Директорка во средно во Делчево со фалсификат за англиски набавен во Бугарија дошла на раководното место - Канал 5

Директорка во средно во Делчево со фалсификат за англиски набавен во Бугарија дошла на раководното место

Директорка во средно во Делчево со фалсификат за англиски набавен во бугарија дошла на раководното место на учлиштето.

Директорка во средно во Делчево со фалсификат за англиски набавен во Бугарија дошла на раководното место

СВР Штип - ОВР Делчево, до Основното јавно обвинителство Делчево, поднесе кривична пријава против 53 годишната директорка од Делчево поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „фалсификување исправа“ по член 378 од Кривичниот законик.

Пријавената, на 01.јуни 2023година набавила фалсификуван тест за познавање на англиски јазик од Бугарија и на 29 јуни истата година го доставила во прилог на документите по јавниот оглас за избор на директор на Средното училиште „Методи Митевски Брицо“ во Делчево.

Врз основа на приложените документи, комисијата констатирала дека директорката ги исполнува условите предвидени во јавниот оглас, а по изготвениот записник бил доставен предлог до градоначалникот на Општина Делчево таа да биде избрана за директор. Врз основа на доставениот предлог градоначалникот на Општина Делчево изготвил решение со кое пријавената била избрана за директор на училиштето.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Јанчев: Напредуваат градежните активности на Био Пазарот

Градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев на својот Фејсбук објави дека напредуваат градежните активности на Био Пазарот.

Јанчев: Напредуваат градежните активности на Био Пазарот

Изградбата на овој Био Пазар ќе обезбеди современ, уреден и сертифициран простор каде локалните земјоделци, органски производители и мали семејни бизниси ќе можат директно да ги продаваат своите производи, без посредници – по фер цени, со зголемена доверба од потрошувачите. Со овој капитален проект инвестираме во три столба – здравјето на граѓаните, економската моќ на нашите производители и одржливата иднина на Кавадарци.

[✔️] Инвестиција на Општина Кавадарци во вредност од 26.500.000 ден плус ДДВ, стои во објавата на Јанчев.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Во текот на јули подигнати и транспортирани 15 735 тони комунален отпад

Во текот на месецот јули, екипите на ЈП Комунална хигиена-Скопје подигнаа и транспортираа 15 735 тони мешан комунален отпад од домаќинствата на територијата на градот Скопје.

Во текот на јули подигнати и транспортирани 15 735 тони комунален отпад

Отстранети се и 2360 кубни метри непрописно одложен кабаст и градежен отпад, како и органски отпад паднат на јавните и сообраќајните површини во сите скопски општини како резултат од невремето што на 21 јули го зафати градот Скопје. Најголемо количество отпад од јавни и сообраќајни површини - 255 кубни метри, се подигнати во општината Кисела Вода.

Во истиот период, Еко-патролата на ЈП Комунална хигиена-Скопје врачила 11 едукативно-информативни записници на приватни лица и претставници на стопански субјекти коишто биле затекнати при прекршување на Законот за јавна чистота.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Лука Дончиќ: Се опоравив и повторно сум 100 отсто здрав

Еден од најдобрите светски кошаркари, Словенецот, Лука Дончиќ упати охрабрувачка порака до навивачите на ЛА. Лејкерс. 

Лука Дончиќ:  Се опоравив и повторно сум 100 отсто здрав

Лос Анџелес Лејкерс влегуваат во нова ера почнувајќи од 2026 година, бидејќи повеќе не можат да сметаат на Леброн Џејмс. Тоа значи дека Лука Дончиќ сега официјално е клучниот играч и целата франшиза зависи од неговиот учинок – голема чест за словенечкиот ас.

Кога уживате во таква доверба и почит, притисокот е огромен бидејќи навивачите имаат високи очекувања; пред почетокот на новата сезона, тие добија охрабрувачка порака од својот херој.

„Направив пауза од кошарката неколку недели по завршувањето на сезоната за да му дозволам на телото да се опорави. Се опоравив и повторно сум 100 отсто здрав. Оддалечувањето од кошарката е нешто што сакам да го правам секое лето кога сезоната не е во полн ек. Уживам да правам различни работи и тоа ми одговара. Кога ќе си дозволам да почувствувам недостиг од кошарката и да пробам нови работи, се враќам уште погладен за игра и помотивиран“, изјави Лука Дончиќ.

Според словенечките медиуми, Лука Дончиќ ќе биде домаќин на Лос Анџелес Лејкерс во својата татковина, каде што тимот ќе одржи четиридневен тренинг-камп.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер