Директорот на БЈБ Јанев од Охрид: Борбата против трговијата со дрога е еден од приоритетите - Канал 5

Директорот на БЈБ Јанев од Охрид: Борбата против трговијата со дрога е еден од приоритетите

Разбивањето на меѓународните криминални организации, особено оние што се занимаваат со трговија со дрога е еден од нашите највисоки приоритети. 

Директорот на БЈБ Јанев од Охрид: Борбата против трговијата со дрога е еден од приоритетите

Оваа штетна појава го загрозува поредокот и нормалното функционирање на системот, анимира и генерира многу нелегални активности и во администрацијата и кај обичниот граѓанин, затоа мораме да дејствуваме решително.“

Ова, денес, меѓу другото, го истакна директорот на Бирото за јавна безбедност при МВР, Александар Јанев во неговото обраќање по повод работилница што во охридскиот хотел Метропол во рамки на ИЦИТАП програмата на амбасадата на САД во РСМ денес и утре ќе се одржува со претставници на Министерството за внатрешни работи, и со обвинители и истражители од Јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција (ЈОГОКК) и Јавното обвинителство Скопје, со судии од Основниот кривичен суд Скопје, како и судии и обвинители од обвинителствата и судовите кои ги покриваат граничните премини и рутите на организиран крминал - Охрид, Струга, Ресен, Битола, Велес, Гевгелија, Струмица, Штип, Делчево, Крива Паланка, Тетово, Гостивар и Куманово.

Говорејќи, во контекст на насловната тема на работилницата „Разбивање на меѓународни криминални организации и мрежи на трговија со дрога“, директорот Јанев потенцираше дека со заеднички напори, со заедничко работење како агенции за спроведување на законот, со нашите меѓународни партнери одлучно и ефикасно ќе можат да се надминат препреките поврзани со транснационалниот криминал и разбивањето на мрежите на ваков тип криминалци.

„Секој обезбеден доказ против овие криминални групи е производ на нашата макотрпна, чесна и посветена работа, потрошено многу време, многу човечки и финансиски ресурси, затоа потребата од нивно објективно валоризирање од сите чинители на системот е клучно во градењето на довербата и испорачување и осигурување на безбедноста на нашите граѓани и граѓаните на САД“, нагласи директорот Јанев особено апострофирајќи ја заедничка одговорност и обврска да се работи во откривање и спречување на националниот и транснационалниот криминал, бидејќи, според Јанев, тоа пред се го заслужуваат нашите граѓани, даночните обврзници, за кои постоиме и работиме како институции.

Покрај ова директорот Јанев се осврна и на предизвиците и заканите во борбата против мрежите за трговија со наркотици, како и за американските најдобри практики коишто може да ни помогнат во нашата решителна борба за справување со овој вид на криминал.

Притоа тој истакна дека еден од суштинските фактори секако претставува и имплементирањето на неопходните реформи, дигитализацијата, како и следните чекори што треба да се преземат за поуспешни резултати од овие активности, соопштуваат од МВР.

Ретко пржите риба зашто нејзиниот мирис се осеќа со денови

Додајте ја оваа состојка и заборавете на непријатниот мирис!

Ретко пржите риба зашто нејзиниот мирис се осеќа со денови

Кулинарски трик кој менува сè!

Пржењето риба може да биде вистинско искушение, особено кога низ кујната ќе се рашири интензивниот мирис кој не одбива од приготвувањето на овој здрав оброк. Меѓутоа, постои едноставен трик што ќе ви помогне рибата да ја приготвувате без да стравувате дека целиот стан ќе мириса со денови.

Без оглед дали станува збор за морска или речна риба, треба само во садот во којшто ја пржите рибата покрај масло да додадете и 100-125 мл млеко пред да ја ставите рибата. Млекото не само што ги неутрализира непријатните мириси, туку ја прави рибата помека, посочна и со попријатен вкус.

Оние што постат или избегнуваат млечни производи, не мораат да се откажуваат од овој трик, посната варијанта, на пример, бадемово или соино млеко, исто така функционира.

Приготвувањето риба, иако делува едноставно, често може да заврши како суво и жилаво месо ако не обратите внимание на деталите. Правилното одмрзнување на смрзнатите филети и контролата на температурата на маслото се први чекори, но токму додавањето млеко прави голема разлика помеѓу еден просечен и врвен оброк.

Многумина што ја провериле оваа метода велат дека се изненадени од резултатите и дека секогаш би користеле млеко при пржењето риба.

-Не само што рибата има подобар вкус, туку кујната останува свежа, како да не сте готвеле – се наведува во коментарите.

Доколку сакате риба, но досега сте се двоумеле да ја приготвувате дома поради миризбата, овој трик вреди да го пробате. Брз е, едноставен и исклучително ефикасен – совршен за секоја домаќинка.

„Ајрон мејден“ на специјални монети на британската Кралска ковачница

Британската Кралска ковачница за пари објави комеморативни монети во чест на 50-годишнината од постоењето на легендарната англиска хеви-метал група „Ајрон мејден“ (Iron Maiden).

„Ајрон мејден“ на специјални монети на британската Кралска ковачница

На тој начин, бендот им се придружува на другите изведувачи кои се нашле на официјална паричка. Во серијалот „Музички легенди“ на Кралската ковачница се прославија и „Квин“ (Queen), Елтон Џон и Дејвид Боуви. Изработен од уметникот пријател на „Ајрон мејден“ - Алберт „Акирант“ Квирантес, дизајнот на новите монети ја прикажува маскотата на составот - „Еди“, во динамична поза, но има и многу скриени детали.

- Дизајнирањето на паричката на „Ајрон мејден“ беше еден од највозбудливите проекти во мојата кариера... Сокрив неколку референци во дизајнот што вистинските обожаватели ќе уживаат да ги откријат, вклучувајќи суптилни алузии на класични уметнички дела од албуми и нивните најомилени песни, изјави уметникот.

Ребека Морган, одговорна за специјални монети во Кралската ковачница, истакна дека „Ајрон мејден“ се бестрашните пионери во музиката.

- Веејќи го знамето на Британија низ целиот свет половина век... Нивната креативна визија, моќните настапи и посветената публика им обезбедија место како еден од највлијателните британски бендови. Оваа монета е совршена фузија на „метал и метал“, па очекуваме дека ќе се покаже како колекционерско парче коешто ќе биде многу барано и од нумизматичарите и од страсните рок фанови, нагласи таа.

Монетите се достапни за купување од Кралската ковачница од 8:00 ч. утрово, во златни, сребрени и брилијантни изданија. Чинат од 18,50 фунти (за брилијантната монета од 5 фунти којашто ќе биде за вон оптек) дo 29,50 фунти за парчките во боја. Колекцијата вклучува и златна монета од 200 фунти, којашто чини 6.940 фунти.

Блумберг: Русите произведуваат значително повеќе дронови благодарение на кинески компании

Компанијата Аеро-ХИТ тврди дека до 2025 година ќе достигне производствен капацитет до 10.000 беспилотни летала месечно, со планови за развој на понапредни модели.

Блумберг: Русите произведуваат значително повеќе дронови благодарение на кинески компании

Русија значително ги прошири своите капацитети за беспилотни летала за војната против Украина благодарение на кинеските компании кои официјално негираат соработка со Москва, покажува истрагата на Блумберг, заснована на интерни документи на руската компанија Аеро-ХИТ и преписка со руски владини претставници.

Аеро-ХИТ, релативно непозната компанија со седиште во градот Хабаровск, на Далечниот Исток, започна да работи со кинески фирми во 2022 година, откако Русија започна целосна инвазија на Украина, со цел масовно производство на беспилотни летала за употреба на линијата на фронтот.

Компанијата тврди дека до 2025 година ќе достигне производствен капацитет до 10.000 беспилотни летала месечно, со планови за развој на понапредни модели.

Според документите добиени од Блумберг, Аеро-ХИТ од почетокот на 2023 година соработува со инженери од кинеската компанија „Аутел“ за локализација на производството на дронот Аутел EVO Max 4T во Русија. Основата на арсеналот на Аеро-ХИТ е дронот Велес, модел на FPV базиран на кинескиот Аутел EVO Max 4T, што првично беше дизајниран за цивилна употреба.

Неговиот отпор кон електронско војување го направи ефикасен на бојното поле. Цената на еден дрон е околу 650.000 руски рубли, што е приближно 7.105 евра.

Во јуни 2024 година, Министерството за финансии на САД воведе санкции врз Аеро-ХИТ откако неговите дронови беа употребени од руските сили во Херсон за напад врз украински цели. За да ги заобиколи санкциите, Русија користи посредници од други сектори како што се земјоделството, логистиката и угостителството, наведува Блумберг.

Иако Кина официјално тврди дека не испорачува оружје на ниту една страна во конфликтот, документите укажуваат на вмешаност на инженери од Харбинскиот институт за технологија (ХИТ), кинески универзитет тесно поврзан со кинеската војска и под санкции на САД.

Во 2024 година, рускиот претседател Владимир Путин го посети ХИТ за време на службеното патување во Кина, по што соработката помеѓу ХИТ, аеродромот во Хабаровск и компанијата Комакс, која управува со аеродромот, беше дополнително зајакната. Комакс е во сопственост на Константин Басјук, поранешен оперативец на КГБ и руски сенатор за окупираниот дел од Херсонскиот регион.

На крајот на 2023 година, фабриката во Хабаровск произведуваше помеѓу 200 и 300 дронови месечно, а во март 2024 година, руското Министерство за одбрана планираше да нарача 5.000 „ФПВ“ дронови од моделот „Велес“.

Во светлината на овие настани, украинскиот претседател Володимир Зеленски на 27 мај изјави дека Кина ја запрела продажбата на дронови на Киев и други европски земји, а сепак ги испорачува на Русија, што дополнително го комплицира конфликтот во регионот.

притисни ентер