МакедонијаДиректорот на Бирото за јавна безбедност Јанев, во Охрид го пречека генералниот секретар на Интерпол УркизаГенералниот секретар на Интерпол, Валдеси Уркиза, денеска (08.07.2026) пристигна во Охрид од каде ја започна официјалната посета на Република Македонија. На аеродромот „Св. Апостол Павле“ генералниот секретар Уркиза беше пречекан од директорот на Бирото за јавна безбедност Александар Јанев, каде двајцата одржаа и билатерална средба. На средбата се разговараше за активности насочени кон јакнење на оперативната соработка, размената на информации и унапредување на заедничките механизми за справување со современите безбедносни предизвици, како и за продлабочувањето на партнерството со Интерпол и за унапредувањето на меѓународната полициска соработка, како еден од клучните предуслови за ефикасна борба против прекуграничниот и организираниот криминал и за поголема безбедност на граѓаните. Во рамки на официјалната посета на Охрид, генералниот секретар на Интерпол придружуван од директорот на Бирото за јавна безбедност, ги посети дел од најзначајните културно-историски знаменитости на градот. За време на посетата беше запознаен со богатото културно наследство и историските вредности на Охрид, кој како природно и културно богатство е впишан на Листата на светско наследство на УНЕСКО. Посетата на знаменитостите претставуваше можност високиот гостин одблиску да се запознае со традицијата, културата и историското значење на Охрид, еден од најстарите и најпознати градови во регионот. Генералниот секретар на Интерпол Уркиза, заедно со директорот на Бирото за јавна безбедност Јанев ги посетија и мешаните македонско-српски полициски патроли, кои се ангажирани во Охрид во текот на летната туристичка сезона. При посетата, генералниот секретар беше запознаен со начинот на функционирање на мешаните патроли и нивната улога во обезбедувањето поголема сигурност за граѓаните и туристите. Беше истакнато дека ваквиот модел на меѓународна полициска соработка придонесува за унапредување на довербата меѓу полициските служби, поефикасна комуникација со странските посетители и повисоко ниво на безбедност во туристичките центри. Охрид, како дел од светското културно и природно наследство заштитено од УНЕСКО, беше симболичен почеток на оваа посета – затоа што безбедноста не значи само справување со заканите, туку и грижа за заштитата на вредностите, наследството и богатството што ги носиме низ генерациите. Посетата на Генералниот секретар на Интерпол продолжува утре во Скопје, со официјалниот дел од програмата, во рамки на кој се предвидени активности во Министерството за внатрешни работи, посета на Полициската академија, средби со највисокото државно раководство и разговори за натамошно унапредување на меѓународната полициска соработка.Тагови: БЈБ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
Шоу бизФото: Најзгодната мама повторно воодушеви во бикиниЕкс манекенката Роузи Хантингтон-Вајтли ужива во одморот со својот славен сопруг, холивудскиот актер Џејсон Стетам и децата.Познатото семејство летниот одмор го мининува на егозтичната Малта, каде што Роузи повторно позира во провокативно бикини. Убавата Роузи Хантингтон-Вајтли ја покажа својата извајана фигура во минијатурни бикини за време на луксузниот семеен одмор со Џејсон Стетам. 39 годишната манекенка моментално ужива на Малта со 20 години повозрасниот Џејсон и нивните две деца – деветгодишниот син Џек и четиригодишната ќерка Изабела. Парот веќе објави фотографии од одморот, но кога станува збор за Роузи, никогаш не е доволно. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЕвропаВо Франција пронајдени тела на пет бебиња Француските обвинители покренаа истрага за сомнително убиство откако во станот на еден пар во градот Оранж, во југоисточна Франција, беа пронајдени посмртните останки на пет новороденчиња, соопштија локалните правосудни органи.Остатоците од бебињата биле пронајдени во картонски кутии за време на претрес на станот во историскиот центар на градот, спроведен од 32-годишниот партнер на жената, откако тој – според обвинителството – дури во напредна фаза дознал дека таа повторно е бремена, пренесува „Франс 24“. Жената во неделата дома родила здраво дете, по што била пренесена во болница. По пристигнувањето во станот, нејзиниот партнер пронашол остатоци за кои се сомневал дека се човечки остатоци и ги известил болничките вработени, кои го пријавиле случајот во обвинителството. Според првите наоди на судскиот испитувач, остатоците најверојатно им припаѓаат на пет бебиња, а причината и околностите на нивната смрт ќе бидат утврдени со обдукции. Истражителите сè уште не разговарале со мајката, соопштија од обвинителството. Двојката има и две деца на возраст од осум и девет години.Тагови: Франција Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЗабаваШпанската пејачка ја откри вистината за нејзината врска со фудбалеротШпанската пејачка Ана Мена одлучи да проговори по бројните гласини што ја поврзуваат со сè попопуларниот фудбалер Феран Торес.Шпанската пејачка Ана Мена категорично демантираше дека е во врска со напаѓачот на Барселона, Феран Торес – освојувач на Светското првенство во 2026 година со шпанската репрезентација – и ги нарече таквите тврдења „глупости“ и „апсурдни“, откако беа видени заедно за време на прославата на светската титула. Пејачката веднаш реагираше на гласините што се појавија во медиумите деновиве, особено на оние што ја поврзуваат со фудбалерот на Барселона. „Ова е бесмислица, за име на Бога. Навистина е смешно“, им изјави таа на собраните новинари, пренесува Goal.com. Медиумите почнаа да ги поврзуваат Ана Мена и Феран Торес откако беа видени заедно на прослава на плоштадот Сибелес, организирана од Шпанската фудбалска федерација, а потоа и на приватна забава во еден од најпознатите ноќни клубови во Мадрид. Шпекулациите дополнително се разгореа кога пејачката се појави во дрес со бројот 7, кој Торес го носи во шпанската репрезентација. Кога ја прашале Анна зошто го носела токму тој дрес, Ана Мена кратко одговори: „Па, тоа е дресот што ми го дадоа, не знам.“Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПаѓа цената на нафтата на светските берзи: Барел Брент се стабилизира на околу 85 долари15:00Водата во Гостивар може да се користи само како техничка, не и за пиење и готвење08:48Водата во Гостивар може да се користи како техничка, но не и за пиење и готвење15:04Тошковски: Во Гостивар има техничка вода, но за пиење и подготвување на храна уште да се користи флаширана11:20Гостивар се очекува денеска да добие техничка вода 08:11
Тошковски: Во Гостивар има техничка вода, но за пиење и подготвување на храна уште да се користи флаширана11:20