Директорот на БЈБ Јанев во посета на полициските станици во Крива Паланка и Кратово, - Канал 5

Директорот на БЈБ Јанев во посета на полициските станици во Крива Паланка и Кратово,

Директорот на БЈБ Јанев во посета на полициските станици во Крива Паланка и Кратово, на Деве Баир и во заедничкиот контактен центар со Бугарија.

Директорот на БЈБ Јанев во посета на полициските станици во Крива Паланка и Кратово,

Директорот на Бирото за јавна безбедност при МВР, Александар Јанев оцени дека безбедносните состојби се на завидно ниво, сепак и покрај тоа полицијата мора постојано да се стреми секојдневно да биде се поблиску до граѓаните преку непосредна соработка и комуникација, првенствено во интерес на поефикасно и поквалитетно остварување на своите тековни задачи и обврски во служба на безбедноста и сигурноста, како и спокојот на граѓаните.

Како што соопшти МВР, ова директорот на БЈБ Јанев го изјавил при неговата посета и работни средби со надлежните во Полициските станици од општа надлежност во Крива Паланка и Кратово, на Граничниот премин Деве Баир, како и во заедничкиот контактен центар со Република Бугарија.

-При посетата на овие организациони единици на македонската полиција, која веќе претставува редовна практика, директорот Јанев ја искористи и можноста не само непосредно да се информира околу состојбите, плановите, проблемите во поглед на функционирањето на полициските служби на подрачјата на Крива Паланка, Кратово и ГП Деве Баир, туку заедно со раководителите на полициските единици преку анализа и оценка на актуелниот момент да се дадат насоки и идеи за натамошно унапредување и подобрување на секојдневното полициско работење, наведуваат од МВР.

Директорот Јанев, се посочува, и лично се увери како функционираат и службите одговорни за одржување на патиштата во зимски услови кои заедно со сообраќајната полиција имаат исто така многу важна мисија да бидат возачите и сите учесници во собраќајот безбедни и да ги намалиме материјалните штети и заштитиме човечките животи.

Во тој контекст, се додава, директорот Јанев посебно ја нагласи неопходноста од постојана меѓусебна комуникација и координација и во делот на размена на информации и во делот на конкретно полициско делување, бидејќи станува збор за региони кои што ги опфаќаат областите од граничното работење така што активностите треба да бидаат комплетирани со сите специфики карактеристични за подрачјата.

-Исто така, првиот човек на БЈБ и во оваа прилика уште еднаш ја истакна важноста на професионалниот и личен интегритет на полицискиот службеник, да постапуваме сите ние смирено, државнички и одлучно, со стриктно почитување на законите, законските дефинирани постапки и процедури во работењето, кои се суштински предуслов во успешно справување и превенирање со сите облици на криминал и одржување на јавната безбедност. Таквиот однос, според Јанев има своја позитивна рефлексија како врз самите резултати од работењето, така и врз имиџот на полицијата меѓу граѓаните, во самата заедница, стои во соопштението.

Еден од клучните мотиви за полицијата мора да биде демонстрирањето на практиката дека полицијата секогаш е рамо до рамо и партнер на сите наши граѓани чија што фундаментална мисија, обврска и задача е да им служи а не со нив да владее, потенцирал директорот на БЈБ Јанев.

Армијата активно е вклучена во гаснењето на пожарите на територијата на државата

Ангажирани се над 150  припадници на Армијата.

Армијата согласно одлуката на претседателката Гордана Сиљановска-Давкова за учество на дел од припадниците на Армијата во гаснењето на пожарите и одлуката за постоење на кризна состојба донесена од Владата заради зголемена појава на пожари, како и побарувањата на Центарот за управување со кризи активно се вклучи во гаснење на пожарите на целата територија на нашата држава. Во согласност со побарувањата, ангажирани се над 150 припадници на Армијата во следните општини:

Ѓорче Петров – ангажирани над 60 лица;

Крива Паланка – ангажирани околу 30 лица;

Село Николиќ, Дојран – ангажирани над 50 лица.

Дополнително во реонот на Визбегово, Општина Шуто Оризари, ангажиран е еден тим од Четата за атомско биолошка и хемиска одбрана за собирање на податоци за утврдување на квалитетот на воздухот од запалениот отпад во овој реон.

Армијата останува подготвена за натамошна поддршка и интервенција каде што е потребно, во координација со надлежните институции.

Скај њуз: Трамп би можел во следните недели да ја посети Шкотска

Американскиот претседател Доналд Трамп би можел да ја посети Шкотска во наредните недели, објави денес Скај њуз, повикувајќи се на неименувани извори.

Скај њуз: Трамп би можел во следните недели да ја посети Шкотска

Шкотската полиција денеска објави дека се подготвува за можна посета на американскиот претседател.

-Во тек е планирање за потенцијална посета на претседателот на САД на Шкотска подоцна овој месец, изјави Ема Бонд, помошничка началничка на полицијата во Шкотска.

„Иако сè уште нема официјална потврда, важно е однапред да се подготвиме за значајна полициска операција“, рече таа.

Трамп треба да оствари и државна посета на Обединетото Кралство оваа година, веројатно во септември, иако точниот датум сè уште не е објавен.

Датумот на посетата на Шкотска сè уште не е познат.

Тој поседува два терени за голф во Шкотска, еден на североисточниот брег, а другиот јужно од Глазгов на западниот брег.

Трамп во 2018 година посети терени за голф во Шкотска, а потоа имаше протести на тие локации и во некои од најголемите градови во земјата.

Шкотската полиција објави дека тридневната посета на Трамп на земјата во јули 2018 година чинела повеќе од три милиони фунти (3,48 милиони евра).

Орбан: За мир во Украина потребна е средба меѓу Путин и Трамп

 За воспоставување мир во Украина потребна е средба меѓу претседателот на Русија, Владимир Путин, и американскиот претседател, Доналд Трамп, смета унгарскиот премиер Виктор Орбан.

Орбан: За мир во Украина потребна е средба меѓу Путин и Трамп

- Сигурен сум, ова го кажувам како стар лисец кој многу видел во дипломатијата и, всушност, повеќе од кој било од сегашните Европјани на власт, дека прекин на огнот и мир во Украина ќе се постигнат ако се одржи средба на рускиот и американскиот претседател. Значи, телефон нема да помогне, рече Орбан во интервју за Јутјуб каналот „Патриота“.

Според него, ако почнат директни преговори, тогаш прекин на огнот „може да се постигне многу брзо“, но ако „нема лична средба, тогаш ситуацијата ќе биде жестока како што е сега уште многу месеци“, пренесува Спутник.

Тој во истото интервју го нарече украинскиот претседател Володимир Зеленски „комичар“, велејќи дека тој претставува нов вид „политичар-инфлуенсер, актер или комичар“.

Орбан рече дека претходното искуство на Зеленски во комедијата и глумата „не му помогнало во она што сега мора да го прави, особено не среде војна“.

Унгарскиот лидер изјави дека Зеленски „глуми претседател“, додавајќи дека тие двајца „не успеале да разговараат во подлабок контекст“.

Орбан додаде дека неговите посети на Украина, Русија, Кина и САД пред една година имале за цел склучување мировна иницијатива, но дека бил „одбиен“ во Киев.

притисни ентер