3„Мис Бум-Бум“ вети дека, ако Аргентина го освои Светското првенство, ќе го истетовира Меси на посебно место!
Други спортовиДиректорот на АМС, Спасески ги прими каратистите од клубот „Шампион” Директорот на Агенцијата за млади и спорт Марјан Спасески денеска ги прими македонските каратисти од клубот „Шампион” од Крива Паланка, кои имаа успешен настап во натпреварувачката 2014 година и почетокот на 2015 година. Минатата година каратистите од „Шампион“ ја почнаа со учество на Меѓународниот турнир во Власотинце, Република Србија, каде освоиле пет златни, четири сребрени и седум бронзени медаљи. Успесите продолжија на Европскиот кадетски карате куп на Македонија, Меѓународниот карате турнир „Маваши Опен” во Скопје, како и на меѓународниот карате турнир „Пирин - куп” во Разлог, Република Бугарија. Годината ја заокружија со Балканското првенство за кадети, јуниори и јуниори до 21 година во декември Софија, соопштија од Агенцијата за млади и спорт. Каратистите од „Шампион”, наведуваат од Агенцијата, годинава на Меѓународниот карате турнир „Ипон куп”, кој се одржа во Лесковац, Србија, освоија четири златни, две сребрени и три бронзени медаљи. Потенцирана беше и поддршката на градоначалникот на општина Крива Паланка, Арсенчо Алексовски, кој присуствуваше на приемот во Агенцијата за млади и спорт. Спасески на најмладите надежи на каратето во Крива Паланка им го честиташе досегашниот успех и им посака уште многу спортски резултати. Ја искажа неговата сатисфакција за насоката во која се движи македонското карате, потенцирајќи дека Агенцијата за млади и спорт секогаш го поддржува спортот и позитивниот дух кај младите. /МИАКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПожар во близина на Пробиштип, густ чад на патот Штип- Пробиштип го отежнува сообраќајот12:34Презентација на воена опрема вредна над 40 милиони евра во касарната „Илинден“08:57Променливо облачно со сончеви периоди, попладне нестабилно08:30МВР најави кривични пријави за малолетничките и родителите за бруталното насилство во Аеродром15:00 По силното невреме: УХМР најавува пороен дожд, грмежи, ветер и град08:37
МакедонијаБожиновска и Ризваноли: Посилно енергетско партнерство за посигурен регионПосилно енергетско партнерство за посигурен регион – „Колку повеќе сме поврзани како соседи, толку сме посигурни како држави“.Во рамки на Неформалниот министерски совет на Енергетската заедница во Приштина, министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска оствари билатерална средба со министерката за економија на Косово Артане Ризваноли, на која беше потврдена заедничката определба за продлабочување на енергетската соработка меѓу двете земји. Во фокусот на разговорите беа регионалното енергетско поврзување, сигурноста во снабдувањето, диверзификацијата на енергетските извори и забрзаната интеграција на регионот во единствениот европски енергетски пазар. Министерката Божиновска истакна дека денешните предизвици бараат партнерства што ги надминуваат националните граници и дека Западен Балкан мора да настапува како поврзан и отпорен енергетски простор. „Енергетската безбедност денес не се гради поединечно, туку заеднички. Колку повеќе сме поврзани како соседи, толку сме посигурни како држави. Македонија останува силно посветена на регионалната соработка, затоа што само преку заеднички инфраструктурни проекти, интегрирани пазари и координирани политики можеме да обезбедиме стабилно, сигурно и достапно снабдување со енергија за нашите граѓани и стопанството“, истакна Божиновска. На средбата беше оценето дека регионалната инфраструктурна поврзаност и развојот на нови енергетски коридори претставуваат клучен предуслов за поголема енергетска независност, подобра отпорност на идни кризи и привлекување нови инвестиции во регионот. Двете министерки ја потврдија подготвеноста за интензивирање на институционалната соработка и за координиран пристап во реализацијата на заедничките енергетски приоритети, во согласност со европските политики и целите на Енергетската заедница. Божиновска нагласи дека Македонија останува активен и кредибилен партнер во сите регионални иницијативи што придонесуваат за поголема енергетска сигурност, забрзана зелена транзиција и побрза интеграција на Западен Балкан во европскиот енергетски систем.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПожар во близина на Пробиштип, густ чад на патот Штип- Пробиштип го отежнува сообраќајот12:34Презентација на воена опрема вредна над 40 милиони евра во касарната „Илинден“08:57Променливо облачно со сончеви периоди, попладне нестабилно08:30МВР најави кривични пријави за малолетничките и родителите за бруталното насилство во Аеродром15:00 По силното невреме: УХМР најавува пороен дожд, грмежи, ветер и град08:37
МакедонијаМО: Презентација на опремата набавена преку Европскиот мировен фондПрезентација на опремата набавена преку Европскиот мировен фонд, Мисајловски порача дека таа покажува колку е значајна поддршката од ЕУ за зајакнување на капацитетите на АрмијатаДенеска (3 јули) во касарната „Илинден“ во Скопје, во присуство на претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, министерот за одбрана Владо Мисајловски, началникот на Генералштабот, генерал-мајор Сашко Лафчиски и амбасадорот на Европската Унија, Михалис Рокас, беше реализирана методско показна вежба и беше извршен приказ на тактичко-техничките средства и опрема, набавени преку Европскиот мировен фонд. На настанот премиерот Мицкоски порача дека приоритет на Владата е да продолжи да инвестира во македонска Армија, со цел таа да остане конкурентна. Тој се заблагодари на Европската Унија затоа што во македонската Армија препозна квалитет, како и на амбасадорот Рокас, за неговата лична посветеност во реализација на процесите за набавка и испорака на опремата. „Ми останува само да се заблагодарам на амбасадорот за неговата лична посветеност, на Европската унија, што еве донира и препознава во македонската Армија квалитет, посветеност како армија којашто е составен дел на НАТО алијансата. Исто така би сакал да се заблагодарам на мојот колега од Владата, министерот за одбрана, на заменикот, на луѓето од Министерството за посветената работа. Се разбира сакам да ја искористам оваа прилика да ја истакнам работата на началникот на Генералштабот и да се заблагодарам на неговата неуморна работа и посветеност за да може нашата Армија да изгледа вака како што изгледа, да биде конкурентна, да биде подготвена“, рече Мицкоски и истовремено се заблагодари на сите припадници на македонската Армија. Министерот Мисајловски ја истакна исклучителната соработка со Европската Унија и Делегацијата на ЕУ во нашава земја кои придонесоа оваа набавка да стане реалност за македонската Армија, што е од особена важност за јакнење на одбранбените капацитети. „Зад мене може да го видите првиот пакет на опрема што стигна [за што] работиме постојано. Се надевам дека во наредниот период ќе најавиме дополнителни пакети каде што ќе опфатат дополнителна опрема“, рече министерот. Министерот појасни дека станува збор за целосен грант – директни средства од Европската Унија и додаде дека тоа е резултат на нашата Заедничка европска безбедносна политика, нашиот однос, учеството во операциите на ЕУ и постојаната комуникација. Амбасадорот на Европската Унија во државава, Михалис Рокас истакна дека безбедноста е суштински дел од европското партнерство, особено имајќи предвид дека во 2024 година потпишавме партнерство за безбедност и одбрана. „Ги гледаме резултатите и гледаме како ова партнерство не само што со себе носи нова опрема, туку вклучува и обука. Гледаме извонредни симулирани вежби од страна на силите“, подвлече тој. Со поддршка на Европскиот мировен фонд набавена е опрема во вредност од над 40 милиони евра, сегментирана во три пакети од кои опремата од првиот пакет и дел од опремата од вториот пакет се пристигнати во земјава. Станува збор за опрема од различен вид – радари, термални камери, транспортни возила, симулатори, 3Д радар и преносни сензори, додека во рамките на третиот пакет ќе пристигне опрема за логистика и комуникациски и пешадиски единици.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЕвропаСАД со предупредување до Полска, Русија планира да изврши притисок врз НАТО со напад врз ПолскаМосква планира да изврши притисок врз НАТО со напад врз Полска, тврдат извори блиски до Навроцки.САД ја предупредија Варшава дека Русија планира вооружена „провокација“ против Полска за да ја тестира решителноста на НАТО. Евентуален напад би можел да вклучува ракетни или беспилотни напади врз клучната полска инфраструктура, па дури и премин на руски војници преку границата на територијата на алијансата, пишува „Индипендент“. Извори блиски до полскиот претседател Карол Навроцки изјавија за полскиот медиум „Онет“ дека целта на евентуалниот напад во Москва, кој би можел да се случи за неколку месеци, би била да се создадат тензии и да се изврши притисок врз западните сојузници да ја сопрат воената и финансиската помош за Украина. „САД систематски ја информираат Полска за новите руски планови за конвенционален напад врз источниот крило на НАТО, а Полска во никој случај не е исклучена“, изјави извор близок до полскиот претседател.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook