот се онесвестило и паднало на земја и со контузија на главата било пренесено во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“.

Поради опасност од бегство, можност да влијае врз сведоците на настанот кои треба да бидат сослушани, но и да го повтори делото, јавниот обвинител предложи на осомничениот 20-годишник да му биде определена мерка притвор, стои во соопштението од Јавното обвинителство.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Јотова во водство на претседателските избори во Бугарија

Според излезните анкети Илина Јотова ќе биде прва жена претседател на Бугарија.

Јотова во водство на претседателските избори во Бугарија

По вториот ккруг избори денеска неколку анкети за испитување на јавното мислење и даваат на јотова околу 52 проценти од гласовите .

Поранешниот привремен премиер Андреј Ѓуров, кој има поддршка од прозападните опозициски партии, имал околу 44 % од гласовите.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Во Брвеница победи кандидатот на ДУИ Јахиј, ВМРО-ДПМНЕ ја честиташе победата

Заврши гласањето во Брвеница, граѓаните избираа меѓу Стојанчо Радически од ВМРО-ДПМНЕ и Аркин Јахиј од ДУИ     

Во Брвеница победи кандидатот на ДУИ Јахиј, ВМРО-ДПМНЕ ја честиташе победата

За 21 часот Државната изборна комисија најави дека ќе ги објави првичните резултати од денешниот втор круг избои за градоначалник на Брвеница.

ВМРО-ДПМНЕ пред малку го призна поразот на нивниот кандидат Стојанче Радичевски и ја честиташе победата на на кандидатот на ДУИ Аркин Јахиј.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер