Директорот Гоце Димовски во посета на компанијата Гересхајмер во ТИРЗ Скопје 2 - Канал 5

Директорот Гоце Димовски во посета на компанијата Гересхајмер во ТИРЗ Скопје 2

Директорот Гоце Димовски денес ја посети Гересхајмер во ТИРЗ Скопје 2, каде оствари средба со менаџментот на компанијата, по што следеше и обиколка на производствените капацитети. 

Директорот Гоце Димовски во посета на компанијата Гересхајмер во ТИРЗ Скопје 2

На средбата се разговараше за тековните активности на компанијата, нејзините развојни планови и можностите за натамошно унапредување на соработката со Дирекцијата за ТИРЗ.

Директорот Димовски посочи дека компаниите како Гересхајмер имаат значајна улога при позиционирањето на Македонија како атрактивна дестинација за странските директни инвестиции. Тој додаде дека ваквата континуирана комуникација и партнерски однос меѓу Дирекцијата за ТИРЗ и сите инвеститори е со цел навремено адресирање на нивните потреби и создавање услови за одржлив раст и понатамошен развој.

Менаџментот на компанијата ги презентираше досегашните активности и резултати, при што беше истакнато задоволство од досегашната соработка со Дирекцијата. Тие ја истакнаа важноста на институционалната поддршка и предвидливата деловна средина што ја нуди ТИРЗ, оценувајќи ја како еден од клучните предуслови за одржување на ефикасноста.

Инаку, на почетокот на годинава, Гересхајмер започна со производство на медицинско стакло во својот втор производен капацитет. Дирекцијата за ТИРЗ и натаму продолжува активно да работи на унапредување на деловната клима, со цел привлекување на нови странски диреДиректорот Гоце Димовски во посета на компанијата Гересхајмер во ТИРЗ Скопје 2ктни инвестиции, како и поттикнување на постоечките инвеститори за проширување на своите проекти.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Велковски: Ќе се отворат шалтери и за оние кои примаат социјална помош преку Алта банка

Министерот за социјална политика Ѓоко Велковски најави дека шалтери ќе бидат отворени и во Скопје и Струмица.

Велковски: Ќе се отворат шалтери и за оние кои примаат социјална помош преку Алта банка

Министерот за социјална политика Ѓоко Велковски најави дека шалтери ќе бидат отворени и во Скопје и Струмица, а приоритет освен пензионерите ќе имаат и лицата кои примаат социјална помош преку Алта банка.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Хакери повторно напаѓаат фрижидери – овојпат во Грција

Месарница во атинската населба Кифисија била цел на сајбер-напад, при што напаѓачите далечински ја презеле контролата врз системот за ладење.

Хакери повторно напаѓаат фрижидери – овојпат во Грција

Според извештаите на грчките медиуми, тие ја поставиле температурата во фрижидерите на 150 степени Целзиусови.

Сопственикот на месарницата, Јоргос Бумпас, изјави дека вработените го забележале проблемот рано наутро, при доаѓањето на работа. Првично, тие се посомневале во дефект на опремата и повикале сервисер. Сепак, по извршената проверка, сервисерот утврдил дека всушност станува збор за сајбер-напад. Сопственикот подоцна појасни дека фрижидерите всушност не достигнале 150 степени. Таа вредност била само поставена во системот, додека реалната температура се искачила на околу 17 степени, пренесува грчкиот информативен портал „Зугла“.

Преземена контрола врз системот

„Тие ги поставија фрижидерите на 150 степени Целзиусови. Не можевме да интервенираме рачно бидејќи немавме пристап до системот“, рече Бумпас. Тој додаде дека на сервисерот му биле потребни околу два часа за повторно да воспостави контрола.

Според сопственикот, сервисерот го информирал дека слични инциденти биле забележани и кај два други деловни објекти во околината. Бумпас напомена дека погодените објекти – вклучително и неговата месарница – ја користеле истата надворешна компанија за одржување и безбедност на нивните системи за ладење.

Тој посочи дека постарите уреди за ладење, кои користат конвенционални мотори, не биле погодени од нападот. Цел биле исклучиво поновите модели опремени со можност за поврзување на безжична мрежа. По инцидентот, месарницата ја исклучила својата Wi-Fi врска, а сервисерот добил задача да пронајде трајно решение за обезбедување на системот.

Слични напади веќе погодија продавници ширум Европа

Ова не е прв ваков случај. Во октомври, хакери презедоа контрола врз системите за ладење во стотици француски супермаркети, што доведе до расипување на големи количини храна. На почетокот на ноември, слични инциденти беа пријавени во Белгија, Луксембург, Шведска, Ирска, Холандија, Естонија и Финска. Во некои продавници, температурата била поставена дури на 50 степени. Современите системи за ладење често се поврзани со интернет, што овозможува нивно одржување и управување од далечина. Доколку хакерите ги искористат безбедносните пропусти, тие можат да ги променат поставките на уредите или да активираат функција за принудно одмрзнување, поради што уредите за ладење престануваат соодветно да ладат.

Во Франција беа откриени пропусти во софтверот што се користи за управување со опремата за ладење, при што некои од погодените уреди користеле застарени верзии на програмата. Сè уште не е познато дали нападот врз месарницата во Атина е поврзан со претходните инциденти.

Извор: Индекс.хр

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Утре променливо облачно време со сончеви периоди и температура до 15 степени

Утре времето ќе биде променливо облачно со повремени сончеви периоди, информираат од УХМР. 

Утре променливо облачно време со сончеви периоди и температура до 15 степени

МАКСИМАЛНА ТЕМПЕРАТУРА

2 Попова Шапка, 4 Маврови Анови, 6 Крушево, 8 Крива Паланка, 10 Прилеп, Битола, Претор, Тетово, Зајчев Рид, Велес, Скопје Петровец, Охрид, 11 Кавадарци, Демир Капија, Штип, 12 Виница, Берово, 15 Струмица, 16 Гевгелија.

КОЛИЧИНА НА ВРНЕЖИ за изминатите 9 часа во (l/m2)

19 Ѓуриште, 12 Кавадарци, 9 Виница, Попова Шапка, Велес, 8 Битола, Крива Паланка, 7 Струмица, Берово, 6 Маврови Анови, Претор, Демир Капија, 5 Зајчев Рид, Штип, 4 Крушево, Тетово, Прилеп, Гевгелија, 3 Лазарополе, 2 Скопје Петровец, Охрид.

ВРЕМЕТО ДЕНЕСКА И ДО КРАЈОТ НА ДЕНОТ

Времето денес беше облачно наместа со повремени локални врнежи од дожд. Дуваше слаб до умерен ветер од северен правец. До крајот на денот ќе има повремени локални врнежи од дожд кои во текот на ноќта ќе престанат.

ВРЕМЕТО УТРЕ

Променливо облачно со повремени сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен, а наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 4 до 11, а максималната ќе достигне од 9 до 15 степени.

Во Скопје, претежно облачно. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 7, а максималната ќе достигне до 11 степени.

ВРЕМЕТО ВО НАРЕДНИТЕ ДЕНОВИ

Од утре времето ќе биде стабилно и суво со променлива облачност во текот на денот. Во четврток, петок и сабота ќе има услови за појава на утринска магла. Од петок облачноста ќе се намали. Во деновите од викендот се очекуваат постудени утра со минимална температура која наместа ќе се спушти под нула степени.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер