Директорот на БЈБ Јанев на Европска регионална конференција во Атина - Канал 5

Директорот на БЈБ Јанев на Европска регионална конференција во Атина

Во рамки на Конференцијата ќе бидат промовирани и презентирани неколку суштински препораки за земјите членки на Интерпол.

Директорот на БЈБ Јанев на Европска регионална конференција во Атина

Директорот на Бирото за јавна безбедност при МВР, Александар Јанев од денеска (02.06) и во наредните два дена во Атина, Грција, ја предводи делегацијата на македонското МВР на 52-та Европска регионална конференција на ICPO-INTERPOL тематски посветена на - Користењето на експертизата, капацитетите и ресурсите на ИНТЕРПОЛ за борба против употребата на нови технологии кои го подобруваат обемот и ефикасноста на транснационалниот сајбер криминал

Во рамки на Конференцијата ќе бидат промовирани и презентирани неколку суштински препораки за земјите членки на Интерпол во борбата против употребата на нови технологии (на пр. вештачка интелигенција) како нови алатки во функционирањето на сајбер криминалот. Но и обезбедување експерти од областа на сајбер криминалот на GCEG на ИНТЕРПОЛ за олеснување на двонасочното споделување информации, за развојот на вештини и размена на експертиза, како и стратешки дискусии за критични теми поврзани со сајбер криминалот кои директно влијаат на капацитетот на земјите-членки за справување со сајбер криминалот, особено кога во тоа се инволвирани нови технологии.

Исто така една од битните препораки ќе биде развојот на прилагодени обуки и оперативна поддршка, како и активното учество и придонес во оперативните активности на ИНТЕРПОЛ за борба против сајбер криминалот, и тоа во области кои се идентификувани како посебни проблеми со сајбер криминалот, како што се „ransomware“, компромитирање на деловна е-пошта или онлајн измамите.

Во текот на првиот работен ден, на маргините на Конференцијата, директорот Јанев оствари билатерална средба со директорот на грчката полиција Димитриос Малос.

На средбата, меѓу другото беше разговарано за продлабочување на билатералната соработка во сите области, со акцент на борбата против организираниот криминал, а во насока на идентификување и сузбивање на криминалните групи кои делуваат во регионот. Исто така директорот Јанев ја истакна важноста од зајакнување на граничната соработка во насока на воспоставување на заеднички контакт центар, сузбивање на илегалната миграција и сите криминални активности кои се инфилтрираат преку оваа транзитна рута. Двајцата директори се заложија за интензивирање на заедничките средби и понатамошна дискусија на стратешко и оперативно ниво за поуспешен одговор на предизвиците со кои заедно се соочуваме.

Директорот Јанев нагласи дека македонската полиција е силен и доверлив партнер, којшто несомнено е рамо до рамо со сите европски партнери во ефективната борба против транснационалниот и сајбер криминал за чие што сузбивање е повеќе од неопходна цврстата меѓународна соработка и активното користење на сите ресурси на INTERPOL.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Центарот на градот е исполнет со навивачи, Скопје живее во фудбалски ритам

Скопје денеска живее во фудбалски ритам. 

Центарот на градот е исполнет со навивачи, Скопје живее во фудбалски ритам

Неколку часа пред дуелот Македонија – Шкотска, центарот на градот е исполнет со навивачи од двете репрезентации, со песна, добро расположение и позитивна атмосфера пред вечерашната пресметка.

Највпечатливи, како и секогаш, се гостите. Шкотите во препознатлив стил – со килтови, знамиња и песна – уште од претпладне ја загреваа атмосферата низ скопските улици.

Добро расположение и кај македонските навивачи. Со надеж дека домашниот терен ќе донесе пресврт, тие очекуваат Македонија да ја прекине лошата серија и да стигне до првиот позитивен резултат.

За македонската репрезентација ова е можност пред домашната публика да го поправи впечатокот по поразите од Швајцарија и Словенија.

Вечерва од 20 часот и 45 минути, атмосферата од скопските улици ќе се пресели на трибините на Националната арена „Тодор Проески“. Таму прогнозите ќе завршат, а ќе почне борбата за првата победа во групата.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Лишен од слобода велешанец, пронајдена дрога и пари, следува пријава

На 02.10.2026 во 18:00 часот во Велес, полициски службеници од Отсек за недозволена трговија со дрога при СВР Велес, го лишија од слобода Н.М.(42) од Велес. 

Лишен од слобода велешанец, пронајдена дрога и пари, следува пријава

Имено, тој бил забележан како на неколку места остава пакувања со бела грутчеста материја и при преглед на местата во негово присуство, биле пронајдени и одземени бела прашкаста материја, бела грутчеста материја, кафена грутчеста материја и дигитална вага, а при преглед кај Н.М. биле пронајдени и одземени пари.

Исто така, по издадена судска наредба од Основен суд Велес, бил извршен претрес во дом и помошни простории на Н.М., каде биле пронајдени и одземени пари. Тој бил задржан во полициска станица, известен е јавен обвинител и по документирање на настанот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Општина Кисела Вода и ЈП „Лајка“ го одбележаа Светскиот ден на животните со настанот „Не можат да зборуваат, но можат да сакаат“

Во пресрет на Светскиот ден на животните, во паркот „Македонија“ се одржа голема едукативно-забавна манифестација под мотото „Не можат да зборуваат, но можат да сакаат“, организирана од Општина Кисела Вода во соработка со ЈП „Лајка“.

Општина Кисела Вода и ЈП „Лајка“ го одбележаа Светскиот ден на животните со настанот „Не можат да зборуваат, но можат да сакаат“

Ова дружење привлече голем број граѓани со своите миленици, а главниот фокус беше ставен на подигнување на свеста за одговорното сопствеништво и хуманиот однос кон животните.

Присутните имаа можност да добијат корисни совети од професионалци за тоа што значи вдомување и долгорочна грижа за едно животно, со акцент на соодветната здравствена нега, исхрана и условите неопходни за нивниот среќен живот. Едукативниот дел резултираше и со конкретен интерес кај граѓаните за вдомување на бездомни кучиња од стационарот.

Во рамките на предвидените активности, свој уметнички придонес даде и истакнатиот сликар Живко Поповски - Цветин, кој инспириран од природата и животните сликаше пред присутните.

-Љубовта кон животните е огледало на нашата хуманост и совест како општество. Со ова дружење сакавме да испратиме порака дека милениците не се само момент на радост, туку долгорочна обврска која бара посветеност и време. Ме радува фактот што сè повеќе граѓани покажуваат интерес за одговорно сопствеништво и за вдомување наместо купување. Општина Кисела Вода и понатаму останува посветена на хуманиот третман на животните и на подигнување на јавната свест преку вакви едукативни собири-истакна градоначалничката Стаменкоска Трајкоска.

Општина Кисела Вода упатува огромна благодарност до сите учесници и поддржувачи кои несебично помогнаа во успешната реализација: ветеринарната станица „Вет Тим“, груминг салоните „Grooming Twins“, „Shepa grooming“ и „Мое милениче“, како и пет-шоповите „Аба“ и „Пет Експерт“.

Програмата продолжува и во вечерните часови. Со почеток од 19:00 часот, пред Домот на културата „Билјана Беличанец“ (кино “Киноверзум”), граѓаните и нивните миленици се поканети на бесплатна проекција на отворено на македонскиот документарен филм „Приказната за Силјан“, во соработка со Кино Балкан Дистрибуција

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер